Таму кај што се бира бројчето најдов едни табели и уште толку ме збунија. Баш сега се мерев со метро и ми испаѓа дека сум измеѓу УК 10 и УК 12 Ми одговара УК 10, ама проблем ми прават градите Тука пишува 86 см, а кај мене е 91 см (УК 12) . И сега се мислам, дали кога ќе нарачувам да нарачам УК 10 или УК 12. Ама па кога ќе подразмислам, ќе си нарачам УК 10(повеќето нарачуваат), разликата не би требало да биде голема, па ако ми е мало ќе го дадам на сестра ми, помали гради има . Едит - сега видов дека девојките на сликите носат УК 8 Е сега стварно незнам кое бројче сум
Дебитна картичка од Уни Банка закон, какви стопански, комерцијални, тутунски Ми пратија меил нарачката ми е пратена. Сеа уште да стигне, ако стигне Инаку ги читав хрватиците се жалат на неколку пати им праќале со фалс облека и акцесорис. Оштетена ташна, потскинати чевли, скината алка добила една која јасно се гледала, Иако биле коректни од Асос велеле да ги вратат со поштарина која ќе им биде рефундирана и или ги враќале парите или ново праќале. И им праќале слика со оштетеното парче на Асос за доказ девојкиве. Затоа хрватиците велат ако видите некое парче и го продадат и да речеме после 2 недели го вратат во продажба само едно бројче има шанси да е баш такво парче со фалс. Да си знаете во случај да ви се погоди фалс парче.
Е ја се изнервирав. Многу брзо им се трошат работите, посебно тие поефтини што се. Од фустанчињата што се на попуст, од ниту едно што ми се свиѓа нема УК 10 .
Чисто информативно (за оние кои имаат S прстиња) има многу убав прстен за ич пари ASOS Heart Shape 3D Perspex Cameo Ring
Каква картичка имаш, VISA или MasterCard? И ја користиш само на оваа страна или и на нашиве од типот на колектива или воскопје?
S мислам дека треба да е нешто помеѓу 5 и 6, M треба да е 7 и L помеѓу 8 и 9. Спојлер Measure Ring Size With a Finger Size Strip To create your own ring sizer, print and cut the strip below. Insert the narrow end of the sizer through the "cut here" slot. With numbers on the outside, place the loop around your finger, and pull until the fit is snug but comfortable. ЕДИТ: Прстенот веќе во нема.
Го има пак прстенот, вајда кај некој во кошничката бил но се предомислил. Јас чекам други прстени преубави да се снижат, јас сум по шаренките работи најчесто Инаку М најбрзо се троши, често на попуст ќе видите С или Л. Исто ко најголемите броеви најчесто остануваат од облека на попуст. Инаку АСОС дели 16мм = С 17мм = М 18мм = Л (ова е сигурно зашто на некои прстени ги има обележано и со милиметри и со бројче) Еве пример http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Ball-Claw ... 3&clr=Gold Така ги има бројкиве и на пазар пример ако купувате и во акцесорис и во Х&М се на овој начин бројчињата. А кај прстените кај што нема бројче тогаш тие се на стеснување, па сами си регулирате.
И јас ќе си нарачам нешто е сега видов едно џемперче , и оние броеви од УК 6 до 14 мислам пишува дека не се достапни ги нема, а под нив има С, М и Л ова се како нашиве С , М и Л?
Me again Ми стигна нарачката втората, т.е задно ми стигнаа и двете нарачки што ги направив беа заврзани со лента, а ги нарачав на 16 и 17. Македонче да искористи промо попуст-10% И како и претходниот пат одлично спакувани! Пудрите римел се фантастични, лесна е многу за преку ден е совршена, Поевтина е од кај нас матот едно 60-70 денари Дури и мајка ми ја навлеков, ја гледам сабајле седнала на асос гледа кошули Јас сум многу задоволна од се и како се спакувани и од материјал и од боја исто како на сликите на интернет. До сега немав проблем со облеките не беа оштетени! Како тргнале попустиве, нема да ми биде ова последна нарачка. Манијак со тапија
Феминки и мене ме навлековте. Пред 2 дена си направив порачка од 40 евра, се надевам дека нема да има царина и данок А после 2 дена ми стигна e-mail дека ќе задоцнат 1 работен ден од планираното и во знак на извинување ми дадоа код со 10% попуст за следната нарачка, што може да го искористам до 26 февруари
мене ми стигнаа еден ден порано. не ми ги донесоа на врата, туку ми стигна такво ко плико дека имам 2 пакета. си ги подигнав од пошта. ништо не доплатив. многу убаво беа спакувани, прво во кутија па внатре со такви со воздух пунети како перничиња за да не се оштетат. на кутијата пишуваше дека се со авио транспорт. презадоволна сум. поубави од на сликата ми се. сега си правам нова нарачка.
Не го менува точно во евра на сајтот, поскапо доаѓа (веројатно по некој друг курс менува) најубаво е да си купувате во фунти и постојано да го проверувате дневниот курс затоа што фунтата се менува.
Дрил, слушај ја ти дада Ливинг, што убаво ти кажа Ние се сме пресметале, израчаунале, не за џабе се мачиме да пресметуваме во фунти, имаme причини Инаку да, имаат друг курс кога пресметуваат во евра и доаѓа до 200-300 денари поскапо од парче кога цените се во евра, отколку во фунти
Им пратив еден смешен маил на Асос, во поглед на нивните промо попусти што ги даваат, гледам хрватициве, скоро сите имаат некои бонус кодови за -10%, -20% па некои и дури -50% ама незнам како ги фаќаат, на фб или појма немам каде,ама јас ни две ни три викам нив ќе им пишам на Асос И ме изненадија нај позитивно, некоја си Рене, ми врати најљубезен меил, језада не го добив тоа што го сакав но сепак, некоја си се потрудила да ми врати маил од 30 реда со рaзумен одговор и причина, на по малку смотано прашање Ми напиша и дека треба да бидам упорна и да ја пратам секој ден страната, дека во фебруари ќе имаат нови попусти примоции, и дека сите што се зачленати на newsletter, се всушност први информирани за се Од толку многу нељубезност во нашава држава, малку и чудно ми дојде толку фин и љубезен одоговор. Браво за нив Али оние хрватицине брате не се нормали бреее од каде ги наоѓаат толку многу промо кодови поима немам, а ги споделуваат и на форумот