Проверете што пишува на етикетите од парчињата што ви се порачани од Асос, ниту едно од моите не било шиено во Англија, но не ми се погодило до сега да е од Кина. Секако за копиите сте во право.
А Кина, а Бангладеш, мене исто му се фаќа искрено. Фала богу знаеме дека се е од Кина, не пиеме нафта, ама не може некој да трди дека се исти со копиите од али кога на али ама копии од сите марки на светот. Сеедно е усталом дали е марка или е копија и колку чини, факт е дека не се исти. Башка имате на асос и други марки кои не се асос не е се само асос. Мене други работи ме нервираат не е тоа од каде е и што е, туку дека се пушуваше 90 страни некои работи сега пак исто се дебатира и прашува, а е веќе одговорено. И така на сите теми....
Значи на крај установивме дека и тие на Асос се копија. А имаше една на претходните страни што тврдеше дека се е оригинално на ова Асос.
Е за ваквите како Марик зборам, неписмени кои во прво оделение не ги научиле да читаат... Не е за нас онлајн шопинг, толку ќе кажам само.
Значи сите брендови имаат фабрики во Кина, Бангладеш, Турција бидејќи работната рака таму им е поевтина. Иако на облеката од Асос пишува дека е направена во Кина тоа не значи дека е копија побогу!! Цените се поскапи бидејќи Асос вложува пари во дизајнери кои ги изработуваат сите парчиња, најмуваа модели, фотографи за секое парче да биде добро презентирано на страната. Сето тоа кошта пари!!! Од друга страна на алиекспрес е се копија! Бидејќи законот во Кина им дозволува на кинезите во фабриките на Асос да ги украдат моделите и истите да ги препродаваат. Тоа е тоа! Е сега дали разликата во квалитетот е огромна, тоа не знам! Треба две исти парчиња да се споредат, па да се коментира. Јас од алиекспресс си порачувам само накит бидејќи е навистина евтин, а има доста добри модели. Асос има преубави работи, ама не ми се ризикува да купувам облека преку интернет пред да го пробам.
Па објасни како што треба, јас не сум толку писмен како тебе. Јас во дом за сираци сум пораснал, не сум едуциран толку колку вас.
Објснето, преобјаснето, соџвакано, постирани слики од пратки, од продукти наназад низ овие 90 страни, ама на кој да ни текне да ги прочита и разлиста убаво, да види да прочита по два пати, а не само глупосто да пишуваат на темава. Немам намера да ти објаснувам по 50 пати ни на тебе ни на никој друг повеќе. Квантна физика да беше ќе сфатевте до сега. Ама не зашто да се замараш да читаш кога можете да тропкате глупости и да читате како ви одговара вам. Има поговорка една убава, слушај паталец не гаталец. Има девојки што преку 20 нарачки напраиле преку асос, читај ги нив, а не бекои кои хипотетски си нагаѓаат. И отворете очи писмен сте, знаете англиски читајте на сајтот а не како баби да прашувате по 100 пати едно исто. Не сме ние ни за форуми ни за онлајн шопинг ни за ништо. Видете само хрватите како функционираат и како личи нивната тема, на нивниот форум а како на нашиот. Се ќе ви стане јасно. Извини ако те навредив, не ми беше тоа намерата, сакав да ти кажам само да отвориш убаво очи да читаш убаво до крај. Зашто на тој што му се потсемеваше пред некој пост, бев будалата ЈАС што одвоила пола саат од своето време да ти постира линкови и да ти објаснува што и како и која е разликата меѓу асос, алиекспрес и ибеј. Зашто сметам дека сум пателецот од поговорката, кој има преку 40 нарачки нарачано од страната асос во изминативе 2ипол години, со продукти од различни марки кои не биле само марката асос од чорапи па се до часовници, кондури, јакни, облека и козметика. Па сега ти избери на кого да му веруваш, ама јас моето време на тебе не го трошам повеќе, не си заслужил.
Женски, дали некоја од вас досега има направено порачка над 45€. Ме интересира како се наплаќа царина, кои документи се потребни и сл.
Стига од царина писмо со известување и во него пишува што треба да однесеш т.е. фактура за нарачката како доказ за вредноста и типот на стоката. Ако имаш онлајн пристап до сметката од која си плаќала можеш да испечатиш детали за конкретната трансакција кај што пишува колку си платила, ако не тогаш ќе побараш од банка и можеш од твојот Асос акаунт исто да испечатиш "ORDER DETAIL". После некој ден ќе ти стигне пак известување со пресметани давачки и кога ќе одиш да ја подигнеш пратката во пошта прво ќе ти дадат уплатница за да платиш, па ќе си ја земеш.
Кога ќе стигне пратката, од пошта ќе ти стигне известување (некогаш ја бараат нарачката, а некогаш не) и кога ќе отидеш да ја подигнеш ќе треба да платиш 15% од вредноста за царина и 18% од вредноста за ддв, плус околу 200 денари за царинските формалности. Реално се собираат многу трошоци и треба да се има во предвид при нарачувањето. Поздрав
Фала ви многу... Проблемот кај мене е што не знаев дека се плаќа царина, иначе ќе си направев две порачки... Ништо, засега ми останува само да чекам писменце од пошта
Naracav od asos edna tasna koja kostase 30 GBP . Narackata mi kasnese i od asos me informiraja deka narackata e izgubena. Posle nekolku dena mi stigna izvestuvanje od carina deka treba da prilozam faktura za proizvodot za da vleze vo carinska procedura. Me interesira kako od asos nemaa nikakva informacija kade e pratkata. e sega kolku bi trebala jas da platam carina i ddv za ovaa tasna koja e 30 GBP . A mene od asos mi gi vratija parite. e sega dali dokolu platam na carina ke treba i da ja platam narackata na asos. Me buni toa sto tie nemaa nikakva informacija kade se naoga pratkata, samo mi pisuvaa deka e izgubena i odma za dva dena mi gi vratija parite
Ќе се јавиш во царина и ќе кажеш дека доколку вкупната вредност на пратката е под 45 евра тогаш нема потреба да плаќаш царина и ќе си ја земеш пратката. Асос доставуваат и фактури така да не ми е ни јасно зошто бараат царина овие нашите. Идиотизам на ниво!! Ако се може да се укради некој денар! Дебили! Потоа, доколку ја земиш порачката можеш да им пратиш емаил на Асос да им кажеш што се десило. Се сомневам дека ќе ти побараат пари, ама ете ако си поштен човек убаво би било да им кажеш. Ако не,собери си ја пратката и готово. И кажи им на тие од царина нека не зафркаваат!!! Значи стварно го претеруваат јас сум крајно изреволтирана бидеќи не им е прв пат вака да прават!
A dali ke bide validno da im pratam sumata koja ja pisuva kaj order history na mojata smetka od asos?
Да,да валидно е.Можеш да им го пратиш и меилот со кој ја потврдуваат нарачката од асос,или извештај од трансакциската сметка.
За таа сума може само ддв да ти наплатат, а за царина не надминува 45eur ама се е можно со нашиве веќе. Малтретираат луѓе за џабе. Најфино е да се испечати order detail од asos акаунтот зошто таму пишува и што е нарачката (пр.ташна) и која е цената (30GBP).
Како што можев да заприметам на етикетите на пакувањето, секој пакет на асос се запира на царина, бидејќи има ознака дека мора да се царини.
Жени, ај ве молам помош. Дали ташнава на следниот линк ви изгледа целосно бела, или делот на средината под црното е свееетло сив ? Не ми се гледа добро, а ми треба да е целосно бела. Taшна