И јас сум малку нервозна со овие од Асос.Направив порачка на 28,03,2013 и уште нема ништо стигнато.Утре ќе им пишам маил и се надевам нема да ми кажат дека ми е изгубена порачката, бидејќи работите што ги нарачав ќе ми требаат.
Не можат да знаат дали е изгубена затоа што е обична пратка т.е. не може да се следи, но ако си направила нарачка на 28ми март веројатно регуларно би требало овие денови да ти стигне ама можно е да касни и за тоа не се виновни од Асос. Кога ќе им пишеш ќе ти кажат да почекаш уште некое време, па ако не стигне тогаш ќе ја сметаат за изгубена и или ќе ти вратат пари на сметка или ќе ти испратат иста нова пратка.
Тоа е се Ок само гледам некој што направиле во исто време како и јас им стигнала многу порано, а најбитно ми е во случај да треба да ми ја препраќаат пак да не нема повеќе број од тоа што го имам нарачано, за чекањето не ми е воопшто проблем, ќе чекам.
Не се секирај, почекај нека помине оваа недела.. јас имав направено една нарачка на 20.03, ја пуштија на 22.03, а денес ми стигна известување дека треба да ја царинат а утре да ја подигнам од пошта. Од друга страна пак нарачав на 22.03, ми ја пуштија на 25.05 и ми стигна минатата недела (или понеделникот беше, не се сеќавам точно).. Така да не е правило, не е ништо страшно, почекај.
отворив од тутунска дебитна за е банкинг и ми вика на асос дека не прифаќаат маестро од македонија. вие со каква картица купувате?
Еднаш прашав не добив одговор... Имам извадено виртуелна картичка од Стопанска банка, имам ставено на сметка пари е сега што треба да правам? Да се логирам на тоа е-банкинг? Да префрлам прво? Како? Или да го напишам кај card number бројот на Mastercard и да терам? Врска немам
мислам дека неможе со стопанска, и јас се намачив сите видови ги извадив за на крај да испадне дека мора со друга банка.
Еве и јас да го споделам моето искуство со Асос.За џабе ви кукав вчера, денеска ми стигна пратката и за неполн саат бев во пошта да си ја подигнам.Не платив ништо во пошта.Инаку за тие што ги интересира, уплатата ја извршив со Виза картичка за интернет од Стопанска банка.Еве ви во споилер слики од тоа како изгледаше пакетот и како изгледаат оригиналните и производите во живо.Искрено задоволна сум, малку штиклите ми се големки(ама малку).Ми рекоа во аптека имало некој влошки или нешто слично за да го потполнат празниот простор напред, а за обетките мене од бижутерија кога носам ми се прави алергија и ме чешаат а ови ги носам цел ден и немам никаква реакција Едно сум сигурна а тоа е дека ќе продолжам да си нарачувам бидејќи за таа цена и квалитет нема да најдеш кај нас.
Не, нема потреба евра да ставаш. Слободно стави денари, после во која сакаш валута можеш да плаќаш на интернет (евра,на асос најдобро е во фунти..).
ej фала, знаев јас за ова со фунтите, ама не ми текна сега да конвертирам 250 денари поефтино ќе ме фати.
Броевите што се на панталоните со премерување на половината да видам колку цм е па така или под половината (куковите) ...пр W81cm половината толку да е или куковите ?
Статус Received значи дека нарачката ми е успешна? ЕДИТ само што видов на е банкинг одбиени ми се парите значи правата порачка ми е успешна
Му има ли на некој стигнато некогаш известување дека за испратената стока треба да се спроведе царинска постапка? Не знам зошто, прв пат вака ми стига, иако вредноста на стоката е под 35 фунти.
Youlen дали тоа што го имаш порачано беше на попуст во моментот на нарачка? Ако било, ми се чини дека е можно наместо сумата пресметана со попуст, да ја пишува сумата без попуст...