Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Зачуваните работи не се резервирани само за тебе, тоа е само за да си ги тргнеш на страна како одбрани и во листата стојат 60 дена. Инаку може било кој да ги види и нормално да ги купи додека има залиха, а во корпа ако ги ставиш до 1 час стојат резервирани и потоа пак си се враќаат.
     
  2. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    и да ги снема,пак се појавуваат за неколку дена,само упорно проверувај!Јас сите што ги зачував ги следам упорно и ги начекав повторно,верувај ги врачаат и по неколку пати и пишува low in stock.Trust me ;)
     
  3. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    МНОГУ БИТНО! дали може да се купува на АСОС со картичка од СТОПАНСКА БАНКА за онлајн купување??? :)
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Mоже ,јас купувам со Виза интернет од Стопанска банка.
     
    На RainDrop му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    Фала Cosmi. Веќе имам дебитна од стопанска, уште утре ќе одам да извадам Виза Интернет.
     
  6. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Има некој нарачувано во периодот од 1ви до 10ти февруари? Нарачав две фустанчиња и уште ми немаат стигнатo, бев и до пошта, па тој поштарот уште толку ме остави безнадежна. Ми вика "Аа не знам што се глупирате со тие асос масос, кога ќе стигнат се фрла се тоа |( ". Им пишав на асос, ми рекоа дека нарачката се води ко загубена, дали сакам да ми пратат нова или да ми ги вратат парите, ама се мислам дали да почекам уште малку. :?:
     
  7. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Сега проверив во нарачките, во тој период од 10 дена имам направено две нарачки, двете ми стигнаа во нормален рок (ден - два да беше подоцна) ... мој совет ти е да си побараш нова пратка или пак парите назад, не би чекала јас штом и они ти нудат да ти надокнадат.
     
    На Ket.Rin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    А во која пошта тоа се осмелуваат да фрлаат пратки и кај завршуваат кога ќе ги фрлат? Па уште и не им е срам да си го кажат тоа? :^)
    Знам дека поштата кај нас е за никаде, па ништо не ме чуди ама почнале и директно да си кажуваат дека се лопови. :fubar:
     
  9. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970

    Е ајде де, што нема да чуеш кај нас. Во главната пошта во Скопје кај Железничка инаку. Му викам како смеете така, кој ги фрла? Ми вика не знам, у стил не се замараат многу со пратки кои не се препорачани.
     
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Кога ќе ви стигне пратка поштарот ви ја доставува до дома или примате каритичка дека има стигнато пратка за вас, па со истата сами си ја подигате од пошта?
     
  11. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    се прима картичка дека има пратка за тебе и со неа си ја подигнуваш пратката
     
  12. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    После една недела темелно читање на вашите постови за иксуството со Асос се решив и јас да ви се приклучам :D
    Денеска бев да извадам интернет картичка од Стопанска банка и се надевам за една недела ќе биде готова и ќе можам да си ја направам првата нарачка(ако не ми се потрошат работите што ми се зачувани во корпа) :^)
    Најдов толку прекрасни и оригинални работи што тука кај нас дефинитивно ги нема или и ако ги има се оган и пламен.
    Ќе ве известам кога ќе ја направам првата нарачка и ќе ви го кажам моето прво искуство со Асос :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Девојќи дали може некој да ми каже како се бараат кодови за попуст, сакам да направам порачка и баш добро би ми дошло попуст :)
     
  14. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Промо код: wow25 за 25%

    Може да се искористи само еднаш, не знам дали може да помине на тие што се симнати 70%, но мене ми помина на производ што беше симнат 40%
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Благодарамммм!Само кажи ми до кога може да се искористи кодот?
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ако е ова студентскиот трае до Петок.
    Инаку не поминува сигурно на тие што се 70% намалени, пробав, ама на 50 посто еден фустан намален ми помина.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Ај ќе пробам и ќе пишам.А имам уште едно прашање, кога се царини се пресметува по таа цена што е оригинална кога ја правиш нарачката или со таа што е на попуст(откако ќе го внесеш кодот)?
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Абе зависи, по логика би требало да биде со цената со попуст, ама некогаш на кутијата стои цената без попустот.
    Ама гледај да нарачаш нешто до 30 фунти да ти биде без царина.
    Зашто така многу пари искачаат и многу ќе ти искочи парчето, ќе го претплатиш.
    ако не ти е итно, чекај имаат доста солидни попусти на лето и на зима.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Појма немам до кога е, инаку не е студентскиот бидејки тој е само за студенти од некои одредени земји (не памтам кои, ама ние не сме во нив)
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Не е студентскиот можеби, ама исто како него трае, од Петок, 9 саат сабајле. На малиот го пишува доле со ситни букви.
    Инаку алекче обавезно направи си subscribe да ти стигаат на маил попусти, кодови итн!
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.