Преку ДХЛ ти стигнаа? Доколку да, воопшто не ги подигнувај, извести ги од ДХЛ дека не сакаш да ги подигнеш, да ги вратат. Истовремено извести ги од АСОС дека ќе ги вратиш, за да ти ги вратат парите. Кога ќе им стигнат нив таму, веднаш ќе ти ги повратат парите на сметка.
Kako da go vratam nazad paketot i da dobijam refund? samo return ama na mail nemam nisto od dhl. Mislim deka samo treba na paketot da staem return slip i da go vratim nazad preku posta
Од пошта го подигна пакетот? Ако веќе ти е подигнат тогаш има во пратката ливче шо треба да го залепиш на пакетот и да го пуштиш по пошта, тоа е тоа return slip.
Аха, бидејќи ако одлучиш да го подигнеш ќе мора да платиш царина па после да платиш поптарина за да ја вратиш пратката назад, но не сум сигурен доколку одлучиш преку пошта да не ја подигнеш дали ја враќаат автоматски назад како преку ДХЛ. Прашај го поштарот.
Денес ми стигна mail од ASOS дека нарачката е пратена и се очекува да пристигне на 13 Мај. Кога одам на track parcel ме пренасочува на страната на Deutsche Post. Дали тоа значи дека ми е испратена по регуларна пошта или постои шанса сепак да е пратена по DHL?
Deutsche post и DHL се различни ентитети. Ако не ти е стигнат маил од ДХЛ дека пратката ќе биде кај тебе за два три дена, you are fine. Пратено е по регуларна пошта
Јас нарачав на почетокот на април. За прв пат после 5 нарачки ми пратија по обична пошта, ваљда пошто е лесна пратката, маички, гаќи и некои такви ситни ствари нарачав. Пишува дека ќе ми стигне до почетокот на мај па ќе видиме. Многу е веројатно да задоцни
Два пакети од асос, еден козметика, друг облека, и двата се пратени преку нормална пошта. Пишувајте и вие како ги праќаат, можда повеќе не праќаат преку DHL.
Здраво девојки, пред два дена нарачав фустан од АСОС 64е, и денес ми стигна маил од DHL за целата постапка, трошоци, полномошно тие да ја извршат процедурата со царина (1593ден) и плус дополнјително ќе ме известиле за трошоците за царина (читајќи комнтари, сигурно уште околу 2/3000 ден.). Благодарение на вашите коментари, видов дека можам да ја одбијам пратката, и им вратив на нивниот меил дека ја одбивам поради високите дополнителни трошоци. Е сега тие што веќе сте имале сличен случај, дали ги исконтактиравте и АСОС, или само им пишавте на ДХЛ? И дали ви беа рефундирани парите? Фала однапред
Само што ја направив порачката и ми стигна нотификација дека е преку ДХЛ. Баш се изнервирав а нарачав глупости. Сега ќе ги чекам овие нашите да ми пишат. Добро дај да се жалеме некаде ова што го прават е чист грабеж.
Здраво, и јас за жал ист проблем имам сега ми стигна мејл дхл експрес дека ќе имам трошоци скоро 3000 ден додатни за нарачка од 67 евра (тренерки најк). Ќе им пишам да ги вратат. Дали во тој случај плаќаме за услуга? И каде пушувате на асос, има посебен мејл?
Јас најдов некој емаил care@asos.com и таму пишав, па ми стигна порака дека не го користат тој емаил повеќе и ми пратија линк до customer care. Таму избрав return and refunds мислам, имаш повеќе категории, ја штиклираш нарачката ти ја дава како опција, и за кратко те поврзува со нивен претставник на live chat. Им пишав дека ја одбив нарачката од ДХЛ заради дополнителните трошоци, објаснив што и како и прашав како ке оди делот со враќање на парите. Почекав да проверат таму кај нив, и ми кажаа дека се гледа дека пратката е се уште во царина, и дека за околу 21 ден ќе стигне кај нив и ќе добијам confirmation mail, и дека е во ред, дека ќе ги вратат отпосле парите. Добро, а нема ли некоја финта за да ти испратат по обична пошта? Пример до одредена сума, или да наведеш некаде како забелешка да не ти праќаат по дхл?
истото го направив вчера, ја проверија пратката, уште не е вратена. Им објаснив дека во ред е да има законски трошоци за царина, но дхл е проблем со високи трошоци. Ми кажаа дека рефундацијата ќе ја направат штом се врати пратката во магацин. Фала ти на одговор
Дали има некоја од вас порачувано очила за сонце, конкретно Ray Ban и дали се добри, дали праќаат и сертификат за оригиналност?