После се што читав тука, ми беше страв да нарачам од Асос, иако порано доста нарачував. Ајде собрав храброст пред две и пол недели, нарачав, 43 фунти нарачка, стигна, ништо дополнително не платив. Ја пуштија стандард, не со ДХЛ, фала Богу.
Ова со Дхл е ненормална работа, лани го имав истиов проблем со нив, еден капут ми стигаше 3 пати преку Дхл и три пати им го враќав, им пишував и нив и со Дхл се обидов да се разберам, дури и лично отидов до Дхл, џабе. Од асос добив глуп одговор дека не е до нив, куририте така ги распоредувале пратките (лотарија), а на Дхл одговорот беше дека тоа им се царински трошоци и лежарина (иако отидов истиот ден кога ми стигна меилот од нив, лежарина се плаќа ми вика) на крај не се разбрав ни со едните, ни со другите и се откажав од капутот... траги-комедии. Исто и кога сум нарачувала поголеми пратки повеќе од три парчиња заедно, ми праќале преку Дхл... Во последно време гледам да се помали пратки па фала богу се ми стига преку тракпак. Никаде не се плаќа дополнително за Дхл освен кај нас. Страшно! Они како шпедиција тие работи за испорака им се покриени од асос чим соработуваат со нив, ама пошто ова е Македонија кој како сака си прави Што и да ви стигне преку Дхл, на нивниот меил пишете им пратката да ја вратат назад на асос, а асос ќе ви ги рефундира парите. П.с незнаев дека е нов закон донесен (до 90 евра царина), ако не дознаам од фемина нема од каде wish me luck да ме израдуваат со тракпак на следнава нарачка
Девојки, ако нарачам со express delivery, пак се доплаќа на Дхл, или во тој случај бесплатно го испорачуваат?
Дека се имам зезнато претходно со два пара чизми кога нарачав мислам дека ради тежината ги пратија преку ДХЛ, па поради големи трошоци не ги земав и ги вратив. Сега сакам 3 пара чевли (еспадрили) да си порачам, што препорачувате - да ги порачам сите заедно или да ги разделам во 3 нарачки (или и така ќе ги пикнат во една пратка?)
А да не сака некоја да ме прими во нејзината нарачка или на мојата да се приклучи, сеедно. Вака треба 8 фунти за секој пар да плаќам посебно, па ако на некој му фали одредена сума за нарачка може да се споиме да порачаме за бесплатна достава.
Девојки, дали некоја од вас одбила да прими нарачка од ASOS преку DHL. И доколку сте ја вратиле пратката, дали ви наплатиле трошоци за враќање на пратката назад. Затоа што дотичниот Данило ми пиша дека некој треба да го плати враќањето на пратката. Знаете ли каква е процедурата околу тоа?
Дечки дали добро укапирав, асос има бесплатна достава,за помалку од 55€ нарачка? Кога ке отворам за достава ми дава само колку кошта express delivery?
UK имаат укинато деливери по пошта кон Македонија општо. Веројатно ради ситуацијава. Ќе си патиме сеа
И јас до вчера што разгледував беше океј. Денес сакав да нарачам и видов дека ниеден seller на ebay од UK веќе не шипа до Македонија. Плус еве и Асос шо не дава стандард деливери.. It all sorts out https://www.asos.com/customer-care/delivery/why-arent-some-of-your-delivery-options-available/
Кажи ми што направи со пратката? Истото ми се случи вчера, истиот тип ме контактираше. Имено, нарачав креми за лице преку Look Fantastic, и тие имале некои промени со шипингот, во табелата за шипинг за Македонија уште им стои дека е FREE за стандард шипинг, а мене нарачката ми беше 27 фунти. Они ја пуштиле со ДХЛ Експрес и вчера ми се јави Данило и мејл ми прати и му пишав да ја врати пратката назад дека не планирам да платам 2000 и кусур денари за три креми...Ми врати нешто во смисла - А кој ќе ги подмири трошоците за враќањето назад? Во меѓувреме ги контактирав од Look Fantastic за проблемот и ми рекоа дека ќе ми ги вратат парите кога ќе стигне пратката назад, а не знам дали они ќе подмират за трошоците за враќање, ќе видиме На сајтот на ДХЛ во terms and conditions го најдов следново и денеска му го испратив на Данило на мејл: На ДХЛ за интернационален шипинг за вакви случаи важи ова: ...if Receiver refuses delivery or to pay Customs Duties or other Shipment charges, DHL shall use reasonable efforts to return the Shipment to Shipper at Shipper’s cost. (https://www.dhl.com/en/express/shipping/shipping_advice/terms_conditions.html) ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------ Ова мора да важи и за нас бидејќи важи за интернационален шипинг на пратки. Сè уште ми нема вратено на мејлот Пазете се со ДХЛ Експрес, на секој начин гледаат да земат пари, ако не знаеш како да се одбраниш, на крај ќе си платиш за жал.
Истото ме праша и мене, јас ги исконтактирав ASOS и од таму ме информираа дека се што треба да направам е да им кажам на DHL дека ја одбивам пратката, и истата ќе биде вратена без дополнителни трошоци за мене. На Данило му го цитирав истиот правилник, заедно со извадок од законот за поштенски услуги и го известив дека ASOS ме информираше дека јас немам никакви дополнителни трошоци. На последниот mail не добив никаков одговор од DHL. Дали тебе ти одговорија нешто во врска со тоа што ја одбиваш пратката? Еве поминаа 16/17 дена и сеуште не знам дали пратката е испратена назад или сеуште ја чуваат на царина. Се обидов да ги исконтактирам ASOS и сеуште чекам одговор од нив, ако не ми вратат за неколку дена, повторно ќе им пишам на DHL. Се надевам нема да не зезнат и да не ја вратат пратката...
А дали од асос ти вратија пари за тоа што имаше нарачано или тие пари ти пропаѓаат? Претпоставувам дека ако сте се договориле за full refund дека кога ќе им стигне назад и ти вратат пари ќе знаеш дека е вратена кај нив. Јас така се договорив со од look fantastic, тие ми рекоа штом ја добиеме назад пратката ќе ви ги вратиме парите...Не ми вратил ништо Данило на мејлот не верувам ни дека ќе врати, се надевам само дека ќе ја врати назад ☺️ Фала ти на инфо!