Јас порачав. Порано, кога порачував од Асос ги делев производите на повеќе порачки само за да имам фри шипинг и се надевав дека ќе ми ги пратат со обична пошта. 50-50 беше работата. Пола ми ги праќаа со обична пола со ДХЛ иако не беа тешки над 2кг. Тие од ДХЛ Експрес ги враќав. 4 пратки вратив. Сега скоро порачав поскапа пратка, овојпат платив 15 евра за Експрес Шипинг, мислејќи дека овојпат ќе пратат преку друга пошта, а не ДХЛ Експрес како стандардниот (standard shipping веќе не е достапно за Македонија) Ми стигна есеј од ДХЛ Експрес, како по обичај, за давачките. Чекам уште да ми кажат колку давачки се во прашање, откако ќе ми одговорат, ако е над 1600 денари (а најверојатно и ќе ми ја царинат, над 90 евра е), ја враќам пратката. Ни 1600 не ми се исплаќа да платам, искрено, скапи работи купив и плус 15 евра за достава. Пишав и на АСОС по десетти пат за истото, сега очекувам ист одговор да ми дадат како и секогаш. Дека не е до нив, не можат да бираат по што да пратат, не се тие одговорни за дополнителни трошоци.. Искрено, ужас. Многу ми е жал што вака прават. Никогаш не успевам да си го најдам во Мк тоа што го наоѓам на Асос. Update^ 100 евра ми бараа Ја одбив пратката..
Значи не се нормални Што убаво беше порано на Асос. А сега пробав ,гледам нема стандард поштарина како опција.
Се се сведува на профит, првично ја имаа зголемено цената на стандарден шипинг, исто така ја имаа зголемено и минмалната сума на нарачката за бесплатен шипинг од 21£ на околу 40£. Се помалку се исплаќа да нарачуваш, а има многу убави работи шо не можат да се најдат низ бутиците во МК.
Со стандард многу луѓе губеа пратки или пак се правеа дека губат за да им ги вратат парите. Не верувам дека повторно ќе пуштат
Јас пред некоја година имав нарачано од Асос. Кога им пишав дека нарачката веќе два месеци ја нема, а во пошта ми рекоа дека мора да имам бројче за да видат дали е стигната, ми вратија дека во пошта можеле тоа да го видат и само со име и презиме. Ниту нарачка, ниту пари назад видов.
Јас во последните 8 години само два три пати сум добила бројче за следење. Тоа беше една зима/пролет и никад веќе од тогаш.
Jas imam naracano nekolku pati vo poslednite godini, i ne sum imala problem dosega. Ednas ja dobiv narackata za 5 dena Ama sega, dodeka sum vo Makedonija, ne veruvam deka ke naracam vekje, preskapa e postarinata.
Јас никогаш со стандард не сум добила број за следење на пратката. Инаку имам тетка што работи во пошта и оваа информација ми ја кажа она
Дали има некој наш што живее на балканов и дали има нарачувано од асос? Дали исто пракаат по дхл и е иста приказна како у мк со дополнителни давачки на дхл?