Да, и тоа баш во овој период на годината. Не е до нив, до поштите е, преголема гужва. Колку што се сеќавам 1-2 недели доцнеше пратката.
Мене требаше пред 27ми или на 27ми, значи вчера, така барем пишуваше во мејлот. Е сега ја се тешам дека е стигната вчера, ама овие од пошта додека ми донесат известување... Ќе почекам до понеделник, вторник, па ќе реагирам.. А лично дома ви ги носат, во локалната пошта, или во таа главната на железничка?
Почекај уште некое време ќе ти стигне. Инаку некогаш носат картонче, некогаш на врата. А пристигнуваат во локалната пошта.
Провери на сајтот, немам сега време да гледам. Тука треба да пишува - во случај ако доцни пратката толку и толку, да ги контактираш. Ако не се поминати многу денови од крајниот датум, почекај уште некој ден. Ако помине една недела, секако контактирај ги. Сигурно ќе ти кажат да почекаш уште некој ден. Не верувам да ти е изгубена нарачката, само е гужва.
Во фунти нарачувај. Баш порано споредував и имаше мала разлика, во фунти испаѓаше поефтино. Моментално фунтата е 85.17 денари.
Продавам нови со марка необлечени пантолони за пролет од Асос. Бројче 28 ( најголемо). Еве линк од пантолоните http://www.asos.com//New-Look-Inspi...ored-Trouser/Prod/pgeproduct.aspx?iid=5729775. Ги продавам зашто ми се големи инаку ништо не им фали. За повеќе детали во ЛП.
Денес за прв пат порачав од Асос фустанче. Еве ова: http://www.asos.com/pgeproduct.aspx?iid=6015440&CTAref=Saved Items Page На 18 фебруари треба да стигне. Едвај чекам!
Здраво девојки, баш разгледував на страницава и ми се допадна едно фустанче сакам да го нарачам, е сега ке може да ме насочите што како, со каква картичка може да се нарачува? Може со тие на тутунска банка што се? За колку време доаѓа производот што си го нарачал? Може да се врати доколку не ти се свиѓа или ти е голем? Се плаќа за достава, поштарина? Би ми било мило доколку ми одговорите прашањава, фала однапред
На Асос со Маестро од Тутунска не може. Другите ги прифаќа. Обично за 10тина работни денови, иако рокот на испорака им е 2 недели. Поштарината е бесплатна за нарачки над 30е, за помали се плаќа 3е. Можеш да го вратиш назад произодот, ама за поштарината не сум сигурна како беше. Најверојатно ќе си ја платиш ти. Но броевите се нормални, па нема како да утнеш. Имаш табела со димензии, па убаво измери си.
Девојки најдов едно фустанче кое сакам да го порачам е сега цената му е 60е,отприлика колку ќе доплатам царина и слични глупости?? гледав низ страниве наназад ама се едно исто се врти,немав баш некој корисни информации.. 18% е или??? Ако на некоја не и е тешко нека ми пише тука или во порака што точно уште треба да доплатам и колку отприлика.
18% се плаќа ддв и царина 17, нешто скоро 18 за порачки над 20 евра.јас лично се распрашав во главната пошта во ск и точно е што пишуваат другите.Царината беше до 40 евра да не се плаќа,сега е изменето.Кога ќе собереш не се исплаќа воопшто да порачаш ,за жал. јас пак со сите попусти и транспорти испадна да имам 19 или 20 евра си платив како за над 20 па среќа прашав зошто толку давачки,па цели кругови по шалтери ваму таму па грешка било па среќа не била испратена уплатницата па враќање пари па оди ваму таму ваков печат онаков ....3 дена малтретирање.не бива веќе со асос за жал
Уште ли стои тоа дека со нарачка над 30 евра не се доплаќа за достава , затоа што си бендисав фустанче околу 15 фунти е , па дали треба да доплаќам за достава. Ааа и дали може да ми излезе некој проблем со царина или нешто друго да доплаќам?
Девојки helpppp, може некој убаво да објасни за сите екстра давачки (царина, достава..), дали има некој износ на кој што не се плаќа и трча по шалтери.. целата процедура како оди и дали е возможно да се нарача нешто anyway??? фала
Да тоа е сумата што Македонија ја има усвоена под која не се плаќа царина, ама зезнато е што се плаќа шипинг од 3е за порачки под 30е од страна на асос, па ме интересира каква е процедурата кога ке направиш порачка над 30е во смисла на царина? Колкава сума се плаќа, дали се трча по шалтери?како се добива пакетот тогаш?? И да фала ти многу