28 не спаѓа во EU броевите и не може според тој број баш да се одреди, така да најдобро земи метро, измери обем (и тоа е објаснето преку слики) и според сантиметрите од табелата ќе видиш. Конфекцискиот број е веќе поточна мерка, ако знам дека вообичаено носам 38 EU, тогаш тоа е 10 UK. Ама како и да е мерките си кажуваат најјасно, може некој отстапува, може на некој за панталони да му одговара 10UK, за блузи 8UK...
Marmalade кога станува збор за фустани секогаш земам 1 број поголеми само заради висината зошто тие што ми одговараат во ширина обично ми се прекратки. Конкретно згрешив со овој: Спојлер ма да јас го нарачав истиот од друго место, ама сепак Асос е Величина 10 (носам 12 или евентуално 14) и во ширина ми стои супер ама е толку краток што и без да се наведнам гаќите ми се гледаат. Тогаш го земав зошто беше најголем ама ете го ми седи дома неотпакуван и со етикета зошто не можам да го носам. Така да премери се убаво, види што матерјал и крој е фустанот и дали е растеглив па одлучи кој ќе го земеш. Со поголем ако имаш кој да ти го стесни нема утка, но ако е помал тогаш ќе мора да го враќаш или да си го чуваш како мене за некогаш некако да го преправиш. Тоа е ризикот кога купуваш онлајн, никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен дека нештото ќе ти се погоди.
Ти благодарам за одговорот.Навистина сум во недоумница,од манго кај нас земав фустан xl,истиот во асос баш го најдов е 14,по мерките сум кнап 16,поголем е 18.Најарно изгледа поголем,па што викаш памет за друг пат,а и на кројач може да се собере.За твојот фустан пробај некако да одиш на кројач да ти додаде некое парче па да изгледа како да е од самиот фустан,ако најдеш материјал иста боја....поздрав
Дали на некој му се има случено да не му ја прифатат порачката ?? Незнам колку пати пробав едно исто и не ми ја прифаќа , му пишав на тие во Асос ми рекоја да ја проверам картицата, ја проверив бев во банката се е во ред ми рекоја. Незнам што да правам , помош некој да не знај??
Ivy18 што картичка имаш? Обично порачките се неуспешни ако немаш доволно пари или со картичката не можеш да купуваш на интернет ко на пример Маестро на Тутунска Банка. Со оваа сум купувала од други места, дури и авионски карти од нет ама Асос не знам зошто не ја прифаќа.
Од Шпаркасе имам Виза Електрон, втора порачка ми е ова првата беше успешна. Ставив пари доволно, во банката кога бев ми рекоја дека има не наплатена трансакција, а на страната на асос кај порачките пишува order unsuccessful, и од асос ми пишаја дека не се прифатени порачките.
Не знам како функционираат Виза Електрон картичките на Шпаркасе ама ако велиш дека веќе еднаш си порачала тогаш значи не е до неа. Мене еднаш ми случи неуспешна порачка кога самошто префрлив пари тргнав да платам, но сеуште не беа легнати на сметка и автоматски ми стигна меил дека ми е одбиена трансакцијата, а порачката отиде во order unsuccessful. Се јавив во банка, ми рекоа да почекам пола саат, пробав пак и ми успеа. Ти проба повторно после некое време? Вчера? Денес? Ако не ти успеало и од втор пат тогаш стварно не знам што може да е проблемот.
Да пробав, ќе појдам сега во банка да видам што стана со ненаплатената трансакција и ќе пробам уште еднаш. Фала за помошта
Можеби некој претходно прашал, пробав во search и ништо не излезе. Delivery адресата и billing адресата мора да се исти? На картичката со која ќе плаќам стои мојата улица меѓутоа треба да стигне на друго место, не кај мене. Ако не мора, како да го средам тоа? Ја пребарав стратана, ми се смачи.
Billing address ти е адресата која што живееш ти т.е. местото на живеалиште каде што си ја заведил во банка, a delivery address ти е адресата каде што сакаш да го пуштиш... Може на истата адреса како billing или некоја друга, кај пријател/ка.
Знам што е delivery, а што billing адреса. Прашањето ми беше дали може различни адреси да вметнам и како да го направам тоа.
Да може, јас имам различни billing од delivery адреса. За да додадеш нова адреса ќе одиш во My Account / + ADD NEW ADDRESS ќе ја внесеш втората и после ќе си одбереш која сакаш да ти биде Default billing address и Default delivery address.
^ Thank you, thank you, thank you. Уште едно дебилно прашање, улица Пржино би се водела како ul. Przino така? Не треба ul. Przhino со zh.
Јас Мирче си го пишувам Мirce и до сеа 20 пратки и поише може ми стигнале Мислам дека Prizono е океј да напишеш
Ја собрав картичкава од банка и пробувам да нарачам па ми вели: The following errors have occurred: the card number is invalid Ова е дека ми е тазе па нешто треба да се активира? Тој во банка ми кажа нешто со 3 саат кога ја зимав, ама многу брзо збореше и тивко, па не го сфатив што кажа и само уфрлив пари на сметка.
Најверојатно не ти е активна. Оди до некој банкомат, внеси го пинот за да ја активираш и после ќе можеш да купуваш.
Aман веќе! Ќе зачувам нешто и после 2 дена ми го нема, а пишува дека е зачувано за наредните 60 дена. Или треба да ги ставам во корпа, така нема да ми ги снемува