Сабајлево ме израдува чичко поштар. Моите две чанти стигнаа со два дена задоцнување. Многу ми се допаѓа тоа што тоа шо гледаш на слики тоа и ќе ти стигне. Дај Боже за сè да е вака. Инаку, за информација мојата порачка беше околу 1500 ден. (нели над 22 евра) и не платив ништо екстра.
Да, броевите одговараат на нашите. Јас имам порачано неколку пара чевли, сите UK 4 (наше 37) и сите ми се точни, немав никаков проблем. Инаку, да не се урочам, јас сум презадоволна од испораката. Сите работи што сум порачала досега ми стигале уште пред предвидениот датум на пристигање, секогаш 2-3 дена порано. Сега чекам две парчиња долна облека, се надевам нема да се урочам па да ми каснат, со душа си ги чекам Него, да ве прашам нешто. Мене никогаш не ми дошол поштар на врата со АСОС нарачка, туку секогаш ми оставаат картонче, макар било и најситна работа нештото што сум го порачала Вас на врата ли ви ги носат? Од Алиекспрес секогаш на врата ми ги носат нарачките, освен ако не е нешто ептен поголемко (само еднаш досега ми имаат картонче оставено). Не знам зошто така со АСОС ми прават, ај неколку пати чевли имав нарачано, за тоа разбирам да остават картонче, големи кутии се, ама за маичка или за парче накит да се влечкам до пошта веќе ми се смачи. Не знам, да не има врска што сум во зграда? Ако сум во куќа веројатно полесно би му било на поштарот да заѕвони, вака треба да се качува до 5. кат.
^ И јас многу се нервирам бидејќи сум во зграда, и првиот пат кога нарачав од Алиекспрес, ми го донесоа до горе, следните неколку пати картончиња, па последниот пат бев во странство, едвај и ја дадоа пратката на мајка ми, иако беше со моја лична карта. Па после испадна поштарот ја знаел, и за најпоследната пратка се потруди да се качи до 4-ти А исто така прочитав најново дека поштарите немаат обврска да ги носат пратките со нив и да ни ги доставуваат до дома, туку дека мора со картончиња
Кога се најавувам за да порачам од Асос кликам на VISA ама не ми дозволува да одам понатаму.После пробав со VISA Electron и дозволи...Ама на мојата картичка пишува само VISA а не VISA Electron,дали ако порачувам ќе ми стигне? На алиекспрес не ми правеше проблем...
Одбрав ташна од Асос и сега уште да се снајдам со онлине нарачката и би било супер. Има ли и каде да го пишам кодот за попуст? Како да платам,со Maestro картичка? Слабо се снаоѓам со онлине нарачката,ако има некоја поискусна околу тоа да ми помогне. Редактирам,успеав да се снајдам.
Имам еден проблем. Сакам да си нарачам фустанче до сега број 6 го имаше, сега тој го нема го има број 4, а сега и двата ги има И уште еден проблем како да плаќам во фунти, а не во евра?
За фунтите - горен десен агол, ти го заокружив на сликата. Инаку веројатно има останато по парче-две од броевите и некој ги задржува во кошничка (ако ставиш нешто во кошничка резервирано ти е еден час ) Sexybaby86 доколку пратката не е препорачана по правило треба поштарот да ти ја донесе, само препорачани се земаат со картонче. Мене секогаш поштарот ми ги носи, т.е. најверојатно си игра кошарка уште од улица, пошто никогаш до сега не ѕвонал на врата, туку така оставени пред врата си ги наоѓам, евентуално некогаш ако начека некој низ двор од моите, па нив да му ја предаде ..
Нема врска дали пратката е препорачана или е обична пратка, зависи од добрата воља на поштарот дали сака да ти го донесе до дома или не. Искрено јас се бунам што во 2 години ни еднаш ми нема една донесено дома туку секогаш ми го остава картончето за подигнување, ама кога читам дека ни ви ни звони туку само го остава на чергиче, подобро така, абрем знам дека никој од комшиите нема да ми го собере. Ќе си речере може којзнае каде живееш, па не очекуваш да го влече по него километри, живеам на 500 метри од пошта 2, само една улица го дели од кај мене дома до поштата ама никогаш не м ја донел дома. Не ми е толку тешко, икрено да си ја подигнам од таму, секако му е на 2 минути од дома поштата, барем знам дека никој нема да ми ја злоупотреби или украде. Значи нема правила, многу поштари ја носат, мојот никогаш не ја носи, зависи од табиетот и расположението на пошарот и од ништо друго, зашто очигледно не им е морално да ги носат до врата.
Овој па мојот поштар многу фин сакал пратките дома да ми ги носи. Ми вели добро не ми е проблем отсега секогаш дома ќе ти ги носам, на што следува ... А јас му велам, не не не ме разбравте добро сакам картичка да ми стигнува, да си ги подигам од пошта. А,а,а, па добро штом така сакаш, ама мене не ми е проблем и да ви ги доставувам. Охх, читајќи ве човек да не знае дали да се радува или нервира што поштарот сака дома да му ги доставува порачките
Ќе може ли некој кој има искуство во купување панталони да ми ги објасни величините? Мислам дека носам EU 36, но тука се изразени во XXS, XS, S, M.... Не постои можност за претворање во УК, УС и тука ми е проблемот.
Или се М или си С, мене повеќе ми личи на С, но не сум сто посто сигурна. Или еве ти табела да си се измериш да си знаеш за следен пат кое бројче да си земеш. Спојлер Или Спојлер
Само што се вратив од пошта па реков да го пофалам Асос од пакетчето т.е. пакувањето не бев нешо посебно задоволна,имав пудра во стаклено порачано и беше само во кутија не беше никако заштитена поинаку ама се убаво заврши..ама од брзината пре пре пре задоволна сум...порачав на 5ти,на 7ми тргна пратката,денеска ми стигна картонче..се на се за 6 работни дена стигна
Со каснење од 2-3 дена ми стигна фајнали. Над 1200 беше цената па не ми наплатија ддв, така да изгледа претежно практикуваат да не наплаќаат до 45 евра. Спојлер Немам замерки од квалитетот на асос за тие цени имаат пристоен квалитет.
Ги следите некаде порачките од Асос? Или само го чекаме чичко поштар? Порачав една сукничка на 6ти, уште на 7ти беше испратена но не можам да најдам никакви други информации околу тоа. Од алиекспрес имам порачувано многу пати, но за овде ми е прв пат па да си прашам
Прв пат порачувам нешто од асос и денес ми стигна пратката. Е сега не ми е јасно дали има нешто од типот на али експрес кај што треба да потврдам дека ја добив пратката и дека се е ок?
Некаде низ темата прочитав дека некои брендови не испорачувале за македонија. За манго се сеќавам дека беше споменато, има и други?
Pull & Bear, Primark, на тие во моментот се сетив. Пр. отвори производ на Манго и ќе видиш дека под Save for Later пишува Ships to - UK Only. За производите на Oasis имам забележано дека не се достапни само за Русија, а за останатите држави се достапни. На оние производи на кои не пишува ништо значи се испорачуваат сегде, вклучувајќи ја и Македонија.
Значи со фустанчињава од Асос ич немам среќа. Во последниов период нарачав три пара чевли и сите навреме ми стигнаа, а фустанчето што не ми стигна ми го препратија уште еднаш. Е сега и тоа препратеното ми касни 3 дена и ме фаќа паника малце. Што се случува ако не ти стигне и препратеното, имал некој ваква случка?