Дали сте вратиле пратка од Асос? Ако да, колку ве чинеше, и за колку време ви ги вратија парите? Јас вчера ја добив нарачката, и многу се разочарав. После месец чекање, погрешен продукт ми доставија. Зборував со нив, бидејки е нивна грешка се согласија да ми ја вратат и поштарината. Се надевам така ќе биде.
Сега пред малку пробував да порачам од АСОС (неколку пати се обидував но залудно).Дали некој можеби знае каде грешам?
Да си одговорам сама си, може ќе му служи на некој. Ги испратив чевлите по пошта, тежеа 500гр и ме кошташе 320 ден поштарина. Парите за чевлите ми ги вратија пред неколку дена.
По колку дена обично ви доцни нарачката? Јас требаше да ја добијам на 29ти Април но сеуште нема ништо.
Ај да пишам може на некој ке му користи. До нашата царина е, ја добив пратката од 29 Април дури денес. Ја користев опцијата за бесплатен шипинг над 65еур. Па ми беше пратена по стандардна пратка. Е сега затоа што беше пакет-јакна платив данок и услуга од царина, вкупно 1000ден. Реално очекував да ме царинат затоа што пакетот беше прилично голем. Се на се задоволна.
Да се надоврзам на kolovoz. Нарачав на 11 Мај кога беше попустот и почекав за испорака 3 дена. Од како ја пратија на трак ме префрлаше на дхл и имаше тракинг информејшнс. Искрено, чекав дхл да ми испратат фактура и да ја вратам нарачката, но, денес ме израдува поштарот. Ми донесе до дома, ни ддв , ни други дополнителни трошоци. Се работи за 70еур. П.с како не стигна преку дхл а ме пренасочуваше кај нив, не ми е јасно, прв пат ми се случува.
И мене ми стигна по обична пошта.Беа 3 блузи севкупно околу 55евра не платив ништо екстра при подигнување.
После неколку години со нарачки од Асос, прв пат за последнава нарачка платив царина. Вредноста беше 70 евра.
Заборавив да напишам.Ми стигна нарачката од Асос,еден ден пред предвидениот датум,стандард шипинг,вредност преку 50 евра без царини и други трошоци. Асос се враќа како што беше ,без лешинарите од ДХл кај нас .
Не разбирам зошто 99% од производите на попуст (Адидас, Пума, Calvin Klein) немаат достава во Македонија, а оние со регуларна цена имаат?
Зависи кој модел,јас нарачав јакна зимска адидас на попуст,не даваат да се нараачат зошто има увозник во Мк,но има артикли кои поминуваат.