Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. marija_maca

    marija_maca Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Најчесто пратките се подигаат со лична карта во главната пошта (ако си од Скопје) и се плаќа во истата просторија само неколку шалтера подоле, така да освен ако не сакаш да се буниш на цената за царината нема трчање по шалтери. Над 22 евра се плаќаат 18% и над 40 или 45 евра мислам уште плус 5%. Ама зависи како ќе ти се погоди, јас понекогаш не сум требала да платам ништо а ми стигале пратки од по 30 евра, а понекогаш ми наплаќале 100 денари зошто им бил сомнителен пакетот па го отвориле |( не дека тоа им е работа, ама ај..
     
    На Ana-Marija24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203
    Фала ти најмногу:) во меѓувреме сакав уште да прашам- во случај кога пратката е под 22е пр. фустан 20е +3е шипинг=23е дали за тоа се плаќа царина (затоа што ја надминува сумата од 22е) т.е дали И ШИПИНГОТ треба да влезе во таа сума од 22е за да не се плати ништо???
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Нема да платиш. Јас царина платив само за пакет над 40е.
     
    На Ana-Marija24 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marija_maca

    marija_maca Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    И плаќај во фунти, поевтино излегува некои 100-300 денари во зависност од сумата, отколку во евра :)
     
    На Ana-Marija24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203
    Направив порачка од 30 фунти од Асос и сакав да споделам дека се дојде уредно запакувано, пред временскиот рок, и сум презадоволна. Нарачував костими за капење конкретно од Asos и Missguided и сум презадоволна и од квалитетот и од изработката, тука за таа цена и тој квалитет ништо не се наоѓа. Фала на сите феминки што ме советуваа :):):l:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Кога ги нарача?
    Јас чекам пратка која ми е итна.
    Секогаш за 10денови ми е дома, сега кога ми треба ја нема.
     
  7. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203
    Ги нарачав на 12.06 ми стигнаа на 23.06 (во официјалниот меил ми пишуваше delivered on or before monday 25.06) што значи два дена порано:)
    Ајде се надевам и тебе ке ти стигнат, no worries!
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    Невесто, што бидна, ти стигна фустанчето навреме?

    Имав и јас порачувано итно, требаше вчера да биде тука, и си стигна на точниот датум. Затоа многу си го сакам Асос.

    Уште едно прашање за сите. Кога се плаќа ДДВ, порано се плаќаше во пошта кога ја подигнувавме пратката, па дури тогаш ти ја даваа. Сега ми ја дадоа пратката само со 102 денари за некакви глупи трошоци. И имаше посебна уплатница со 497 денари за ДДВ кои треба да си ги уплатам. А фустанот веќе си го зедов, па некако комплицирано ми дојде целава постапка. Не ја ни забележав уплатницата кога земав таму. :wasntme:

    Сменале нешто во процедурата изгледа, кај сите е вака?

    Инаку, преубаво ми е фустанчето. (hollest)
     
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Женски, гледам има интересни маички за машки, ме интересира плаќањето преку PayPal ли оди? Процедурава со праќање нешто ко ebay и aliexpress e?
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    Си внесуваш број на картичка, толку е процедурата.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Не Ливинг, и уште го нема.
    Искрено незнам што е проблемот. Рокот за пристигање веќе помина.
    Секогаш ги добивам за недела дена или 10 денови најмногу.

    Тоа е,за некоја друга прилика ќе го имам во предвид.
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    Штета... Пиши им обавезно, ќе ти ги вратат парите или ќе испратат нова пратка, а и старово ќе ти стигне кај да е. Од Зави така направив кога доцнеше пратката, па на крај завршив со два џемпери по цена на еден. :lol:

    А твоето сигурно на царина заглавило некој ден плус.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Ќе почекам до крајот на неделата па ќе им пишам. Мислам дека проблемот е во нашите пошти. Во ек на одмори се најверојатно.
    Им верувам на Асос. :D
     
  14. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    Пристигна мојата прва нарачка од Асос.Малку каснеа со доставата овие од нашиве пошти дури помислив пратката ми е изгубена и нема да стигне па почнав да им праќам пораки на Асос.:lol:
    Инаку мислев дека ќе ми пристигне картонче за да пратката си ја подигнам од пошта но еден фин дечко ми ја донесе дури на врата што не очекував.За кавалитетот, на интернет може да изгледа едно а во живо друго да не се изненадите кога ќе ги видите работите во живо.
    Направив нарачка и од boohoo, британски бренд, имаат доста интересни работи по пристапни цени. IMG_2113.JPG
     
    На ivancekitty и Acka22 им се допаѓа ова.
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Имате искуство со враќање на пратки од асос? Нарачав една јакна, 6ка, сега ја мислам дали ќе ме собере, сомнителна ми е некако бројката. :?:
     
  16. marija_maca

    marija_maca Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас вратив чизми, ми ги вратија и парите за поштарина зошто целата пратка ми беше згрешена. Ако ти е мала јакната може да ти ја сменат ако има останато уште бројчиња, но нема да ти ги вратат парите за праќање на пратката (мене ме фати 600 денари). Мислам за 2 недели дека им стигнаа чизмите таму и ми ги вратија парите во рок од недела дена.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Денес ми стигна известување од Карго центарот на ТАВ дека ми е стигната пратката, заедно со копија од товарен лист и изјава. Не ми е баш најјасно, ќе ми ја царинат пратката и ќе ми ја пратат, а ова го праќаат во случај ако сакам да се откажам од пратката и царинење? Или треба да ја пополнам изјавата како дозвола да ми ја царинат пратката?

    Прв пат вакво нешто ми стигнува, а за пратка од 25 фунти се работи. Само да се комплицирало... (facepalm)

    @duffi , anyone else? :?:

    IMG_20160927_152957.jpg IMG_20160927_153355.jpg
     
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    За царинење како ќе им текне веќе ми е познато.
    Кај мене никогаш не стигнало вака културно да потпишам дали смее да се царини.
    Обично ми пишува на картончето сумата која треба да ја платам.

    Инаку да, имат право да го вратат назад. Тоа е на трошок на Асос.
     
  19. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Порачувам од Asos уште од 2011, а од пред година-две и од boohoo. На почетокот имав 2-3 утки што ги враќав додека да си најдам која големина ми одговара, а инаку презадоволна сум.
     
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Леле Дафи не знаеш што испадна со праткава... Откако пишав овде, вртам на бројот на ТАВ и ми викаат па тебе пратката ти е стигната од пред 10 дена, ДХЛ требало да ме известат, за 10 дена лежарина ми викаат 1500 денари до вчера, секој нареден ден за 100 плус, плус и да одам до Аеродром по пратката, па после и ќе ми ја царинеле... Среќа познавам некој таму, па ќе ми среди да поминам без трошоци, инаку претерано е...

    Јас после ова блокирав Асос. Не се осмелувам повеќе да ризикувам. :D