На попуст беше колку што се сеќавам, во исвестувањето стои да доставам фактура/сметка/документ за вредност на стоката, ќе им ги пратам деталите по факс и се надевам дека нема да ми подлежи на царинско оптоварување пратката. И код за попуст си најдов дури, се' е запишано на асос акаунтот во order details и се надевам на најдоброто.
Кога нарачав, на 14 ти ми пишаа дека до 25 ти ке стигне, сега чекам деновиве поштар на врата, па ќе идам во пошта да си го земам пакетот
Прати им го тоа што го бараат, се надевам дека нема да има потреба од плаќање царина. Прво што ми падна на памет е тоа со сумата. Па ако можеш пиши како си поминала..
Реиндроп јас на 15ти правев порачка, на 17ти ми ја испратија. И еве денес ми ја донел поштарот на врата. А до вчера си кукав дека нема да ми стигне на време.
Јаc ги имам купено овие наочари http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Cat-E...=4545&sh=0&pge=8&pgesize=20&sort=-1&clr=Black Ги купив cо код 9 фунти, наочарите cе ок, за 600 денари дури cупер, cамо не ми cтојат убаво па ќе им ги враќам... Меѓутоа од квалитетот cум задоволна и пак ќе нарачам кога ќе бендиcам некои
Хепи Денес ми стигна првата порачка, се' е убаво, баш како што си замислував. Џемперче од 40-тина евра на 12 евра, панталони од 30 на 15, и дебели кафеави хулахопки (кои ќе ми се најдат на есен) за 4 евра. Деновиве пак порачувам, веќе си имам селектирано неколку парчиња.
Да прашам дали кога некој производ што е на попуст ќе го ставам на „Save for later“ во текот на тие 60 дена додека чека да го купам, ќе биде на попуст и дали ќе ја платам намалената цена? Односно сега има 24 часовен попуст на шминки и јас ставив една пудра во „Save for later“ и дали после една недела кога ќе ја купам сеуште ќе биде со попуст?
Уште едно прашање (извинете знам дека сум досадна) Значи ја ставам картицата за плаќање на која добивам плата. Е сега прашањето ми е дали е сигурна е странава, има ли шанса за превара, мислам од типот да ми извлечат повеќе пари, или за посигурно да си извадам нова картичка од друга банка?
Се самоцитирам за да ве предупредам дека мене ми ја царинија пратката, иако беше под 45 евра (31 фунта= околу 40 евра), па во иднина добро информирајте се до која вредност СИГУРНО не подлежи на царинење. Инаку ништо страшно, само околу 30% од вредноста и маткање недела дена низ поштите
А не ти кажаа поради која причина ти ја царинеа пратката? Ова е напишано на официјалната страна на царинска управа, во врска со сумата.
Youlen си требала да се буниш. Зашто 31 фунта 2300и некој денар а тоа не е ни 40 евра па тек 45. На твое место ќе им одев со потврда од банка колку и колку сум платила. Значи на што нашле да зимаат пари, ццц.
Не добив никакво објаснување поради која причина е царинета пратката, а им го пратив тоа од асос што стига на меил, која цена е, код за попуст се живо и диво ама не можеш сам против сите. Затоа најдобронамерно кој планира да порачува во иднина добро да се информира а воедно и нас овде нека не извести
Jaс би прашала зошто царинат, па уште и 30% . Се согласувам со Hipster дека си требала да реагираш. Ако е така треба сите пратки да ги царинат и тоа не само од Асос, туку сите пратки нарачани онлајн од надвор. Информацијата за 45 еур како што пишав пред се ја има на нивната веб страна, сите што нарачуваме го знаеме тоа, а и оние што "посредници" за онлајн купување истото го напоменуваат. Единствено ако ја пишувало сумата без попустите и истата била поголема од 45 еур...тогаш можеби нешто околу тоа е дискутабилно. Одамна немам нешто нарачано, па не ми текнува со која сума на нив стигале пакетите. Како и да е од никој немам слушнато , ниту на форумов немам прочитано царинеле пратка од Асос како во твојот случај . Се надевам нема да почнат да репкаат царини...
Јас пред недела дена добив информација дека има некои измени во законот и дека од сега ќе се царинат порачките од 20-30 евра (не знам точна сума), па можеби тоа е проблемот .. Како и да е Youlen мислам дека треба да прашаш
Измени во законот нема, последната е од 2012. А да се спрема сега, не стапува веднаш во сила. 20 евра е премалку па и 30. Не верувам искрено дека е тоа. Можеби нарачката им изгледала вредна, повредна од сумата па затоа ти ја цариниле (имаше случај со брендирана долна облека што е под 30 евра ама пак ја царинеа, од само нив јасни причини)