Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Пратките од Асос немаат број за следење, така да од пошта не можат да ја проверат на тој начин, но бидејќи нема тракинг број не ми е баш јасно како од Асос знаат дека е во нашиот поштенски сервис.
    Ако веќе знаат, прашај ги дали се можност да те информираат барем кога е регистрирана пратката дека е доставена овде за да имаш повеќе информации. Не знам колку би биле "расположени" во пошта да бараат по име, презиме, адреса.
    Се случува да каснат и многу повеќе од 11 дена, но Асос нели дава продолжен период за чекање и ако сепак не стигне испраќаат нова пратка или враќаат пари.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Polis

    Polis Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    86
    Здраво девојки,

    Сакам да ве прашам за бројчињата на фустани,кошули и слично.
    Дали се мали бројчињата или пак стандардни .
    пр. ако носиш Л нарачуваш Л?
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Имаш Size guide до Select size, бројчињата се стандардни, само треба да споредиш UK и EU броевите во табелата, бидејќи каде што треба да избереш се дадени во UK.
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Стандарни, ако носиш Л си нарачуваш Л.
    Само пази на англиските броеви, си има табела на сооднос УК со Еу броеви, примел на Л одговара 12ка.
    За секој случај имаш димензии под сликата да се измериш и се тоа.
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    И јас го имав истиот проблем. Али селерот ми пиша дека кај нив се поголеми за еден/два броја од нашите (европските).
     
  6. Polis

    Polis Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    86
    Фала многу :*
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Добро бе Марик, колку пати да напоменеме да не ги мешате Алиескпрес и Асос.
    Не ги буни девојчињата кога али и асос не функционираат на истиот начин.
    500 сме кажале дека се работи за стандардни големини, си има прецизно точен сајз гајд и димензии.
    Дури и има и посебна линија за трудници, за покрупни и за ситни девојки со посебни мерки и пропорции кои си одговараат на нив.
    Оние петит се за послаби и поситни дрвојки и сите модели се пократки и потесни.
    Оние curve се за покрупни и има стварно големи бројчиња.
    Не знам што не е јасно и зашто упорно се едно исто се прашува кога 90 страни не се испишани за џабе.


    П.с има еден начин за следење на нарачката.
    На маилот кој го добивате дека нарачката ви е испратена има линк за на некој начин статус апдејт на нарачката. Не на оној маил кога ја правите нарачката, туку после 2-3 дена кога ќе ја шипаат за накај вас.
    Јас не сум ја следела никогаш од проста причина што секогаш стигале, дали недела покасно ама стигаат. И да не стигне знам дека без малтретирање за 7 дена парите ми се на сметка.
    Нема потреба за трошење живци за џабе.
    А ако нешто ви треба за некоја посебна прилика или нарачувајте пред време или платете оној брз шипинг, знам дека недела дена стига 100%
     
    На TheKiketoo, jb82, ivancekitty и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    После колку време можат да се користат вратените пари од Асос?

    Она кога некој порачан продукт нема да стигне и ги враќаат парите ,па со денови стојат во категоријата моментална состојба на сметката,а ги нема во расположливи средства.
    Во меилот од асос пишува дека тоа зависи од банката.Инаку картичката ми е од Тутунска.
     
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    да зависи од банката.Ако имаш електронско банкарство и ако гледаш дека имаш резервирани пари всушност тоа се тие.Зборувам за истото што го напиша ти
    ...па со денови стојат во категоријата моментална состојба на сметката,а ги нема во расположливи средства.
    Кај нас на пример треба да помине околу еден месец може и порано. Да дојдеш да ни кажеш дека се работи за откажана пратка или вратени пари поради откажана пратка и тогаш ние ти ги ослободуваме средствата за да можеш да ги користиш .Но доколку не дојдеш во банка и не ни кажеш ке ти стојат така резервирани
    Значи оди во банка и кажи за што се работи
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Секако мора да се почека за враќање на средствата и зависи од банката.
    Мене по најмногу една недела поминати во резервирани, ми се пренесуваа во расположливи ама еднаш стоеа пола месец и отидов во нлбтб на шалтер и ми рекоа некое барање да пополнам, па да чекам неколку дена...и јас го земав барањето, дојдов дома и им пратив краток и јасен емаил на хелпдеск (го пишува тука подолу http://www.nlbklik.com.mk), им објаснив за што се работи (вратени пари од асос...) со детали за трансакцијата што ги пишува на мојот нлбклик и лични податоци (име, бр.сметка и сл.) и за ден-два ми беа во расположливи.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Им пишав вчера и еве веќе денес средствата можам да ги користам. Фала за советот. :)

    Инаку ми стигна ливче од царина за друга порачка,бев им однесов фактура и тоа беше тоа. Порачката беше по 45 е и не платив ништо дополнително.Ми рекоа да чекам картичка и да одам во локалната пошта за да ја подигнам порачката.

    Иако се супер се заврши, имам еден куп поплаки од вработените таму. Не се нормални, никогаш во живот немам видено толку неуслужлива и груба шалтерска работничка. Време е да им прават психо тест пред да ги вработат.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Од Asos за колку дена највеќе стигаат нарачките?
     
  13. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    http://us.asos.com/countryid/2/ASOS-Blo ... R6F7u8wLuA

    http://www.aliexpress.com/item/new-2014 ... 39551.html

    Во цената и тоа како има огромна разлика, а во квалитетот не би рекла баш. Барем не на овој производ ;)
     
  14. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Значи чкарт продаваат и на Асос. :( Истото за поскапо. Не се исплати.
     
  15. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    4.522
    Пол:
    Женски
    А ги имаш овие две работи и од едното и од другото? ако не,тогаш неможеме да споредиме по сликите кои на Али се всушност украдени од АСОС
     
    На ivancekitty, jb82, TheKiketoo и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Кога ќе стигни ќе кажам за мене. А според коментарите што ги читав се е како на сликата, а пред да прочитам не купувам така да верувам дека е истата... Сепак ќе потврдам со лична слика.
    http://www.thebeautybybel.com/2014/03/l ... opard.html
    Овде ја има од асос.
    Не убедувам никого дека на Асос е чкарт роба. Само за толку огромна разлика во сумата не се исплаќа па дали било Кинеско или незнам какво...
     
  17. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    4.522
    Пол:
    Женски
    ќе кажеш кога ќе стигне,иако пак неможеш да ја потврдиш разликата меѓу едното и другото,освен ако не ги имаш во раце двете..ама ако квалитетот на тие од Али е добар,па вистина до некаде не се исплаќа толкава разлика во цена..али сепак,од Асос чекаш 1 недела а од Али може и месец и пол да чекаш (дел од разликата која ја плаќаш е тоа..ако ти се посреќи брза испорачка од Али и добар квалитет,тогаш не се исплаќа ;) )
     
    На ivancekitty и Mimi123 им се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е истата роба на Али и на Асос, немојте да тврдите глупости. 90% од стварите на Али се имитации на Асос, Зара, Манго и останати брендови, а со самото тоа се користат и сликите од веб страните на наведените брендови чии копии ги продаваат.

    Не може ниту да стане збор дека кошулата погоре е истата и на двете страни. Кошулата оригинално е од Асос, а тоа на Али е евтина копија на онаа од Асос. И кошулата, а и уште мал милион копии ќе најдете на Али. Прочепкајте, ќе најдете еден тон накит, сакоа, панталони Зара, со истите слики од моделите на официјалниот сајт на Зара, но тоа не значи дека се оригинал.

    И за крај, да, Асос се далеку поквалитетни од Али, па со самото тоа и поскапи, логично. Асос се бренд од Лондон, Али се кинеска роба. И еве да повторам по илјадити пат, да се знае еднаш засекогаш, големините на Асос се нормални, како и кај нас, без разлика дали станува збор за облека или чевли, додека на Али се помали, затоа што се кинески.

    Крај на муабетот.
     
    На ivancekitty, rainlover и duffi им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    И од црнците во Атина другарка ми си зема копија преслична на долче и габана ташна, иста до штеп и до патент ама сигурно има разлика од оригиналот, нели?
    Додуша јас ни една ни другата не би ја купила али ете има луѓе на кои им се допаѓаат.
    Така и со овие две, ма да прескапа е кошулава, има 2 пати поевтини па и поубави кошули на асос со супер квалитет за цените.
    А и убаво ви тече даблинфибити, треба двете во раце да ги држиш за да споредиш разлика.
    Од слика можам и слон да напаравам ко глувче да изгледа и обратно.
     
    На ivancekitty, rainlover и duffi им се допаѓа ова.
  20. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Има некој што му каснат (или подобро прашано стигнале) пратки порачани околку 7-8 март?
    Јас имам една што требаше да стигни до 21, а сеуште ја нема.
    Му пишав денес порака и ми вратија дека не можат да проверат точно каде е во моментот, но дека би требало да е веќе доставена до локалната пошта, па да ги контактирам нив, или да си прашам да не оставена кај соседите.
    Сега дилемата мене ми е дека поштарот кај нас така ги остава, пред врата пратките, да не е веќе здиплена од некој, или евентуално оставена пред неколку дена, кога дуваше силен ветер, па да си го фати патот :worried:
    Има некој порачки од тој период?
    Барем да си знам да не чекам и да проверувам пред врата секој ден за џабе :(