А нели ДХЛ експрес фактички е по обична пошта или грешам? Инаку и јас сакам нешто да нарачам, нервоза ме фати од по продавници, се исто па исто.
Здраво, мене ми доцни нарачката веќе две недели. На страната никаде нема мејл или нешто каде да се обратам за тоа што не стигнала или да побарам Refund.
Имаш на страната или во апликацијата оди во my order одбери го порачаното, најдолу има order issue, па contact us now (после прашањата што се дадени како примери).Таму можеш да им пишеш. И не го затварај прозорчето додека не ти одговорат.
Од нашава пошта се луди, ставиле датум на испорака 04.10 рокот е 5 дена за подигнување и денес ми го носат картончето…
Оди и образложи им ја ситуацијата, сигурен сум дека ова не им е прв пат. Не знам шо прават поштарите со испораката на тие картончиња, речиси секогаш доцнат. Јас ги пратам пратките онлајн или по претпоставка одам во пошта кај железничка и си ја подигнувам.
Ако може некој што порачувал сега скоро да сподели како е моментално со нарачки дали стигаат пак преку DHL (со 1000+ трошоци ) или си стигаат како порано преку обична пошта ? Фала вии )
Одредени артикли не ги испорачуваат, некои ги испорачуваат. Пример Бершка не, Најк некои не, итн. Ти кажува на крај кои не може, тргни ги тие и пробај пак.
Не е само до вредноста на нарачката, туку габаритност (тежина/големина). Чизми, монтки, често ги праќаат по дхл, дури и да не коштаат многу. А по обична пошта за да не те царинат, треба нарачката да е до 90 евра.
20-30 дена обична пошта. 3-4 дена ДХЛ Експрес. Од мое искуство, за жал во последно време праќаат најчесто со ДХЛ Експрес. Од 5 мои последни нарачки, 4 беа со ДХЛ Експрес и само една земав, другите 3 одбив да ги земам заради огромните трошоци кои треба да се платат на ДХЛ. Доколку нешто не ти одговара, треба да го спакуваш во оригиналното пакување, нормално да не е оштетено или перено, без да се тргаат етикетите. Со секоја пратка има Return Label, и треба да платиш поштарина за да ги вратиш назад. Откако ќе им стигнат назад, ти ги враќаат парите.
Фала ти. Како оди одбивање доколку не ми одг цената што ќе ми ја побараат од ДХЛ? Секако во случај да ми стигне преку нив, а не преку обична пошта. Да се надоврзам, ми пишува дека преку ДХЛ ми е испратена. Тоа е 100% така или има шанси и преку обична пошта? Прв пат порачав па затоа толку прашања Колку обично бараат од ДХЛ? Инаку 70 евра ми е пакетот.
И на моето пишуваше ДХЛ ама по обична стигна, повеќе од 70е беше. Почекај ќе видиш од каде ќе стигне. Чекам уште една па ќе видам таа како ќе стигне. Овој пат ми се посреќи ниту ддв ни царина, ништо не платив плус.
@staycalm @x.Daisy.x Девојки, ми стигна на маил а и на смс дека ми е пуштена пратката преку Дхл експрес, со информација дека на 3ти фебруари ќе ми биде испорачана. Според ваше искуство, како оди оваа работа? Колкави се отприлика трошоците? Доколку е поголема сумата, како би ја одбила пратката, што би им пишала на Асос за да ми ги рефундираат парите? Ви благодарам однапред