Ист проблем делевме со Youlen, но си ја плативме царината. На писмото со извештајот, од царина што пристигна, пишуваше демек се работи за стока од 30 килограми. Нема врска, обичен фустан, кој е далеку полесен од 30 килограми. И доколку во рок од 10 дена не им се прати фактура, сметка и документ за купената роба ќе го вратат назад во Британија. Немаше кај да се буниме. Човекот со кој што зборував од царина рече да не зборуваме пред време само да пратам преку факс тоа што треба па они ќе проверат дали е се во ред и дали треба или не, да се доплаќа плус. Ако треба да се доплаќа ќе стигнело писмо, кое по два дена стигна, заедно со фустанот. Го спомна и новиот закон, ама многу невешто ја заобиколи таа тема. Чинам залудно ги праќавме сметките и залудно сите тие процедури, демек да не платиме царина, ама сепак излезе по нивно.
А колку плати царина? Може од АСОС да се купи роба без ДДВ за да ако се плати кај нас царина да дојде скоро иста цена? Инаку јас сум заколнат МРАЗАЧ на македонската царинска служба и се сочуствувам со вас
Мириса на мрсна пљачка работава...начекале, па ќе бричат! 30 кг. фустан бе?!? Ако така почнале, не ме чуди сите да почнеме да го делиме истиов проблем. Не можам да најдам информација за некој таков нов закон, ама сигурно законот не вика дека пратки од 1-2 кг. да се претвараат во 30 кг...
на секоја пратка мора да има прикачено фактура и packing list на кои е означена тежината на пакетот и платената сума. Плус од кога царинската стапка за текстил е 30%?
Не е само царина ДДВ заборавите. За облека е царина до 10 посто и плус ДДВ 18%. 28, или 30 посто заокружено. Грабеж и јас така викам.
Девојки јас првпат порачував. На 22-ри април ја направив порачката. Панталони дебелина скоро како фармерки, џемперче и дебели хулахопки. Сите три работи беа на попуст, само џемперчето без попуст беше над 40 евра, панталоните 30 евра, значи без попустот надминуваа 45 фунти, и поради тоа се плашев да не ми ја царинат пратката. Пратката требаше да ми стигне на 2-ри мај, ама ми стигна на 27-ми април, значи само после 5 дена. Јас ја видов картичката во сандачето на 28-ми, на 29-ти отидов во пошта не ми побараа ни лична карта, само се потпишав и си ја земав. Значи не сум од Скопје, за провинциски град се работи, се изненадив од тоа колку брзо ми стигна. Презадоволна, деновиве пак планирам да направам порачка.
Случајно запознав еден чичко што работи токму на меѓународните пратки во пошта. Лично тој најниската царинета пратка која ја фатил во своја рака е 22 евра. Луѓе 22 евра Како што самиот кажа тоа е срамота, срамота за државата. Во време кога е во подем електронското тргување тие царинат 1300 денари, наместо границата од 2700 денари. Инаку кога нарачувате од асос прочитајте баш на местото кај што ја пишувате нарачката, како да ви пристигне дали како брза или стандардна пратка и колку ќе чини и има со ситни букви каде ве известуваат дека во државата во која праќаат т.е. Р.Македонија има можност за царинење над 2100 денари. Инаку мене ми стигна пред некој ден и фустанче за негде 6-7 дена. Арно ама цвикерите кои ги меркав цело зимо и ги нарачав последни денови од март не ми стигнаа. Иако помина месец ипол јас сеуште се надевам дека можеби ќе ми стигнат еден ден Ми ги вратија од асос парите, ама си ги сакам наочарите
На пратка од 22 евра се наплаќаа ддв ,а не царина.Е ако оди преку дхл тие си наплаќаат и посредување.
Цената со се кодот беше 31 фунта? Кога се нарачува од Асос и кога ќе искористиш код за попуст Асос секогаш ја пишува цената на пакетот без кодот,односно на пакетот стои цената без намалението со код .Можеби вие сте платиле 31 фунта со код за попуст но цената без код била 35 +фунти и затоа ве царинеле.
Јас си порачав фустан пред нецели две недели и денеска ми стигна писмото да си ја подигнам пратката . Уште да ми се фаќа и ќе си заиграм од среќа.
Кoe e тоа правило кога ти ја плаќаш робата сосе ддв? Нема врска ова, сум нарачувала многу пати нарачки многу поише од 22 евра, и не ми стигнало ни денар да платам. Брендирана облека и под 45 евра се наплаќа царина, тоа ми кажаа последно, ама не сум сигурна колку е ова правно издржано. Цариниците си задржуваат за право, ако за некој предмет сметаат дека е вреден повеќе од тоа што сте платиле да го царинат, ама и за ова не сум сигурна, така коментиравме со професор на факултет дека него му царинеле техника под 45 евра со овој изговор. Се е можно, веќе се е можно.
У реду е тоа, ама нема логика да се наплаќа ддв, т.е не неплаќаат, барем до сега мене не ми наплатиле, ни на многу луѓе. Треба да видиме како е во закон.
Вчера првпат порачав нешто од Asos и во Order detail ми пишува Order processing. Дали тоа значи дека порачката уште не е испратена?
^^ А, до колку дена отприлика може да ми пишува Order processing, пошто и денес еве исто ми пишува? Инаку во првиот меил шо ми стигна после порачката пишуваше дека последен ден за достава е 12 Август.
Сенца секогаш на сите им стои Ордер процесинг, сите имаат 2 до 3 дена време откако ќе ја нарачаш за да се спремат нарачката и да ја пратат. Асос се сериозна компанија па и реално треба време да се спакува нарачката, како што имам разбрано имаат магацини надвор од Лондон, па додека да ги транспортираат треба време. Ама брзо стигаат за 2 недели максиум, некогаш и побрзо. До сега мене ми немаат утнато нарачка да пратат нешто погрешно или што не е исправно/скинато/оштетено.
Пак јас. Има ли некој порачувано со Express Delivery? Стварно испорачуваат за три работни дена? И цената е таа 14€ за Македонија? Можно е да ми треба нешто итно, бидејќи сум на свадба на 10, па да си имам предвид.