Изгледа наплатиле нивни трошоци од ДХЛ+ДДВ. Јас мислам до тежината на пакетот е,не до вредноста,баш провери дали и кај мајка ти е тежок пакетот 2кг. Еве скриншот од мојата пратка,не е со ДХЛ пратена. И уште ја чекам, требаше до 8.01 да стигне.
Ново известување пратката на мајка ми чизми стигнаа со ДХЛ, 87€ не тежат 2кг. Им напишав да ја вратат назад. Нарачките се од 07.01 и 12.01. Стигнаа за рекордни 2 дена. Јас се збогувам со Асос.
Стварно не ми е јасно по кој критериум ги праќаат со дхл.Ко од ѓавол треба да се бега од дхл. што штиклиравте при нарачката стандард ? А да им пишеш на фејс,побрзо одговараат таму.
7 години нон стоп порачувам, ова никогаш не ми се има случено. Сум порачувала и во странство за повисоки суми, но никогаш не пристигнуваат со ДХЛ. Не разбирам навистина. Плус пристигаат како итна пратка за 2 дена, а се е порачано со standard delivery, на нарачките си пишува дека ќе стигнат за 12 дена како и до сега, но за жал се случува ова Ако ги подигнам сите 3 пратки од ДХЛ 7.500 ден треба на ДХЛ да им дадам
Изгледа по случаен избор ги праќаат по дхл. Порано,зборам 2009 некаде ,само поскапи и побрендирани парчиња ги праќаа по дхл,ама тогаш не бараа нашиве трошоци и чудесии.Ја добиваш пратката за 2 дена,а не плаќаш ништо. И сега всушност овие од Асос не се криви. Туку нашиов дхл си додава трошоци.
Да, всушност работите се на Асос и се многу намалени. Јас сум порачувала и фустани од 100€, па пак си доаѓаше регуларно. Баш ме интересира доколку има некој со пратки од 1.1 дали ке се преку пошта или дхл.
Preku dhl stigaat bidejki imate poveke raboti naracano,podobro raspredelete gi vo poveke naracki otkolku vo edna dokolku naracate samo edna rabota ke vi stigne preku posta i jas imav takov slucaj i mi objasnija od asos.
Конечно, капутот за мајка ми е пуштен нормално со УНТК Што се случи со минатите пратки навистина не разбирам :О Се работи за еден пар чизми, и предходно сум порачувала по повеќе работи па ми праќале стандард. Пратив погоре дека немале одговорност како ке ги пратат работите, тоа системски одело.
Нарачав патики на 05.01, денес ми донеле картонче да ја подигнам. Цена околу 60тина евра. Стандард деливери, а ми пишува да си ја подигнам од пошта и да платам 850 денари. На која основа да дадам 850 денари? Зарем ДДВ е тоа?!
Да ве прашам, кога нарачувате дали следите што ви кажува ова fit assistant ? Ме интересира дали е корисно воопшто.
Да мислам, pretty accurate e. Јас до сега не сум имала утка со број освен некое парче од Asos petite, што се видно помали.
Сакам да нарачам нешто од Асос, на попуст е 94 евра, со промо код ми излегува 70 евра. Дали ќе има царина на нарачката или само ДДВ?
Веројатно само ДДВ. По новите закони не би требало да подложи на царина. Кај мене не беше ни чепнат пакетот, ни отворено. 45£ платив. Плаќај во фунти, поефтино е, отколку евра.
И мене ме заебаа со ДХЛ кога ми пратија два пара чевли кога порачав, и морав да ја вратам пратката зошто таа чинеше 40 евра а ДХЛ бараа 50 евра за откуп - ма дај! Можеби со чевли и поголеми пратки праќаат преку ДХЛ? Не ми е јасно како може да немаат назначен вид на shipping туку лотарија да е секое порачување, да се молиш пошта да ти се падне наместо ДХЛ. Се мислам сега дали да си порачам фустан за свадба или не...