Девојки немам досега искуство со сандали па ве молам малце помош. Вообичаено сандали носам 37,што би значело UK4,но според мерењето ми излегува UK5 (24цм),a мене вака 38 ми се преголеми..па да нарачувам UK4 or?
Aко носиш 37, земи си 4ка, за чевли ми се екстремно многу точни, јас носам 39 и секогаш сум купувала замо 6ка и никогаш не ми била мали или големи. Мој совет, нарачај си 4ка без размислување.
Јас имам нарачувано балетанки од Асос, носам 39 и 39 од Асос совршено ми одговараат, за разлика на пр. од Пулл & Беар 39 ми се малку тесни, а 40 ми се широки. Сепак земам 39 затоа што балетанките се отпуштат малку.
Да ви препорачам да ги посетувате темите за Асос на хрватскиот и рускиот форум, имаат постирано парчиња облека кои тешко се наоѓаат на страната на асос а исто така и многу рецензии даваат
Женски како сте задоволни од асос? Ви стигаат нарачките? Ај пишете мислење, планирам да си земам нешто.
Tемава има 97 страни со рој коментари, споделени искуства од нарачки и еден куп одговори на твоите поставени прашања (или сублимирано најчесто задоволни купувачи, нарачките ретко кога не стигаат).
ми стигнаа балетанките си нарачав 37 како што носам и точни ми се скроз,им се изнарадував,прекрасни се .Првпат нарачувам и не знаев за бројче но супер ми се погодија спремам следни за нарачка само чекам некој код
Девојки приметивте ли дека Асос имаат воведено услов за бесплатна достава нарачката да е над 15 фунти, досега го немаше тоа, сега сакала - нејкела мора да направам нарачка над 15 фунти за да ми се исплати, инаку треба 3 фунти да дадам за достава (доколку вредноста на нарачката е помала од 15 фунти).
Јас сабајле видов на Фејсбук, баш штета Многу им е опадната работата последнава година, што дури и нема бесплатна испорака под 15 фунти (мене сепак ми е разумно ова). Алиекспрес и сличните страни што прават копии моментално доживуваат огромна ескпанзија, а тоа е погубно за брендови и страни ко Асос. Се надевам само брзо ќе го надминат проблемов и ќе си продолжат наскоро нормално да функционираат.
Отворам сабајле Saved List и половина од работите намалени, некои и до 50 %. Што убаво ми дојде попустот, радости Едвај чекам да ми стигнат работите!
исто и кај мене + ме изненадија со код од 10% бидејќи не ми ја испратија нарачката за време на пожарот па ми дојдоа уште поефтини,сега само да стигнат