Да ви се пофалам прва нарачка напраена од асос,стигна точно во предвиден рок(на последниот ден даен од асос-до 15 или на 15 пишеше и на 15 стигна).Ми стигна картичка за подигвење од пошта,немаше ништо плус за плаќање,фустанчето поубо и од на сликата,бројот таман.Значит првото искуство супер,единствено замерка шо на пошта не ми побараа лична карта,значит кој сакат да го земит картончено мојт да си го подигнит слободно.
Вчера за првпат направив порачка, и ми вратија дека до 9 април треба да ми стигни. Е сега отворив да проверам статусот и уште пиши order processing, то значи дека не е пратена или ?
Јас пред два дена направив порачка со код од 10%, го видов од хрватиците(незнам дали уште трае, пробај)па ако ти врши попуст послужи се а за тоа дека не стигаат на маил незнам, пред два дена направив subscribe на страната и до сега и мене ме известуваат само за промоции и намалувања APRBDAY2013
Аман веќе, значи по вторпат ми се случува да зачувам преубави работи и после неколку дена да ми ги снема Што да правам, освен пак да ги барам? Да ги враќа после неколку дена како што велите не ги враќа! Друго нешто... ќе ве замолам тие што користите картичка за интернет купување од Стопанска да ми објасните како функционира тој фамозен e - банкинг ме мрзи да го ставам тоа ЦД во компјутер и да го размозгам што и како треба да направам Значи имам се направено од Стопанска банка ми дадоа и картичка и пин и ЦД.
rainlover кога ќе направиш save for later на нешто, тоа оди во твојата листа на saved items и таму ќе стои 60 дена (пред да изминат може да го обновиш рокот). Тука може да го следиш намалувањето или зголемувањето на цената на парчињата облека што си ги зачувала, а можеш и да видиш кога залихата на нешто одбрано е веќе при крај и пишува Low in stock. Кога ќе се потроши се појавува пораката Color/Size out of Stock, но тоа сеуште ќе стои во твоите saved items. Кога некој сака да купи нешто во кошничка може да му стои резервирано еден час. Доколку не го плати, тоа се враќа повторно назад во продажба. Исто така има некое дозволено време за откажување на нарачка и облеката исто така ќе се врати. Така ако некој стави во кошничка нешто што е последно и не го плати во предвидениот рок или ако се предомисли и ја откаже нарачката, повторно ќе биде вратено (ќе се смени од Out of Stock во Low in Stock). Може и нешто да се продаде, па после извесен период да се врати... Почесто погледнувај во Saved items и може ќе имаш среќа да начекаш нешто вратено .
Ај да ви се пофалам и јас првпат порачвав, и денес ми стигна, а ми ја пуштија на 27ми, јас ја очекував од Понеделник ама порано ми стигна, бидејќи се работи за помал пакет, обетка, поштарот дома ми го донесе пакетот.
Девојки, да ви го раcкажам и моето прво иcкуcтво cо Аcоc. Охрабрена од вашите иcкуcтва (и од преубавите работи на нивниот cајт) решив да cи порачам фуcтанче... Цена 25 фунти намалено од 42. Нарачката направена на 07.03 пратено на 08.03 требаше да cтигне до 20.03, а cтигна денеc 05.04 Кога не ми cтигна на предвидениот датум им пишав mail кој ми одговоија во рок од 1h, во кој ме замолија да почекам уште 11 дена, и ако до 04.04 не ми cтигне повторно да ги контактирам. И баш денеc cакав да им пишам, кога ѕвони поштарот (cреќа што cум втора cмена на работа) и ми го донеcе фуcтанчето Е cега за фуcтанчето, големина UK 8 значи конфекциcки број 36 ,моја препорака е поcебно за вакви фуcтанчиња кои cе модел како моето, не уз тело туку широчки да одите cо еден број помало од вашиот конфекциcки број. Имам некои работи од Marks&spencer и cум приметила дека британcките броеви cе нешто поголеми од оcтанатите(пр зара, манго итн. кои имаат помало калапче) меѓутоа нели, не пробано нарачано по нет па cи реков подобро нека е поголемо... Јаc наредното фуcтанче ќе го нарачам UK 6 а не cум баш cлаба, имам 64kg а виcока cум 1.55 so you've got the picture Оcвен ако не нарачувам некое cкроз теcно од крут материјал (без елаcтин ) тогаш пак би одела cо поголем број. Должината му е како што пишува на cајтот side neck to hem 87cm - од рамо до раб 87cm, го измерив точно е...Јаc и онака cите работи ги кратам, меѓутоа за повиcоките девојки, прочитајте ја должината на cајтот и поcле измерете некое фуcтанче што веќе го имате дома па така ќе добиете некоја cлика за должината... На виcината на манекенката па cпоредба cо cопcтвената виcина не би cе оcлонувала зошто миcлам дека тие параметри не cе точни. Во одноc на бојата малку е потемно во одноc на cликата, таму ми делуваше прљаво бело, а уcтвари е некоја пудра боја, и cватив дека работиве пошто cе cликани под јаки рефлектори cветлите работи делуваат побледо, а шарените подречаво (за шарениве видов некои рецензии на руcки форум) Материјалот е иcт ко на cликата, онаа cликичка кај што има cамо парче материјал, кога ќе cе зумира дава веродоcтојна cлика за изгледот на материјалот. Тоа е тоа, поcтов е малку подолг но cе надевам дека на некој ќе му биде од помош
Ми треба помош! Нарачав денес ама ми стигна е маил дека не е одобрена нарачката да пробам пак, и пробав пак ама сега ми стигна пак одбиено. незнам што може да е проблемот. незнам дали ке ми одбијат пари или не и паника ме фаќа! кај вас ви успева со дебитна од стопанска?
Не се секирај со дебитна од Стопанска не успева и не ти повлекле пари. Извади си интернет картичка и со нејзе ќе можеш да плаќаш.
Во тек на изработка ми е таа од тутунска и како што разбрав со таа може да се купува. Се надевам нека да помине попустот додека да ми ја дадат
Алелуја и јас да напишам мислење тука. Пред добри 2 месеца организирав giveaway кај мене на блог. Требаше уште некој ден да стигне пратката, да речеме 4-5 дена и си реков не објавувај пред да го имаш во раце подарокот, јас како за инает објавив и секако пратката не стигна. Ги исконтактирав од ASOS и ми се најдоа од помош, односно ми одговорија дека е загубена, да почекам уште 10 дена ми рекоа - така нешто. Во прилог ми оставија и код за дополнителен попуст како извинување што не успеале да ја достават нарачката. Не дојде пак, ги исконтактирав пак и ми ги вратија парите затоа што работите кои ги нарачав повеќе не беа достапни во таа големина. Во меѓувреме ја изнамалтретирав senza.parole со пораки што ми вратиле и како ми вратиле. Хепи ендинг: СТИГНАА и молете се со тоа што објавувам дека се стигнати да не значи како и претходно. Погрешка пратка да ми пратиле овојпат. Утре одам да ги земам, од senza очекувам модна комбинација и од мене добива најголемо извинување за непрофесионалноста, ако може така да се каже. Навистина беа нарачани, се извинувам што ти срушив планови за комбинирање.
Мене ми стигна порано од предвиденото и многу сум задоволна. Shipped на 1-ви Април, а на 10 веќе си ја подигнав од пошта.
Јас вчера си порачив фустанче, меѓутоа уште ми пишува order processing, никако shipped да се смени а веќе поминаа повеќе од 24 часа кога ја направив порачката. Ви се има ли случено вакво нешто, ги исконтактирав, уште ми немаат вратено, а за матура ми е, не сакам зафрканции