Прва нарачка на Асос ми била 2009 год. Куп работи од таму,сега не се исплати веќе,за жал. Им пишав за поштарината.ми одговорија дека биле покачени цените во меѓународниот поштенски сообраќај. Да протестираме.
Јас пак сеуште не им откажувам љубов на Асос Од кога е покачена минималната нарачка за бесплатен шипинг, направив две нарачки од 40£ кои стигнаа навреме и за среќа поминав без царинење Инаку еден хинт - кога валутата е наместена во фунти испаѓа нешто помалку од 55€, поточно со 40тина фунти (околу 2800ден) вклучен е free shipping
Луѓе само Shipping плаќате екстра, не царини тука? На адреса ти носат, или од пошта главна треба да си подигнеш?
sekoja pratka nad 30 evra se carini vo nasava zemja. jas sega ja podignav mojata,za 55 evra prativ 170 denari carina. postarot nosi do doma samo ako e nesto mn sitno i ako moze da si go stavi od torbata. ako ne ti go donese ti ostava kartonce so napisano od kade treba da si ja podignes pratkata.
А по ново ,по кого ги праќаат пратките над 50 еур? Царината не е страшна,ама ДХЛ ако ги носат триста трошоци ке стават.
170 денари на 55 евра? Многу малку ми изгледа ко за царина. Треба да е 18% ДДВ и 15% царина ако не се лажам? Последниот пат платив над 1000 денари за околу 60 евра. А некогаш не ми барале, па испаѓа како ќе ти се посреќи со праткиве.
мене ми се јавија на телефон од пошта и ми рекоа дојдете вредносна пратка имате и отидов во пошта. 170 ден платив за царина не е страшно, 55 евра ми беше нарачката. дхл никако луѓе. толку беше и јас се зачудив... може се сменило нешто
А имаше ливче од царина? Отворено беше пакетчето? Мислам дека не си платила царина туку некоја друга ставка. Мала ми изгледа сумата некако.
Не е царина ова. Посебна уплатница даваат за царина. Ова ќе да е лежарина во пошта што се плаќа. Инаку царина +ДДВ би ишло. Не те царинеле изгледа.Те промашиле ,се случува
не беше отворено, ми даде само ливче да се потпишам. иначе на пратките од асос налепницата со цената надвор е залепена на кесата,не ги отвараат. иначе фустан беше.
Моите ги отварале, баш за тоа се нервирав, дека им е напишано се' а пак отвараат. Процедурално е. Тебе не те царинеле, си избегнала по случајност. Радувај се. И со здравје да го носиш!
Ми отворија мене јакна, спакувана беше во картонски пакет,кога ги прашав зошто,процедура ми викаат,еве се потпишале тројцата што го отвориле пакетот Да се чудиш. Е тогаш ми наплатија,отварање и лежарина,ситна сума исто беше.
И јас сум им многу лута, поготово што за другите земји горе-доле остануваат истите цени за шипинг. Ова е премногу и веќе им се пожалив дека со новите цени нема да можам да нарачам ништо, ама кои сме па ние во мк за нив? Останува да се надеваме дека ќе се смени нешто
Да,за државите од Еу.Нас како дел од светот не рачунаат,една цена за Бугарија,друга за нас. Им пишав дека е дискриминација ова. Три мејла ми напиша после тоа .
Два пати нарачав откако е сменета шипинг полисата. Првата пратка ми беше 55 евра и платив 102 денари - тоа е за отварање тарифата. Сеа ми стигна лифчето за втората пратка, исто 55 евра ме фати (али со пром код).. и на лифчето сума 1453 ден за плаќање holy shit.. сеа ќе одам да дознавам fee breakdown.. не е нормално.. као ташничка и два партали се нарачани
И јас немав среќа со третата пратка откако е сменет шипингот пратка од 70тина евра ми ја царинеа 1600 денари ама преубави парчиња стигнаа, се тешам дека вредеше... И сега нормално после секое вакво искуство ќе паузирам некое време, ви се придружувам во лутината