Хелоу, Направив нарачка од 72е односно 61е +11е шипинг. Дали би знаеле ДХЛ колку би ме изгорел х). Фустанот не вреди за 4500ден ама пусти мерак.
Ох год, ќе ве известам на 21 јуни. Што убаво кога си нарачував по 10е фустанчичи и фри шипинг. Ова е наплата за порано
Ја затоа ништо не порачувам од асос веќе. Наоѓам патики на 40% попуст, со дхл и царина испаѓаат 40% поскапи од тука да си ги купам Иначе ако сакаш можеш да ја одбиеш нарачката кога ќе ти пратат меил од ДХЛ експрес
Не можам да разберам, како и зошто ДХЛ има можност да презема пратки кај шо ти имаш одбрано standard shipping. Друга работа, како можи пратки под 90€ да ги царинат?!
Е, за ова се расправав на лајв чат со АСОС неколку пати. Одговорот секогаш беше ист, дека не е важно дали е стандард или експрес шипинг, сепак во магацин избираат со што ќе пратат и наводно не постоела опција клиентот да избере да не е со дхл експрес
Не се плаќа царина, но на тој износ се плаќа ддв. Е сега, идиотите од дхл за тоа ддв ти наплаќаат и водење на царинска постапка, плус и лежарина ако не си ја подигнеш одма пратката. Да не ни спомнувам цел куп документи што треба да им ги доставиш. Крајно сум револтирана и ги избришав асос дека постојат, поготово што немаат слух за проблемов а сто пати им е пишано од еден куп незадоволни потрошувачи од земјава.
Поплаки ми се чини има само од Македонци така да, гајле им е . Не е глобален проблем за да се замараат, што е многу лошо за нас оти добри ствари на убави попусти можат да се најдат на Асос.
Нарачав блуза, пар фармерки и пар патики. Ги пратија со ДХЛ експрес. Аман, и евтините нарачки почнале по дифолт да ги праќаат со ДХЛ експрес... Најверојатно ќе ја вратам пратката.
Секако дека ја вратив. Некој друг нарачал ли скоро? Попустите што ги имаат периодов се стварно предобри, зошто мора да праќаат со ДХЛ Експрес не разбирам стварно.