Аспирација на јајце клетки

Discussion in 'Бременост' started by pipi86, Jul 2, 2012.

  1. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2021
    Messages:
    224
    Likes Received:
    258
    Gender:
    Female
    Дечки, се работи за жена на 36години. Сака да замрзне јајце клетки свои па може ли некој да ни го објасни целиот процес, дали се прави кај нас, во кои клиники, колку чини, колку трае и сл? Фала Ви
     
  2. praski4e

    praski4e Популарен член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    1,155
    Likes Received:
    1,440
    Gender:
    Female
    Јас на 36 години правев и замрзнав јк поради тоа што не можев природно да останам трудна поради намалената резерва на јк.

    Процесот е таков што во денешно време за да правиш ин витро докторот што те води ти предлага да се аспирираат (извадат) јајце клетки со добар квалитет и да се оплодат ама и не мора да се оплодат доколку некоја жена нема партнер во моментот може само да си извади јк. Докторот те гледа на ехо и те следи сега може да ти даде и терапија за да ги стимулира јајниците за да продуцираат повеќе јајце клетки и прави проценка кога треба да ги аспирира. Секако и квалитетот на животот игра голема улога во квалитетот на јк храната, воздухот, вежбање, а голема улога игра и генетика (90% се наследува од мајката). Кај мене конкретно со мала доза на терапија 10 инекции се постигна ефектот.

    Аспирација на јк секаде прават во клиниките за репродукција (Њуборн клиник, Систина, Ремедика, Плодност Битола и др), а од неодамна нешто наслушнав дека и на ГАК почнале со ин витра пред извесно време што значи и со оваа постапка. Па да не те излажам за цените тие варираат но на приватно секако е скапо да се прави над 1000евра е, но мислам дека за ова исто така следува ваучер преку ФЗО, ако некој повеќе знае нека пише.
     
    Mumoftwo30 likes this.
  3. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2021
    Messages:
    224
    Likes Received:
    258
    Gender:
    Female
    Дали процесот е болен? Или се работи со анестезија? Ако можеш малку подетално да објасниш како се прави, што чувствуваш? Не сака она да прави инвитро, сака да ги зачува за кога ќе се реши да има бебенце
    Фала ти
     
  4. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Joined:
    Oct 28, 2016
    Messages:
    1,582
    Likes Received:
    1,279
    Gender:
    Female
    За зачувување на јк фондот ништо не покрива. Целата постапка е околу 2500 евра во зависност од терапијата, ова е пример за Њу Борн ама и во другите клиники отприлика е толку. Во оваа цена вклучено ти е замрзнувањето за 2 години по истекот на тие две год си пкаќаш повторно ама само за чување. Не е болен зошто се прави со краткотрајна анестезија. Паметна инвестиција е ова
     
    Mumoftwo30 likes this.
  5. KP90

    KP90 Нов член

    Joined:
    Oct 26, 2024
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Здраво
    Дали знаете дали се можни несакани ефекти од терапијата?