Инаку да ве информирам можеби не знаете, нарачки над 15 евра се со бесплатна поштарина а тоа се 10.65 фунти, затоа во фунти плаќајте поефтино е
Добро, јас незнам да барам и купувам или стварно е скапо на Асос. Пред некое време почнав да го разгледувам сајтот и дали е до мене ама фармерките од 30 евра па нагоре, другото да не зборам. Неможам нешто со разумна цена да најдам, видов го фалите сите, па да го видам, и навистина имаат некои многу добри работи, ама цените...
И те како се наоѓаат квалитетни парчиња по ниска цена, само треба следење на сајтот, кога има намалување, некој код, зачувување на саканите парчиња и следење дали и кога нивната цена се намалува тогаш да се купува, итн.
Ај некој што има порачувано купачи нека ми пише порака, сакам да си порачам ама некако според сајз гајд многу големо бројче ми иди да порачам.
Девојчици, му касни на некој пакет од Асос , мене 2 ми стигнаа, чекам уште еден. Требаше да пристигне до 10ти.
Мене во вторникот и четвртокот ми пристигнаа од 27, а од 29 ги нема. Се надевам понеделник ќе стигнат. Нестрплива сум, од Асос секогаш пред рокот ми стигнуваат 2-3 дена, прв пат да ми касни пакетче.
Мене ми стигна точно пред една недела (минатата сабота) нарачка од 27.06. Имав нарачано сандали од New Look UK 6 (носам 39) и супер ми одговараат и џемпер од JDY (за 4 фунти ) и презадоволна сум од работите. Деновиве спремам друга нарачка, меѓудругото планирам да порачам бикини, па ќе информирам за искуството околу бројчињата.
И јас реин ги чекам бикините, а сандалите и целосните панталони ми стигнаа, и сум пре пре задоволна , им се радувам ко мало дете. Инаку да бубич, квалитет на Асос со Али, не може ни да се спореди , се што имам порачано од Асос уште е во првобитната состајба и по многу носења. Бројчињата се на место што ми е мене ептен битно, не се замарш со кинези кои пишуваат ко на гугл транслејт, па да дешифрираш, ако има некој проблем, што е многу , многу ретко, брзо се решава.
Споредбата Асос - Али е невозможна Девојки мој предлог е да ставаме линкови (може и наши слики кој сака) од производи кои ги имаме нарачувано од Асос и кратка рецензија. Нашава тема за Асос се сведува само на прашања (елементарни би рекла), додека на хрватскиот и рускиот можат да се најдам многу корисни информации, со слики од членовите, и јас истите многу често ги консултирам кога сакам нешто да нарачам ама се' мислам околу величината (најчесто). Еве ги моите сандали... 12 фунти - за таа цена и повеќе од одлични, и претходно имам нарачувано чевли од New Look супер се покажале и после долго носење. Нарачав UK 6 - 39, носам 39 и супер ми одговараат. Спојлер Џемперот од JDY за 4,5 фунти, греота е да наоѓам мани за тие пари Носам М величина, нарачав М и таман ми е. Спојлер
Еве ја мојата последна нарачка,која ми пристигна оваа недела. Ова се сандалите на штикла. Само еднаш ги имам носено, па не можам многу да коментирам, ама ко за прв пат- добро поминав Меки се, а тоа ми е многу битно. Бројчето ми е ептен точно, ко мерено, и ширина и должина, 37 или UK4. 12£ Спојлер http://www.asos.com//New-Look/New-Look-Simple-Nude/Pink-Mid-Heeled-Sandals/Prod/pgeproduct.aspx?iid=3597043 За панталониве немам коментар, прелесен и мек памук. Бројчето точно, ко шиени за мене 12£ Спојлер http://www.asos.com//ASOS/ASOS-Belted-Playsuit-with-Strap-Back-Detail/Prod/pgeproduct.aspx?iid=4069040
еве ја и мојата последна нарачка ташната е прекрасна исто како на сликата ,за материјалот мислев ќе биде обичен како платнена торба,но не е така доста е поцрвста и е прекрасен мек 7.50£ Оваа ташна пак ја очекував доста помала,но ме изненади големината ,преубава е има и + долга рачка И најпрекрасното фустанче за ова лето,нарачав UK8 и таман ми е,материјалот е преубав и многу ми се допаѓа како паѓа надоле 10.50£
Вчера не знам кој видел ама имаше игра на Асос, меморија, колку побрз и подобар резултат толку поголем код со попуст се добиваше. Бидејќи изиграв неколку партии за да добијам 25ки (кои патем ги искористив, а повеќе не успеав да добијам - можда и немало) имам неколку резервни со помал попуст кои важат до 21.07, па кој планира да си купи нешто може да ги искористи. Спојлер D2B361CB52F3 - 15% FB7CD2A89F51 - 15% A0E6719B43E2 - 15% 202B028563B6 - 20% CBE136918756 - 20% C85E99D915D5 - 20% 4CDEFDED0AA9 - 20%
Искористивте ли некој попуст од Асос? Јас додека видов играта беше завршена, иако дојдов до 2-3 кода од 25% и многу од 20 и 15% мислејќи се што да ставам во корпата, стави едно извади друго, на крај ништо не купив.
Јас мислам дека се изјаснив погоре, да Ќе пукнев од мака што само неколку дена пред попустите нарачав еден куп ствари од Асос и кога ете ти плус 25% попуст ама тоа е тоа. Грев на душа ќе носев ако ми се промакнеше кроз прсти. Туку финта како да го искористите повеќе пати попустот или различни кодови: ќе си отворите повеќе акаунти на Асос со скроз истите податоци само на различна емаил адреса. Така "големата" нарачка ќе ја расцепкате на 2-3 да речеме помали, ќе го внесете кодот, сепак ќе си купите се што ви прави мерак на попуст, а ќе се избегне царина кај нас. Испробано многу пати и 100% функционира
Девојки сте имале ли искуство за враќање на производ на асос преку пошта? Ми испратија јакна со дефектен ракав им пишав и ми вратиле да им ја доставам назад во рок од 28 дена и да им испратам фактура за платена поштарина за да ми ги рефундираат парите за поштарина. Дали од прилика знаете колку би ми земале во пошта за меѓународен пакет? Ви благодарам