И мојата пратка ја нема, ја нарачав на 1 и уште не ми стигна. Прашав и во пошта ми кажаа ако немам тракинг бројче никако на друг начин не може да проверат. И мене ми требаше за свадба ама изгледа ништо работа
не нарачувајте никогаш во период на празници, секогаш е каша попара тогаш. мене секогаш за две недели ми стигаат работите, освен два пати кога фатив празници. католичкиот велигден беше претходната недела и сите пратки се во застој.
од 3 евра сега е 11 евра. а за да е бесплатна испораката треба нарачката да е над 55 евра. катастрофа
нарачав пред два дена и ми стигна дека ќе стигне на 17ти,значи од 10 дена сега на 17 дена го зголемиле рокот. Јас не можев да чекам толку и експрес платив и ми се јавија денес од дхл дека ми е стигната. 17 дена плус неколку дена кај нас во пошта ги бафтаат, така да кај и да е ќе ти стигне картонче дома
никако веќе нарачување експрес, ми дојде памет за нарачка од 70 евра платив 150 евра . ми се плаче. царина 2000 денари а дхл ми земаа 1700 денари за нивната услуга што ми го донесоа од царина до дома. не се здрави.
Јас се презачудив кога пиша дека DHL чекаш да ти ја донесат пратката, прескапи се . Ќе си чекам подобро секој ден со надеж дека ќе тропне поштарот на врата . Ми се смачи од чекање искрено, ова ќе да е задњи пат како нарачувам од Асос.
И јас ја чекам мојата пратка уште. На 23 мај требаше да стигне. Дали ако ја царинат, се чека подолго? Ако е царинета, треба картонче да ми достават дома така? Инаку, до сега се што сум нарачувала од асос ми е стигнало.
Здраво. Сакам да нарачам од асос една Карл Лагерфелд ташничка која е 200€. Така шипингот ми е гратис меѓутоа прашањето ми е колку ќе треба да платам дополнителни кај нас за царина?
Ова со чекањево е стварно неподносливо да не зборувам за новите shipping цени. Нарачката ја направив на 9 Мај сега е 11 Јуни и уште не ја добив Наместо уживање ова во се претвора во грижа и стрес
И јас после месец и пол ја добив пратката... И сега со 11 евра шипинг, не се исплати ништо да купиш. За бесплатна достава мора 55 евра да платиш, а на тоа ти следи царина Единствено, ако на некој му се порачува нешто ситно тука да пише па да се собереме повеќемина и да поделиме shipping costs. Пример, јас сакам еден шешир од 13 евра да порачам, ама ми излегува 24 сосе испораката. Некој за друштво за порачување?
Ептен го зезнаа, многу беше добро претходно. Јас и козметика и тракатанци ,се од таму ми е. а и доставата е променета, мене се ми стигало за две недели. ако земам нешто ,ќе ти пишам.
Јас му откажав љубов на Асос, веќе не се исплати воопшто. Штета, со години порачувам од таму, имам еден куп нивни работи и сите ми се погодиле, ама... Толку е веќе, што е многу, многу е.
Исто. Последната нарачка ми стигна за еден месец а претходно што сум нарачувала ми стигаше за две недели. И shipping-от сега, прилично е скап. Штета баш.