Оха дај боже нема да ми ја царинат...сеуште не ми е стигната нарачката, пишува до 13ти јули треба да стигне... да не треба да прашам во пошта?
Не, мене кога ми ја царинат ми доставуваат картонче, а кога не треба да плаќам ништо ми ја носат дома. Јас имам пратка која треба да ја добијам 12ти Јули, значи утре....па ќе пишам кога ќе ја добијам. Пред една недела имав пратка коа ми ја царинеа и ми каснеше цела недела, беше стасана во Мк ама на царина се задржа многу. Прашував неколку пати во пошта, почнале годишни одмори, се чекало малку бла бла... Сега оваа новава не ми е за на царина па се надевам ќе ја добијам брзо
Пратката ми касни веќе цела недела, на асос им пишав два мејла и уште немаат вратено. Во пошта ми бараат број на пратка и кога им го давам тој што ми е на страната на асос од нарачката, ми викаат дека тоа не е тој број што им треба. Каде да проверам дали пратката воопшто е во Македонија и уште колку да чекам за да барам рефундирање од асос?
Често каснат по една недела, би требало да ти стигне кај и да е. Ако не ти е со express shipping не можеш да провериш дали ти е во мк. За рефундирање мислам беше пред истекот на еден месец од нарачувањето. Мене па одма ми враќаат на мејловите, не знам зошто тебе вака
Девојки, имам пратка која требаше да стигне на 14ти, уште ја нема. Претходните нарачки секогаш ми стигале на време. Ви се има ли случено вакво закаснување и дали ви стигнала пратката на крај?
Асос дава 10дена плус од рокот. Ама пиши им, ќе ти кажат дали може да проберат и ќе ти предложат решение, пари назад или по дхл нова пратка.
Последната нарачка од Асос ми стигна точно на датумот што ми го даваа. Нарачав костими за капење од Pretty little thing(онлајн бренд, доста инста инфлуенсери ги рекламираат), искрено на интернет имаа многу лоши коментари за самиов бренд и нивниот шипинг, но испаднаа совршени. Имаат доста евтини ствари на Асос, кој го интересира. Спојлер
и мене ми стигна последната пратка на истата дата,се зачудив. обично ми стига ливчето од пошта 3,4 дена од датумот што ми е даден. јас од козметика до облека се нарачувам од таму, и секогаш се ми стига на време ,само еднаш не ми стигна фустан и им пишав и одма ми ги вратија парите, па пак го нарачав одма истиот фустан и тогаш ми стигна.
Здраво, имам прашање до останатите членови кои имале искуство со АСОС...Дали некој има нарачано фармерки или панталони? Ниска сум и слаба сум па затоа многу тешко наоѓам фармерки кои ми се точни и ми стојат добро. Видов дека на АСОС има Petite линија за облека во која има фармерки кои се со помала должина и има во многу различни броеви. Има и калкулатор каде според твоите мерки ти дава број го би бил соодвенетен. Дали препорачувате да нарачам? И ако не, од каде би можела да најдам фармерки во помал број? (158 цм сум)
Види ги мерките по табелата, измери се, само така ќе го добиеш точното бројче. Јас се што сум нарачала ми се има погодено. Ги следам мерките секогаш.
Девојки ви ги имаат царинето нарачките од Асос? Порано имам нарачувано за околу 50 евра патики и имам поминато без царина. Сега нарачкава ми е околу 60-тина евра и ми е страв да не ми ја царинат, и се мислам дали воопшто да нарачувам. Зошто ако ми ја царинат ќе ми дојде сума иста ко кај нас на патикиве Совет некој?
Дали пратката од Асос стигнува на датумот кога е назначено?Или доцнат? Прв пат порачувам од таму и искрено не знам што да очекувам? И Царина и данок над која сума се наплаќа?
Обично стигнува околу назначениот датум во мејлот. Но знае некогаш да задоцни и сепак да дојде. Во секој случај Асос е најкоректна онлајн страна за мене,нарачувам веке 8 год.Се случило да не дојде,ги враќаат парите или праќаат нова пратка.Еднаш ми се случи да пратат погрешен артикл, им го сликав и им го пратив,бидејки беше нивна грешка,ми рекоја да го задржам ,а воедно и го пратија тоа што го имав нарачано. Имаат доста квалитетни брендови.За царина обично до кај 45 еуро.поминува но зависи нашиве како ке бидат расположени.
Ако е нивна грешка (ти испратиле грешен број или продукт), пиши им и ќе треба да им ја сликнеш сметката од пошта за да ти ги рефундираат парите за враќање, а ако тебе едноставно не ти се свиѓа продуктот и сакаш да го вратиш тогаш не ти враќаат ништо, и чини од 300 па нагоре во зависност од големина/тежина на пакетот.