Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Девојки ви имаат царинето пратка од 22£? Имав порачано патики за брат ми, и сабајле ми стигнуваат царинети. Може нешто да се направи или да одам да си платам утре? :) Го прашувам поштарот зошто се царинети, тој појма нема ни што се царини, ни за законот, ни ништо. Ми вели изгледа дека се патики, се царинети. :?: :)
     
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Можеби ако се марка (Адидас, Најк) затоа се царинети :?:
     
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
  4. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.071
    Допаѓања:
    10.757
    Пол:
    Женски
    По колку време ги праќаат нарачките од асос?Три дена поминаа и сеуште не ми ја имаат пратено нарачката :^)
     
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    ^ Мене најчесто по 2-3 дена ми ги праќале, а некогаш се случувало и одма наредниот ден од кога сум ја направила нарачката. Почекај уште утре, ако не ти ја пратат контактирај ги.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Гледам дека на оваа тема околу праќањето на нарачките од Асос се жалат и на хрватскиот форум.
    Јас од лично искуство можам да кажам дека порано, наредниот ден ги праќаа нарачките (некогаш уште истиот ден ми се има појавено статус Order Dispached), скоро не сум порачувала така да не можам да кажам како е сега, ама според она што го читам од членови на хрватскиот форум и на некои од нив после 3-4 дена сеуште не им била пратена нарачката.

    Почекај уште некој ден, друго чаре не гледам :?:
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ivancekitty

    ivancekitty Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    6.539
    Бидејки цената е повисока од 20евра и се плаќа 18%ддв и мене истото ми се има случено
     
  8. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Абе од кога се плаќа 2.10 фунти за shipping за нарачки под 10 фунти? Отсекогаш?
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    10.313
    Не, од пред некој месец донесоа такво правило.

    Инаку да се надоврзам на дискусијата погоре...и мене истото ми се случи со последната нарачка пред месец дена. Чекав 3-4 дена за да ја испратат и уште 2 недели за да стигне. Најверојатно намалуваат на трошоци некако или кој ги знае. Како и да е, сепак е доста разумно времето на испорака ко за без пари. Се плаќа само нешто ситно за нарачки со помала вредност но јас никогаш не сум имала нарачка под 10 фунти, па искрено не ми значи многу ова новово правило.
     
    На Sfera, duffi и Edie.S им се допаѓа ова.
  10. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Девојки решив да нарачам едно ланче од Асос, но бидејќи не е воопшто евтино се мислам дали да почекам малку да дојде на попуст или нема правило кога што може да биде намалено? Ајде вие што имате искуство се надевам ќе ми помогнете. :)
     
  11. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Значи на Асос неможеш да знаеш кога има попуст кога не, обично има кодови ( види по интернет на некои веб страни или по другиве форуми, можеби ќе најдеш некој) и тие кодово се користат за попуст на производите :)
     
  12. ivancekitty

    ivancekitty Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    6.539
    FREE standard delivery when you spend over £21.00

    Девојки повторно има промена во врска со доставата,нели беше помалце 12/15£? :(
     
  13. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    сега сигурно ќе почне да расте од 3 евра нагоре...добро е што се трпи во меѓувреме....
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    После случката со пожарот понудата на Асос ми е се' полоша и полоша, а како што можам да забележам цените им се се' посолени, па капак на се' и ова со шипингот. Или пак до мене е, не можам едно парче да си бендисам, а порано не знаев што попрво да нарачам. Во корпата имам зачувано едвај десетина работи, а пред неколку месеци имав постојано над 100.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. super.nova

    super.nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    32
    Кога има обично попусти на Асос, пред Нова година или покасно?
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    68.149
    Девојки, гледам сега има до 70% попусти на Асос, па сакав да нарачам две ташни.

    Барав за return policy ама не најдов на нивниот сајт. Ве молам, кажете ми доколку производот стигне оштетен, тогаш дали ќе ми ги вратат парите? Ме интересира како оди таа процедура кај нив.

    Edit: најдов линк за return policy http://www.asos.com/infopages/pgeretref.aspx/.

    Доколку некоја од вас има искуство на оваа тема, ќе ја замолам да сподели, во меѓувреме ќе ја пребарам темава.
     
    Последна измена: 7 јануари 2015
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    @SV1911 летото имав нарачано едни еспадрили, мој број ама ми беа некако големи и ги вратив. Нели во пакетот доаѓаат со една листа, таму пополнуваш за причината зошто ги враќаш и има налепница со нивната адреса и ги праќаш назад по пошта. Од прилика за 1 недела ми стигна меил од нив дека ги добиле и дека парите ќе ми бидат вратени на сметка. Така и беше :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    68.149
    Благодарам @Artemission.

    А колку долго се чека за confirmation e-mail? На мојата е-пошта уште ништо ми нема стигнато, а помина повеќе од пола час како ја платив нарачката.

    Инаку, кон тековниот попуст има и уште 10% екстра попуст со код, кодот го има на нивната страница.
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Confirmation e-mail се добива веднаш или отприлика за 3-4 минути. Провери во junk или spam фолдерот да не ти отишла пораката или евентуално ако ти е на Yahoo можно е да има некој застој со нив (ко секогаш). Провери во My Account - Recent Orders дали нарачката ти е во Order Processing или можеби ти е веќе потврдена. Ако таму е ОК тогаш нема потреба од грижи, меилот најверојатно ќе ти стигне подоцна.
     
    На Ana-Marija24 и SV1911 им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    68.149
    @Artemission благодарам уште еднаш. :)
    Статусот е Order Processing, а е-меилот ми стигна во меѓувреме.
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.