Јас имам visa debit card и со неа си направам онлајн купување. Само треба во банка да нагласиш дека сакаш да ти овозможат онлајн купување.
На пратка од 40 евра , колку ќе треба да платам? Гледам ДХЛ пишале 1600 за они да ти посредуваат, 350 денари за молба дека не треба да ја царинат пошто е испод 44 евра, и уште колку? Ќе испадне ко две прати да сум земала ебате.
не е точно. со пратката ти стига лист, кој треба да го пополниш,и стави го заедно со пратката . ќе си одиш во пошта и ќе ја испратиш. кога ќе им стигне ,ќе ти ги вратат парите. мене два пати ми нема стигнато нарачка, им пишав на мејл и за неколку дена ми ги вратија парите. а еднаш ми стигна пратка покасно од тоа што требаше и мене веќе не ми требаше и им ја вратив одма повратно со поштарот што ми ја донесе, штиклирав на листот дека причината е дека не ми се свиѓа или дека не ми е точна,не памтам шсе, и тогаш исто ми ги вратија парите.
Девојки јас обично носам 36 еу, ама сакам да си порачам нешто од асос нема еу само ук има. дали може од тие броеви кој одговара највеќе со еу 36?
Здраво, ќе сака некој што има нарачувано да ми објасни кога има дополнителни трошоци при нарачка (царини, даноци и сл.), колку се плаќа и дали висината на царината зависи од цената или од тежината на пратката?
Чекам нарачка пратена на 21 март. Каснеле олку нарачки од Асос? И една друга лоша вест, шипингот од вчера е зголемен од 3 фунти на 8
И тоа минимум цена за фри шипинг е сега 55 евра (мислам 30 беше до скоро?). Инаку и мене ми касни 2-3 дена нарачкава од Асос, ама ќе почекам до петок ако не стигне ќе им пишам на месинџер дали имаат абер или тракинг бројче. Можеш да им пишеш таму, брзо враќаат.
Да 30 беше. Им пишав јас и ми рекоа да попрашам по комшии да не е кај нив или во пошта. Ќе почекам уште некој ден и ќе им пишам пак. А две нарачки имам и вторава касни.
Ти стигна ли пратката? Мене ми касни скоро две недели, се мислам дали да им пишам, да не стигне во меѓувреме... Многу лошо што каснат волку
И јас уште чекам, а фустан за свадба ми е... Им пишав и џабе, ми рекоа провери по комшии да не е, провери во пошта (а таму бараат тракинг број, кој не постои за нарачкава), и ако не стигне до 30ти април да сум им пишела пак.
Прашав во пошта, ми кажаа дека има застој на сите пратки на аеродром и дека ако немам тракинг бројче едино според адреса да прашам во делот од пошта каде што ги чуваат пакетите