Јaс нaрaчaв нaoчaри и пo пишaнoтo требaше дa ми стигнaт нa 3 aвгуст, aмa не стигнaa. Еве веќе целa неделa пoминa, дa пoчекaм дo пoнеделник или дa им пишaм?
Уште не стигнaa. Не мoжaм дa се снaјдaм, кaде требa дa им пишaм декa нaрaчкaтa сè уште не е стигнaтa?
Прв пат направив нарачка пред една недела. Нарачката чини 12 фунти, плус 2.2 фунти за достава. Сега на темава читам дека при подигање се доплаќа уште нешто! Колку ќе ме чини фустанот? Се исплашив сега. П.С. Треба во пошта да одам, нема достава до врата?
смени си ја валутата во евра на сајтот за да ти биде полесно. ако ти е под 30 евра нарачката нема да треба да платиш царина. веке година дена буквално све нарачувам од таму од облека до чевли до козметика ,само еднаш не ми стигна нарачката и им пишаб мејл и одма ми ги вратија парите. досега сум мн задоволна се е така како што е прикажано на сликите. ке ти стигне картонче дома во сандаче,на него ке ти пишува дека имаш пратка стигната во пошта и тогаш ке одиш да си ја подигнеш
Дечки ме интересира какво искуство имате со препораките од Асос за кое бројче да го нарачате? Дали им се точни тие претпоставки? Јас земав еден фустан, се надевам ќе ми биде точен
Јас одамна имав порачано два - три пати од странава и материјалите ужас им беа. Фустните се од некој евтин полиестер. Одамна немам погледнато што имаат,може се подобриле нешто.
Околу 10 евра за голема кутија чизми пратена преку авион. Имаше и поевтина варијанта ама во пошта ми кажаа дека со авион демек било побрзо и посигурно, а и онака од асос ми вратија пари за шипингот бидејќи беше нивна грешка со нарачката, па не ми менуваше дали е поскапо
За две недели стигаат нарачките од Асос? Јас денес направив прва порачка и прв пат нарачав облека од интернет. На игли сум дали ќе ми биде се’ точно бидејќи сакам да си пробам на лице место за да видам како ми стои некое парче облека. Ќе може некоја поискусна да ми објасни како се враќа облека?
Да, за две. За враќање максимум 600 денари ќе платиш во пошта ама освен ако нема грешка во нарачката тогаш не ти ги рефундираат парите за шипинг назад од Асос. Така да ако си купила нешто поевтино и не се исплати баш да го враќаш ако не ти е точно.
Значи ќе ми ги вратат парите од порачката но јас ќе го платам шипингот за враќање? Ова зборам доколку нешто не ми е точно. Доколку е скроз утната нарачката (имаше на инстаграм еден дечко што му испратиле фустан наместо тоа што си порачал) тогаш и ми враќаат пари и они го плаќаат шипингот за назад?
Да. Доколку е скроз утнато можеш и да побараш и тоа оригинално што требале да ти го пратат да го пратат сега, ако не е out of stock. Ама прилично точни им се димензиите на страната (нели има како табела со обем, сантиметри и слично за секое бројче), тешко е ептен да утнеш нешто
Здраво женски! Нарачав два фустани од АСОС во вредност од 143 €.... Колку ќе платам царина? И други давачки дали има?