Не ми е јасно, ако платам 20 евра плус express delivery и ако ми ја пратат нарачката преку DHL ќе си доплатам плус пари? Или тоа влегува во тие 20 евра?
Да. Плаќаш достава кога вршиш нарачка, значи 16 евра експрес деливери. За 3-4 дена ти ѕвонат од DHL Express Македонија и ти кажуваат дека имаш пратка, ти праќаат меил за пратката и во меилот ги пишува сите трошоци. 1593 денари за ДХЛ и плус ако ти ја царинат пратката 18% значи уште пари. Последно ми бараа околу 5000 денари вкупно за пратката, немав цензура во одговор на меилот и им реков дека вршат кражби со такви трошоци.. Па ми се правдаа дека се' што прават е легално и во склоп со нашите закони. Нормално не ја земав пратката. Од тогаш бегам од ДХЛ максимално. И така
Баш ми се допадна страната.Те молам кажи ми дали имаш искуство со нив и дали имаат добар квалитет? Исто ме интерисира дали знаеш колку се наплаќа за достава?
Јас имам купувано нешто од pretty little thing, али преку Асос. За квалитетот читај ги составните материјали, зашо некои парчиња толку лоша синтетика беа.. и плус се ептен tight fit. Јас носам С, пример, и нивниот С ептен е припиен до тело. Со самата онлајн продавница немам искуство
Ми треба помош, сакам да си порачам сандали, јас генерално носам бр 38, па дали и од АСОС 38 да си порачам? Друго што ме интересира, за колку време стига пратката и колку се плаќа при доставување. Фала Вии однапред
Јас имам нарачано обувки од Асос, и true to size испаднале за мене, по специфично, чизми, балетанки, и кондури, сандали не досега. Сега тие што купиле можат да ставаат коментар како им се, па таму прочитај за точноста. За доставата, имам нарачано само со бесплатен шипинг, ама сега моментално се плаќа, па прочитај погоре за искоството на другите со ДХЛ. Мислам дека не вреди сега да се нарачува.
До сега имам нарачувано ситници и сите ми стигале преку пошта, сега имам поскапа нарачка и мораше да оди преку дхл. Бидејќи многу пари бараат дхл дали некој знае дали може да ја вратам нарачката да не ја подигнам преку нив па од страната кај што имам нарачано да ми ги рефундираат средствата?
Ко шо пишуваат другите на групата, можеш едноставно да не ја подигнеш, па штом се врати ќе те рефундираат. Или директно можеш на Асос да им пишеш дека нема да ја подигнеш, па ќе те рефундираат. До пред некое време немаше стандард деливери до кај нас. Еве денес гледам има. Кога идеш checkout, ти дава да избереш земја, да пишеш адреса, и кои ти се опциите за достава.
Баш и јас сега приметив дека ја вратиле опцијата стандард деливери, односно бесплатна достава за износ над 60 евра.Ме интерисира дали некој сега нарачувал, зашто цело време нешто менуваат?
^ и мене ме интересира. Во Мк преограничени сме со plus size. Најнејќам облека онлајн да купувам, ама немам ни баш избор.
Јас Нарачката стигна во рекордни 10 дена бев во шок, никогаш побрзо и ДА конечно функционира. Предходно во ноември имав две нарачки кои никогаш не ги добив But obviously - water under the bridge now
Ми стигнаа, нарачана на 03 Март , стандард деливери P.s не било месец ипол, изгледа долго ми се видело чекањево
Немам нарачувано претходно од Асос па би сакал да прашам доколку некој има нарачувано во скоро време.За колку време стига од прилика (поради ситуацијава)? Дали Standard delivery e обична пошта? Дали доколку нарачам со Standard delivery(платам на страницата 11евра) потоа во Македонија ке имам дополнителни трошоци(зборувам за пратка од 33 евра без вклучена достава)?И дали доставата се рачуна за царинење(Пр. маицата е 44 евра и на неа нели се додава и поштарина од 11 евра што би дошло 55 евра) е сега маицата е под 50 евра и не подлежи на царина и тоа ама со достава е 55евра дали тогаш би ми ја царинеле?
Царина се плаќа за пратки над 90 евра. Така шо со 55 евра си ослободен од царина. Сумата ја гледаат со се delivery fee-то. Standard delivery е пратка по обична пошта. Е сеа, има и давачка ко 18% ДДВ што не секогаш ја ставаат. Поретко би рекла, и е скроз арбитрарна. You never now when you’ll get it ама најчесто е ако имаш некоја поголема пратка, со повеќе итеми, па ја отвараат за да видат шо има. Околу 3 недели стигаат стварите од Асос, горе доле.