Mojoт поштар сирот се ми носи до дома, срцка е. Кога ми донел голем пакет со јакна ме фати жал како дошол со толкав пакет на моторче, можам да го замислам Иначе прв пат си порачав и јас козметика од Римел и супер ми се погоди руменилото. Ги споредував дел од цените со нашите цени на Римел и на пример кармините и на попуст од асос доаѓаа поскапи од кармините да речеме во Космо наш од Римел. Меѓутоа руменилот доаѓаше дупло поефтино на асос. Иначе какви обетки ми стигнаа денес од асос. Јоооооооој ја сам се заљубилааааааа.
http://www.asos.com/121015-Christmas-De ... balBanner1 Феминки, ова се последните дата за достава така?
Бидејќи никој не ми одговори на претходниот пост, еве уште еднаш ќе пишам. Дали имате чуено, некој да ви има кажано дека поштариве си поткраднуваат? Нарачаното не ми стигна, ми го препратија и препратеното ми касни 10 дена и стварно не знам што да помислам освен дека или сум преголем баксуз или некој поштар си ја подновува ќерка му
Ехее, имам ваков случај во најблиската ми фамилија, и не беше пратка во прашање, туку пари! За среќе се се откри ама дури по 5-6 месеци, дека уствари поштарот се послужувал. Ама немој и ти со толку црни мисли, мислам дека ти доцнат порачките поради гужвите во поштите поради празниците, мисли позитивно, ќе ти стигне.
На 4 ти декември нарачав требаше да стигне до 16 ти, баш вчера си мислев дека сеуште ја нема и утрово поштарот ме изненади со пакетчето со џемперот што го посакував подолго време. Многу од работите што ги имам зачувано ми се намалени, деновиве ќе правам уште некоја нарачка.
Уф, растур направив денес со попустов Многу парчиња што ми беа зачувани си ги начекав денес на попуст и си ги купив Си порачав едни панталони, сукња, чанта и две џемперчиња и сега едвај ќе чекам да ми стигнат. Имам нарачано еден фустан уште пред две недели, ама ми се оддолжи испораката, зошто ми го испратија дури после 6 дена откако го нарачав Изгледа гужва им е ептен, малце каснат со shipping, ама само нека стигаат. Сега новиве парчиња од денес ќе ми стигнат тек околу 15 јануари, ама добро, со оглед на тоа што се празници, мислам дека е солидно времето за испорака. Вреди да си чекам, одамна си ги посакував
Жени, дали работите кои се моментално Out of stock не можат да се пребаруваат ? Имав зачувано една ташна, ама очигледно поминале повеќе од 60 дена и сега никако да ја најдам. Чаре ?
Дали, ако нешто ставам во saved items стварно ќе ми го чува 60 дена?Мислам мене ми е за до среда, си најдов некој ситници,и стварно се надевам дека ќе ми ги зачува.
Ги чува само како твои омилени парчиња 60 дена, а во меѓувреме може да се случи да се потроши производот и/или бројчето што го сакаш. Ако сакаш да зачуваш одреден производ во одредена големина, можеш да си го ставиш во bag, ама таму ти го чува само еден час и потоа повторно истото се враќа на продажба
Не можат за жал зашто веќе не постојат т.е ги нема за продажба и не ги дава кога ќе ги пребаруваш. Ама можеш вака да се снајдеш ако ептен ти треба ташната, дали за слика или не знам за што, оди во history на твојот инернет пребарувач и обиди се да ја најдеш кога си ја отворила и гледала, кога ќе кликнеш ќе ти ја даде со она аут оф сток, па стави си ја во букмарк и проверувај ја, да не случајно ја вратат назад т.е пак да ја има за продажба.
дали некој има порачувано штикли салонки,балетанки и искуство? имам порачувано други работи до сега,за кондури ми е страв да не ми се тесни мали или широки, си го знам бројот,ама сепак...посебно на шпиц моделите хм
На голем дел броевите се стандардни, барем тие што се од марката на асос си одговараат соодветно со европскиот број со англискиот. Исто е и со другите, сепак се работи за некоја средена класа на марки кои работат според одрени стандарди за квалитет. Затоа и цените без попуст не се така евтини. Види си ја табелата и ќе си видиш кој број што го носиш одговара на англискиот. Имам порачувано и штикли, балетанки, сандали и на плута сандали, патики, оксфордки, и чизми сите си биле како што треба. Немај галје за тоа, не се ова кинески селери и продавници, барем за броевите и величините се си е како што пишува. И шпиц штикли имам нарачано, немаше проблем а не гледам ни зашто да би имало.
На ризик (прв и последен пат) нарачав јакна која сепак надминуваше 2 евра од дозволеното. Беше многу снижена на попуст, а одамна барав таква. На крај прескапо чинеше тоа задоволство. Брзо стигна, но добив известување да однесам документација. Кога однесов не знаеа да пресметаат во моментот и да ми кажат колку ќе треба да доплатам. Чекав уште ден-два и стигна картонче за да го подигнам пакетот со сумата што треба да ја платам, но ми се виде многу висока и не ми беше јасно зошто е толкава. Според пресметките (ддв+царина за облека) никако не ми испаѓаше толку колку што пишуваше. Отидов во пошта да ги прашам за што треба да платам и ми објаснија дека не само ддв и царина, туку дека вклучена ми била и лежарина и царински преглед (+ при плаќање на давачките на шалтер зимаат и провизија). Така излезе дека треба да платам отприлика уште плус скоро 50% од цената.
Дечки а на кој маил им пишувате ако има нешто? мене ми одбија пари за нарачката и веќе е shipped, но и во резервирани средства повторно стојат парите,и ми е страв 2 пати да не ми ги наплатат,па да им пишам подобро.
Дали сте имале дополнителни трошоци за нарачки над 2кг? Мислам прочитав дека не треба да ја надминува таа тежина.