Па долу на странана го имат знакон значит можит,немораш со паупал асос е сигурна страна слободно од картичка плати си
Девојки ај ве молам ако имате искуство споделете. Ја чекам нарачката од асос повеќе од 25 дена. Секогаш сум ги добивала за помалку од 15. На која адреса треба да пратам маил за да ги прашам до каде ми е нарачката или ако ништо друго да ги информирам дека сеуште не сум ја добила. Пратив маил на таа адреса од каде што ни ги праќаат информациите за нарачката но не добив никаков одговор. Ви благодарам
http://www.asos.com/help/pgehtml.aspx?cid=17989 Од тука ќе одбереш Delivery - Where's my order? и понатаму ќе ја пополнуваш формата за да им испратиш email дека нарачката не ти е сеуште стигната.
Девојки,дали некоја нарачала од АСОС последниов месец и дали имала проблем со испораката? порачката требаше да ми стигне најкасно денес ама сеуште ја нема а ја чекам веќе две недели..ја пополнав формата погоре и ми вика почекајте уште неколку дена,на една друга форма ми вика почекајте уште 11 работни дена а стварно тоа е многу..дали е до нив проблемот или до нашава пошта ?
Да, еве и јас чекам нарачка што требаше да ми стигне на 13.02, а од неа ни трага ни глас Не знам што се случува со Асос последниве 2-3 месеци (уште пред Нова Година), многу им доцнат нарачките. Имав нарачка од 17 декември која ми стигна на 22 јануари Знам дека пред 2-3 недели имаа технички проблеми при обработка на нарачките, баш јас кога нарачував, не можеа да испраќаат order confirmation mail. Јас го добив тек после 5 дена. Биди трпелива, очигледно имаат некои проблеми, ама ќе стигнат кога-тогаш
Значи не сум била само јас..фала ти многу за одговорот..иначе немав проблем со order confirmation mail и со order shipped mail,едниот стигна после неколку сати другиот одма следниот ден кога тргна нарачката ама очигледно имаат проблеми па не ми останува ништо освен да чекам..фала ти уште еднаш,ме утеши малку
Јас имав нарачка од крајот на Јануари и точно на денот кога требаше ми стигна без ни ден доцнење, но се случува да задоцнат понекогаш. Самите кога ќе им се пријави даваат уште некое време затоа што може да има празници, застој во поштите и сл. Ако не стигне повторно известете ги по изминувањето на тој рок што го даваат, иако се случувало и по подолго чекање сепак нарачката да стигне.
Да те израдувам, мене денес ми стигна нарачката, се прерадував Така што, очекувај си ја и ти, ќе дојде кај и да е
и мене исто..конечно...сиве денови се нервирав каде е каде е,бидејќи минатиот пат ми стигна за 1 недела и тамам кога реков не ја мислам повеќе,дојде очигледно имало некој застој ама важно стигна
и јас уште чекам нарачав на 1ви февруари,ми пишаа до 12ти дека ќе стигне, денес е 21ви уште ја нема да почекам или да им пишам таква форма,и каква е таа форма ако може некој да ми каже,каде да ја најдам. Прв пат ова ми се случува, секогаш се на време ми стигнувало, дури и порано. ty едит - видов sunfemina објаснила како
ја пополнив формата yes yes yes и од страна тоа ask a question им пишав, ми врати тоа автоматски веројатно We're really sorry your parcel hasn't arrived. To allow for any local postal delays, please wait an additional 11 working days from your expected delivery date for your order to arrive. па ќе почекам
Дали успеавте да фатите нешто од последнава распродажба,јас случајно ја видов на хрватскиот форум но за жал ништо не успеав да фатам а имало мн ефтини работи,еве некој линкови од хрватскиот форум девојките што нарачале па ако видите нешто повторно достапно од овие пишете во лп http://www.asos.com/Club-L/Club-L-Hound ... rec_viewed http://www.asos.com/Pieces/Pieces-Denim ... rec_viewed http://www.asos.com/New-Look/New-Look-R ... rec_viewed http://www.asos.com/Timeless/Timeless-K ... rec_viewed http://www.asos.com/Adidas/Adidas-Leggi ... rec_viewed
Јас се офајдив од 70% попуст на Асос Чизми од 80 на 35 фунти, уште едни од 50 на 20 и нешто фунти, фустан од 60 на 20 фунти, панталони од 30 на 15 фунти. Вреди да се чекаат попустите на Асос, попусти во вистинска смисла на зборот, а не како нашите измислени попуст. Во последно време скоро ништо не сум купила од кај нас, се' што ми треба си нарачувам од Асос. И да кажам досега (фала богу) се' се погодило како што треба.
Кога има попусти? Јас овде маичка под 50 евра не наоѓам. И плус шипинг ќе ти стегнат и ете ти маица за 100 евра. А да не заборавиме и царина и ддв.
Шипинг преку Асос е бесплатен, а инаку од попустот има сеуште работи во OUTLET - Up to 70% Off само слабо има останати бројчиња. Посебно има ефтини и исплатливи фустанчиња.
Мене ми делуваат многу побрзи и посигурни од АлиЕкспрес. Ако нешто не ти стаса без проблем ги враќаат средствата и после 10 работни дена можеш да ги употребуваш,некогаш и побрзо зависно од нашите банки.