Мене ми го донесе пред врата дечкото од ДХЛ Дали ти беше во пакет пратката? Едно парче ми стигна со ДХЛ Нема правило дали е едно или повеќе.
А јас се тешев дека можам по едно да нарачувам. Тогаш ништо. Бај бај Асос, додека не го средат дхл кај нас.
Предходно сум порачувала се и сешто, секогаш во најлон ми стигнуваа, сега и еден пар чизми ми го пуштаат со пакет. Се што е во пакет ми стигнува преку ДХЛ.
Затоа се ДХЛ пошта, еден куп пари за сам да си подигнеш, срамота! Самата политика на ДХЛ е достава на врата. Ако не се побунеше ништо од доставата.
Само еднаш одамна имам нарачано од Асос балетанки и ништо дополнително не платив, ама веројатно било чиста среќа. Ве исчитав и се изнервирав, не би се осудила да купам ништо во блиска иднина ради вакви глупави малверзации, а штета зашто баш убави работи има на Асос и они си се супер, ама на кои луѓе кај нас. Лопов до лопов собрани. Испаѓа дека и на попуст ако си нарачаш нешто, тука ќе го преплатиш со додатните трошоци и поскапо ќе ти испадне од оригиналната цена на парчето без попуст. Срамота, не знам само на кој основ наплаќаат „додатни царински трошоци“ кога тие квази додатни трошоци се расчистуваат пред пратката да стаса во нивни раце. Каде би можеле да се пожалиме за ова? Знаат ли од Асос дека нè дерат како магарешка кожа?
Јас им пишав 100 пати, за жал Асос не се замара со трошоците на ДХЛ во нашата земја. Ми пишаа дека не смее да има давачки освен ако има царина (зависно од државата).
Јас завчера јакна нарачав и стопати проверив како е пратена, пишува со standard delivery. Кога ви ги праќаат по ДХЛ, ваљда ќе пишува и кај нарачката, а? Се молам само да е пратена стандардно. А за тоа какви лопови се ДХЛ, не ми се ни збори. И како наплаќаат царински услуги за роба која законски не подлежи на царина да ми е да знам
Да пишува ако е ДХЛ. Стандардно е УНК мислам. Така да оспокој се. И спортсдирект имаат достава до нас. Ама само поради трошковите на дхл, не сум се осудила да нарачам до тука. Само Бг. А они исклучително само со дхл работат.
Ако е пратена со ДХЛ веднаш штом се процесуира нарачката, на акаунтот на АСОС ќе ти излезе track order и кога ќе кликнеш автоматски ќе те префрли на страната на ДХЛ. Да е ДХЛ до сега ќе те контактираледа ја подигнеш, ептен експресни се за да земат пари Ја напишав една поплака на страната на царинска управа. Баш ќе видам дали ќе одговорат, па ќе ви пишам. И друго ме интересира ако некој е запознаен. Од други страни кога нарачувам пишувам бугарска адреса и нарачката ми стига во Бугарија и не се замарам со вакви глупости. Пробав и со АСОС ама не ми дава да нарачам на бугарска адреса.
@BoaVista ај пробај види како ти е billing и shipping address. Billing нека ти остане оваа во Мк, стави ја shipping во Бг. Т.е. смени ги подесувањата на профилот на Асос. Пробај дали може вака.
Да да, проверив, со standard delivery е пратена Си пишуваше и во delivery method дека е стандард, ама да се осигурам
Ама на секоја пратка ди пишува “standard delivery”, откако ќе ти пристигне дека ти е испратена имаш линк на кој се следи праткатa, тогаш ке ти излезе или ДХЛ или нормалното trackpack.
Зависи, некогаш веднаш после 15 минути. Сега имам нарачка од неделата, сеуште не ми е испратена. Кога има попусти многу каснат
значи за пратка под 50( или 90 евра ) се плаќа 11 евра достава и тоа плус ДХЛ 1000-1600? Ова е претерано ....