Mислам дека нема потреба да се сумљаш во Асос, за тоа се коректни, па ако се сумјаш пиши им меил ќе ти кажат дали стварно за 3 дена ќе ти стигне. Ма да верувам дека е така. 14 евра не се мала ствар јебига Цената е таа, £10.56 мене дека на фунти ми е наместено, тоа е. Ма да уште мислам дека е некој денар поефитно да се плаќа во фунти, но океј. Само не е за 3 дена,туку за 6, јас еве сега пробав да видам како ќе ми дојде вика на 6ти со оваа експресов.
Сенца што направи нарача? Ако си нарачала пиши дали стварно стигаат на време, т.е би требало утре да ти стигне ако и до сеа не ти стигнало. Имаат доста попусти гледам работи за не многу скапи ценички има.
Хипстер, не порачав за жал, иако требаше, искрено. Пошто не знам дали ќе најдам тука барем нешто слично. Во секој случај, не ја исклучувам можноста во иднина да порачам со Express Delivery. Деновиве ја чекам мојата прва порачка со Standard Delivery, па држајте ми среќа да стигне.
Ако те одвратив јас стварно извини, зашто релано гледано ако ми треба нешто итно за некој битна прилика јас би прежалила 12 фунти, зашто знам дека нема да се малтретирам по жештиниве и пак врти сучи може да испадне истите пари дека сум ги дала. Јас од асос нарачав фустан за апсолветска и не го утнав и си го носам сега за искачање и испадна алал пари и време потрешно во чекање и невирање дали ќе биде добар. Тука сликите не лажат, во 99% од ситуациите мене ми биле погодени работите тамн. А и сакав да те прашам,сега кога нарача од асос у која валута нарача у евра? Дај ако не те мрзи пресметај по колку го рачунаат еврото, еднаш за секогаш да се ослободам од мислата во која валута е поефтино.
Не, не ме одврати ти од намерата, таман работа. До мојата неспретност и лејзинес е. Инаку, јас порачав каиш во € беше и изнесуваше 14,58 € и баш проверив сега на сметката израчунато во денари изнесува 901 денар.
Значи 61.7 денари е еврото Значи судот донесе пресуда, во фунти е поефтино! Да си знаеш за следен пат, фунтата е 74.7 а едно време беше по 74.3 денари.
Не може да е 14 фунти кога евра е 14.56. Би требало да е 12 фунти, т.е не помалку 10.5 Ај пушти ми линк по ПП, јас сега пробував со фустанов http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Midi-Sund ... &clr=Black 16.57евра и 12,5£. Ај баш види убаво.
^^ А, мор во право си. Сега само шо отворив, каишот мој да ти поскапел во меѓувреме 18,56 евра е, ја сум имала среќа да го земам на намаление изгледа. А, у фунти си е 14. И таман е, у евра е нешто поскапо.
Јас сум дете на двајца економисти, се ми е пресметано до цент и не ми бегаат вакви ситници. Немај гајле бе, мене не ми беше за мене, јас секако купувам само во фунти, туку да ви напраам услуга на вас,да не фрлате жабе пари зашто 100ка, 100ка кој ти ја дава нели
Сакав да ве прашам нешто, дали некој досега е имал проблеми кога нарачува ама со картичка од Тутунска? Пошто еве веќе втор пат, како од Асос ми повлекуваат 2 пати, пари за иста нарачка и после Тутунска ми ги става парите, како несигурна трансакција, па јас се чудам после што како. Не е голем проблем, ама се нервирам пошто треба да чекам, изјави да пополнувам па да објаснувам како што.
Ми стигна, ми стигна... Малку се загрижив вчера, зошто беше последниот датум за пристигнување и не стигна. И денес станувам пред некој час, проверувам во сандачето, пак ништо. Си викам, ах што малер ќе да сум. И дечко ми ме тешеше, ќе одел до пошта специјално за мене кутриот, да провери. Кога пред малку, поштарот ѕвони на врата со пратката. Се прерадував. Супер задоволна сум, осеќам ќе има и други нарачки у скоро време.
Стигна и мојата нарачка, вака фустанот кога го гледаш посебно крем бојата не стои толку убаво, али кога стигна, како погоден за мене. Во план е и следната нарачка,
феминка ке можеш ли да ми пратиш линк од кремавиот фустан, сакам да си порачам ист, не можам да го најдам. 716271637187187 фустани има ))
Женски, ај еден совет Досега не сум правела од АСОС повеќе од една нарачка истовремено, но синоќа нарачав едни чевли, а денес пак разгледував и сега сакам еден фустан да нарачам. Ако го нарачам фустанот денес, ќе ми стигне заедно со чевлите, како една пратка? Вредноста на чевлите и фустанот заедно не надминува 40 фунти, но сепак да прашам, зошто нели кај нас постои можност да царинат и роба со пониска вредност од 40 фунти Е сега, дали да чекам да ми ги испратат чевлите, пошто уште ми се процесира нарачката, па после да го нарачам фустанот или да си го нарачам уште денес? Што е попаметно?
Јас немам многу големо искуство со Асос (нека ти одговорат поупатените од мене) ама мислам дека чевлите се една нарачка, а фустанот што сакаш да го нарачаш друга нарачка, освен ако чевлите не ти се уште испратени, па откако ќе го нарачаш фустанот, па тогаш да се одлучат да ти ги пратат заедно. Ти порачај си го фустанот, па дали ќе биде една или две пратки мислам дека не е многу битно.
Па не ми се уште испратени чевлите, дека недела е, па затоа и ми беше дилемата Утре сигурно ќе ми ги испратат, па откако ќе ги пратат, тогаш ќе го нарачам фустанот. До утре ќе пробам да го држам во кошничка (ако успеам пошто само саат време можам да го држам), па сеа здравје Не ми се ризикува со нашиве, знаат да бидат идиоти и да наплаќаат царина и давачки и кога не треба