Здраво дечкиии! Денес за прв пат нарачав фустан од Асос, ми испадна 1000ка со се шипингот и треба да ми стигне до 18ти октомври. Е сега, прашањето ми е, дали ќе ме контактираат од пошта кога ќе стигне фустанот, дали таму ќе морам да одам да го подигнам или ќе ми го донесат на адреса, и дали ќе имам некои дополнителни трошоци што ќе треба да ги платам. Фала ви многу
Најчесто ти стига картичка со која што ќе треба да ја подигнеш пратката од пошта. На адреса носат само ако пратките се ептен мали и ги собира во сандаче. За 1000 денари не би требало да платиш ништо, ама понекогаш знаат да стават 100 денари ако ти го отворат пакетот на царина, ќе ти пишува на картичката дали и колку треба да платиш.
Знаете и некоја друга страна од каде што може да се нарачува вака слично како Асос? Ми треба свечено фустанче, а на асос со попустов сите мали бројчиња се дале
Да, boohoo.com имаат убави работи, инаку shipping е €5.00. а многу добри фустани има на missguided.eu со €4 shipping.
Да се приклучам на клубот - незадволни од Асос. Не знам што им стана, стварно си беа коректни порано. Лани имав едно фијаско со нив, не ми стигнаа две пратки, од којашто едната ми требаше за подарок и од тогаш раскрстив со нив. Парите ми ги вратија за враќање, ама после месец дена убедување со десетина мејлови. Процедура до процедура. Додека да стигнеш кај тој крајниот што одлучува дека стварно нема поента веќе да се чека потрошив драгоцено време оправајќи се. Ќе ги пробам другиве страни што сте ги препорачале, се надевам нема да губам време и со нив. Па еден Алиекспрес испадна покоректен од сите, сите до една нарачки ми стигнале.
Повторно јас. Фустанот што го нарачав требаше да ми стигне до понеделник, меѓутоа ни трага ни глас. Една моја другарка на ист ден со мене нарача фустан, неа и стигна вчера, мојот го нема.. можно ли е? Не идат у пакет пратките од исти временски периоди? Башка живеам во центар, секој ден е тука поштарот. Им пишав на асос, ми викаат да почекам до 29-ти Октомври што реално многу е уште 10 дена, не знам што да правам, а адресата ми е исправна 100 пати проверив...
Хекоу дечки! Имам вакво прашање: Често нарачувам од asos.com и нарачките обично ми варираат од 20 до 50 евра. До сега не сум платила дополнителни давачки при подигање на пратка. Денес ми стигнаа две пратки од asos.com со цена 40 евра и 42 евра (ги нарачав со разлика од една недела). На поефтината пратка видов дека и пресметале ддв и царинска проверка за доплата. Може некој да ми објасни на кој начин ги лупаат тие давачките? Као двете нарачки се од исто место со слична цена, и едната е со доплата! како?
Законски, секоја пратка која е поскапа од 22 евра треба да биде царинета. Но, јас порачувам веќе 5 години можеби од АСОС и од царина сумите ги ставаат буквално од ракав. Сега скоро еден фустан од 25 фунти ми го имаа царинето 1500 денари. Не отидов да го земам бидејќи бев многу болна и го вратија. Го порачав повторно и немав царина на тој пакет. Катастрофа е!!!
Порано имаше и многу подобар избор езнаев кое попрво го сакам сега неможам да изберам нешто убаво а и поефтини беа
па има...над 22 евра се плаќа ддв скоро 18% (17,8 не ме фаќај за збор) и над 40евра се плаќа 18 % царина..мене веќе не ми се исплати и се збогував со асос....
Kako se pravi naracka, registirana sum ,stignuvam samo do cekorot kade sto mozes da gi stavis vo korpa ,sleden prozorec za naracka nema ???
Кликни на корпата (bag) најгоре десно до saved items и во прозорчето ќе ти даде check out опција, кликни на тоа, внеси ги податоците од кредитната ако не ти се внесени и имаш најдоле place order и готово.
Kolku vreme voobicaeno se ceka, naracav nesto na porackata koga ja napraviv pisese do 10 mart , eve aber nema?