Poslednite nekolku pratki site bea po dhl. Ednostavno ne gi zemas i posle 21 den se vrakjaat mazad i dobivas refund. Inaku na asos im pisav nekolku pati, ali problem e sto mailot za customer care ne im raboti vekje i mozes samo live chat da pises. E tie odgovaraat deka ne mozat nisto da napravat, deka se prakja vo momentot po taa posta sto e slobodna. Ama mene mi izgleda deka vekje se pocnati samo po dhl, nema vekje sansa za obicna posta... Inaku obrazlozenieto e deka asos ne naplakja nisto, deka dhl naplakja carinski trosoci, sto ne e tocno. Ne znam kako da se reagira, jas i do Deutsche post pisav ama mislam deka ne im e gajle bas za nas vo mk
По DHL ми пратија! Ми се плаче кога ќе ми текне колку ѝ се радував на нарачката. Ќе чекам да ме исконтактираат од овде па ќе видам Можно е да немам срце да ја откажам,ама со Асос ќе си кажиме збогум.
Да, и јас последните 2 пратки при тешко срце ги вратив, бидејќи ДХЛ имаат превисоки цени за извршување царинска постапка. А и забележав дека за суми за кои преку „обична пошта“ поштар ги доставувашњ без да се царинети, ДХЛ бара да спроведе царина... 1500+ денари за нив, плус царината... а од 2012 порачувам од АСОС и немам ни одено по бутици воопшто веќе 10 години... и сега, тоа е. Ќе морам да престанам да порачувам преку нив. Првично имаше опција за обична пошта или ДХЛ, па си одбиравме самите вид на шипинг. После сменија, можеше само преку обична пошта (со повеќе чекање), и на customer care ги прашав каде исчезна опцијата ДХЛ рекоа дека испраќаат само преку таа што е достапна. Е, сега, пак... не средија...
Aj да го споделам моето уникатно искуство со ДХЛ.Може некому ќе му биде од корист,и да се надеваме дека нема да биде единствено. Како што реков,решив да не ја враќам пратката и бев подготвена да платам па дури и цена поголема од вредноста на самата пратка.После првичното разочарување и шок,си спремив говор(и си го извежбав) и одредена сума пари и решив да чекам.Чекав како на трн и цело време го следев тракингот (страшно е прецизен) и како пратката галопирачки идеше накај мене,така ми се кинеа нервите и трепението ме напушташе. Морам да признам дека повремено ми проблеснуваше луда надеж дека можи нема толку пари да бараат,потхранета од фактот што пратката веќе е во Скопје некое време,а никој не ме контактира.Читајќи овде и на сите можни форуми дека баш се експедитивни,малку ми беше сомнително,ама решив многу да не се надевам. Потребно е да наведам дека порачав во неделата попладне,а пратката ја добив денес на пладне.Не беше нешто многу габаритна(сум добивала мнооогу поголеми преку Македонски Пошти) ниту скапа.Ги чекав попустите од 80% и на нив дополнителни 20%.Багатела. Значи,решив да се правам “на удрена“ до крај.Ииии...ми ѕвони денеска курирот од ДХЛ за да ми ја достави на домашна адреса.Заборавив да кажам дека не сум од Скопје.Ми ја донесе и давајќи ми ја и тој беше целосно збунет,ми вика дека од Асос редовно ги царинат дури и поевтини пратки.Извесно време ја врткаше низ раце,проверуваше низ тоа хартиите (јас почнав да се потсетувам на спремениот говор),но за среќа ми ја предаде без да доплатам ништо.Преку ДХЛ Експресс за два дена на домашна адреса без да доплатам 0 денари(и со букви-нула денари). Така да,горенаведеното дека на Асос ќе му кажам збогум бла бла..веќе не важи и да,повтрорно би ризикувала. Среќата ги прати храбрите. Не знам како да го објаснам ова,или се работи за некоја нивна системска грешка,или сум ептеен ксметлија или пак се опаметија кај нас од ДХЛ.Да се надеваме дека е последново.
Пред да ти ја достават пратката, дали ти стаса меил од ДХЛ дека треба да спроведат царинска постапка, па не ја спровеле или воопшто немаше меил од нив за царинење? Ако не е тајна, која беше сумата на пратката? Мене за 26 фунти пратка ми бараа да им доставам фактура од АСОС да спроведат постапка за царинење.
Значи плати 11 евра за Standard Delivery и пак беше пуштена преку DHL express без да ти стигне маил од dhl ? Дали ја следеше пратката на posta.mk или на DHL страната ?
Не,баш ДХЛ Експрес.И мене ми стигнувале од германскиот ама регуларно за две три недели,ова за неполни три дена стигна..Нема никаква забуна,ДХЛ експрес беше.
Баш чудно односно супер вест е ова. Значи конечно се ослободивме од ненормалните трошоци на ДХл кај нас.
Три пати истите кондури ги нарачав во јуни, првите два пати во комбинација со друго за бесплатен шипинг.. преку ДХЛ експрес ги пратија. Третиот пат платив шипинг со надеж дека помал пакет нема да го пратат со ДХЛ експрес, ништо, и тој исто. За сите три добив мејл и сите три ги одбив и ќе си чекам поврат, ама останав без кондурите што ги сакав, за жал.
Здраво на сите. Во голема бунка сум и ми вријат нервите искрено. Па да си кажам што ми се дешава и се надевам дека ќе ми кажете што е најпаметно да направам. Нарачав пред едно 10 дена од АСОС(за прв пат) еден фустан за свадба. Беше едно 32 евра. Плус испорака(немав избор, имаше само опција стандардна испорака) 11 евра плус. Мајка ми се понуди да платам од нејзината картичка. Требаше да пристигне според сајтот на 13ти јуни. Пратката да била стигната во македонија уште на 6ти јуни. Од DHL ми пратија порака телефонски со следново "DHL Express пратка со број на товарен лист ****** од ASOS .COM предвидена за достава пон. јул. 11 2022, предмет на царинска постапка (доколку е применливо). Потребен е потпис." Ја очекував на 11ти, не дојде, и вчера ја чекав не дојде пак. Се јавив кај нив и пратката сеуште не е царинета, а јас веќе треба да им платам 500 денари ДДВ плус 1500 и нешто ако сакам да ме спроведат низ процесов. Прв пат нарачувам вака нешто онлајн и немам никакво претходно искуство. Ми стогна и меил со 300 документи и работи да пошолнам и да им пратам...Искрено ќе искочи дека два пати си го купувам фустанот ако го направам ова. Плус не сум сигурна ни за цената на царината што ќе се исподешава... Што ќе се случи ако во рок од 20 дена не превземам ништо за пратката или одбијам да ја добијам? Бидејќи за истите пари и цен нов оутфит ќе си купам и нокти за свадбата ќе напраам. Фала ви многу однапред!!
Ако ги прочиташ претходните мислења на темава, ќе видиш дека ова е стандардна пракса од ДХЛ. Инаку, можеш да ја одбиеш нарачката, т.е. преку мејл или телефон да ги известиш од ДХЛ дека не сакаш да ја подигнеш и да ја вратат. Истовремено ќе ги известиш од АСОС дека си ја вратила назад нарачката и кога ќе им стигне нив назад ќе ти ги вратат парите.
Ти благодарам многу на брзиот одговор. Подоцна подетално ја разгледав темава и секако забележав повеќе луѓе со слични искуства за жал. Им вратив на ДХЛ на меилот дека нема да ја подигнам пратката. Тоа е доволно за да ја вратат? Не треба со други процедури да се занимавам? Или е потребно и АСОС преку меил да ги известам? За да може да ми ги рефундираат парите?
Доволно е за ДХЛ преку мејл, а АСОС секако извести ги, можеш и преку делот за техничка поддршка на нивната веб страна преку чат или ако ти е полесно можеш и преку мејл така шо ќе посочиш на нарачката преку соодветниот број на нарачка.
Само што ми испратија меил АСОС "Now that you’ve received your order (yay), it’s time for the fun part… let us know how it was! Give your item(s) a rating, share your feedback and, if you really fancy it, share some selfies of you in your new garms. We’d love to see it! " Иако беа известени дека нарачката е вратена Дали е ова само автоматски меил што сите сте го добиле иако сте ја вратиле нарачката или?
Девојки, дали од ДХЛ ви побараа пари за враќање назад на пратката и колку? И ако може некој да ме упати како го известувате Асос дека ја враќате пратката? Мејлот кој што стигнува е no reply, a chatot кој го имаат е со автоматизирани одговори.