Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    25.311
    Пол:
    Машки
    Важи, пошта е крива шо ДХЛ Експрес врши грабеж.

    Кај прочита ти дека јас ти наредив дека не смееш да плаќаш? Дадов мислење и препорака.
    Ако ти е коректно да плаќаш достава + 1600 денари за ДХЛ + царина + данок, слободно плаќај си, не е од мој џеб.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    DHL си е компанија и нема што ти да оправаш. Тие се трифите. Кога идеа по DHL ecomerce и по обична пошта и немаше плаќања. Е дека каснеа и им враќаа пари, а после добиваа пратки си се пребаци ја на DHLExpress. Ако ти одговара нарачувај, ако не и без тебе ќе постојат.
    Класика македонче само да избегне да плати.
     
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.347
    Допаѓања:
    12.534
    Пол:
    Машки
    Значи ова шо се случува со ДХЛ, односно сите овие дополнителни давачки се само во МК, проверено и потврдено. Арно ама, тоа со франшизата не е уредено, ниту пак со закон и си дрпаат пари. :angel:

    Не се работи за македонска скржавост, туку за чисто македонско профитерство.
     
    На fashion-addict и staycalm им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    Ама тука е што е. На нас е дали ќе нарачуваме преку ДХЛ експрес или не.
    Побитни работи во државава не се крена народ да смени, до тарифата на ДХЛ ни дојде.
     
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Царина не се плаќа до 150 евра вредност на нарачка.
    ДХЛ ја наплаќа?
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    Да. Лежарина и ддв ми наплатија.Јас завршив со Асос искрено. Битна ми беше праткава инаку ќе ја вратев. Ама Асос за мене е минато. Идеа преку DHL ecomerce и преку МК пошта немаше плаќања.. ама сега само преку DHL express.

    Ова ми наплатија

    Почитувани,

    Вкупните трошоци за вашата пратка изнесуваат 2135 денари

    (1593 денари ДХЛ услуга (1000 мкд магацински трошоци за складирање на пратката во царински склад и 593 мкд за поднесување на царинска декларација) + 542 денари увозни давачки).
     
    Последна измена од модератор: 5 декември 2024
    На Waverly Raven и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Ова треба да се препрати некаде да се проверат овие нашиве како работат.
    Не знам кој е надлежен.:?:
    Па не можат да наплаќаат увозни давачки и царинска декларација:o
    Толку ми е криво за Асос.
    Најдобро онлајн место за пазарење беше.;(
     
    На littlehiawatha, Waverly Raven и nena2010 им се допаѓа ова.
  8. pearlsnflowers

    pearlsnflowers Нов член

    Се зачлени на:
    Среда
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Zdravo decki. Sakam da naracam nesto od FashionNova. Fustan e vo prasanje i pratkata mi e 93e so sve shipping. Nikogas ne sum naracuvala prethodno od stranstvo pa me interesira dali nekoj ima iskustvo so niv i kolku bi platila sve na sve carina i ddv? Citam i ova so DHL kako odat tie raboti? Valjda nema i tamu da me izgorat?
     
    На Ivka7 му/ѝ се допаѓа ова.