Има инструктори по јога кои ги знаат тие работи, бидејки кога знаат за медитација, која се постигнува по долги години практикување на јога, сигурно знаат и за астралната проекција, затоа и треба тоа да е со помош на инструкор, поради причината што ја кажа.Сега, има и луѓе кои долго време практикувале медитација, па сама по себе им се случила астралната проекција, значи без сами да ја направат.
Јас сепак мислам дека во секој од нас лежи главниот учител. Само треба бавно да го следиме додека ,,тој'' не одлучи да не доведе до вистинското место. Мислам дека сите учители по јога и медитација од една страна можеби би ни помогнале полесно да стигнеме до АП, ама сето тоа би бил некако забрзан процес, некако форсиран. Иако на прв поглед не се чини така бидејки тоа го правиме по сопствена воља, меѓутоа не на начин на кој ние треба да стигнеме до него преку сопствено ,,дејствување''. Се надевам дека ме разбирате што сакам да кажам. Плус сите колку-толку сме запознаени со основните техники на медитацијата. Комфортна положба - расчистување на мислите, па обид за концентрација и не анализирање на мислите кои надоѓаат и следење на вообичаеното природно вдишување. Јас мислам дека секој од нас ова го може и не е нешто особено тешко. Секако, освен делот со концентрацијата кој според мене е огромна бариера која едвај ја надминувам, бидејки ми се случува на 3-5 секунди да бидам сконцентрирана а 10 секунди да ми надоаѓаат мисли и да заборавам која ми била главната цел. Многу се нервирам така Би сакала бар за неколку минути да му ставам тапа на мозокот за да го блокирам. и мислам дека тие 5 минути би биле ,,пресудни''. Скоро и сум сигурна, настрана од тоа кога велат дека процесот за постигнување може да трае дури и со години континуирано вежбање. Јас секој пат кога медитирам имам чувство дека сум веќе на прагот пред универзумот. Визуелизирајки го тој празен темен и мирен простор полн мир и тишина кој буквално ме голта и ме повикува кон себе. Освен тоа, третото око, дури забележав дека постепено ми се формира. Бидејки гледам бои пред себе во темен спектар и необични фигури. Едвај чекам да достигнам повеќе и да ви пишам овде на форумов.
Не е забрзан процес или форсиран, тоа си е сепак индивидуална одлука, но барем тие учители знаат како да ја направиш астралната проекција, не од нет пример да се применува истата, затоа што сепак е нешто што треба сериозно да се разбере, кажав погоре зошто и која е причината за да се разбере сериозно.Не мислам конкретно за тебе, туку општо, а и го почитувам твоето мислење, само ја продолжувам дискусијата Додека, за третото око, шестата чакра или шестото сетило, е истото, функцијата е иста ( нагласување на интуицијата) , бидејки тоа е и намената.Но тоа е друга тема.Мене не ми се случила астралната проекција, иако медитирав до степен да престанам, а не беше медитацијата со намера за да доживеам астрална проекција, оти некако премногу ми беше Целта и е без мисли, постигнување свесност, не доживување на астрална проекција, но сепак е индивидуално искуството со истата, не значи дека ако се медитира сигурно се доживува астрална проекција.
Да, погрешно се изразив затоа и така бев сфатена кога реков форсиран процес. Целта ми беше да кажам дека ако е вистина тоа дека секој од нас може свесно да постигне АП, тогаш исто така може да го стори тоа и самиот без апсолутно никаква помош од никого. Бар поголемиот процент од нас можат да бидат свои учител. За ова гарантирам. Инаку не е и тоа тооолку сложен процес колку што се вели, верувај ми. Само треба да бидете уверени дека го правите вистинското, а пред се трпеливи и редовни. Бар така ми кажале моите добри пријатели кои имаат доживеано АП без ничија помош, а оттогаш може да кажам дека се потполно нови луѓе. Од кои едниот пријател ја доживеа во рок од 2 месеца и оттогаш константно ја практикува и сака уште повеќе од тоа. Клучни се овие работи кои ѓи опишав погоре околу концентрацијата и начинот на дишење, што впрочем сите го знаеме. Ми имаат многумина кажано,така да не е само обична дезинформација од нет. Доказ за тоа се Маите и другите цивилизации кои го правеле ова. Се сомневам дека во секоја група или како и да се нарекувал поимот во кој живееле дека во секоја поединечно имало учител кој им кажувал како тоа правилно да го применуваат. Инаку за медитацијата и нејзините цели да, во право си. Единствената цел не е да се постигне АП, но е во тесна врска, бидејки претставува само уште еден сегмент плус, или допринос за работењето на сопственото духовно воздигнување. Инаку да ти кажам искрено и јас пред некој месец медитирав, но не бев редовна поради обврските со училиштево и милион други работи, ама сега кога имам повеќе време за себе, си ветив дека ќе направам нешто повеќе и ќе се обидам да го одржам ветувањето.
Можеби си во право, знам луѓе кои знаат како да ја направат астралната проекција, како и дека пример после одреден период на медитирање, може да се направи астралната проекција.Ете има и нели случаеви каде и воопшто не била практикувана медитацијата, а се доживеало астрална проекција.Да, концентрацијата и дишењето се битни.За од нет, мислам на оние нели типични видеа што ги има за јога, медитација и слично.Додека за Маите или било која друга стара цивилизација, веројатно знаеле свештениците за ова во тоа време, но не можам со сигурност да кажам дали практикувале астрална проекција или не.Сепак јогата е и од духовен аспект, така што ништо чудно тогашните свештеници да ги знаеле овие работи.Иако не сум сретнала таква констатација некаде, но ништо чудно да е и така.
Да, имам чуено дека може да се доживее АП и без медитирање. Но, како? Бидејки тоа е единствениот класичен начин кој јас го знам. Иначе каде е Doberman? Ја нема долго време да пише на темава, или јас не сум прочитала неколку страници наназад па сум пропуштила? Таа зборуваше дека има доживеано свесна АП. Ме интересира дали продолжила понатаму.
Да, единствен начин е тој, но изгледа може и без медитација, излегува и дека нема потреба од медитација за да се случи истата Мене ми е страшна некако астралнава проекција.
Мислам дека нема потреба да се плашиш. Мене пријателите ми кажаа дека најлошото нешто што може да се случи во текот на АП е да наидеш на некој ентитет, кој буквално ќе те извади од памет до тој степен што ќе не знаеш кај тераш и ако се залепи до тебе може да те одвлечка во некоја друга димензија од која секако може да се вратиш, ама истата може на твоето тело да му предизвика негативни вибрации. Така да имај в предвид дека универзумот е практично бесконечен така да огромна е веројатноста и да не е се толку прекрасно во него. Во секој случај тоа речиси е невозможно да се случи ако добро ѓи активираш чакрите, како и третото око пред да навлезеш во оваа состојба. Мал е процентот на луѓето кои навлегле во АП без претходно да работат на себе. Па дури и тогаш не мора да значи дека искуството ќе биде непријатно, но пожелно е претходно да се направи истото, нели за секој случај.
Ти благодарам на советот Меѓутоа не сакам воопшто да ми се случи астралната проекција, без разлика како, дали со или без медитација, како што реков страшна ми е некако.Да, знам дека е така, како што рече, барем колку што ми кажувале и искрено има позитивни мислења за истата.Знам дека и на други луѓе, некако ова им е како секојдневно миење заби да речам, ништо страшно и тешко, но сепак не ми е баш сигурно некако.Има и такви кои што со астралната проекција биле на места, каде воопшто всушност не биле, а се знаат за нив.Сепак не би ризикувала во однос на ова.
Им се восхитувам на луѓето кои свесно и намерно ја доживуваат астралната проекција. Мене ми се има случено 2 пати во сон. Од памет се извадив, потоа ми беше страв да спијам цела недела. Не прошетав никаде ете како што читам за тоа е потребно вежбање и енергија...контрола. Страв ми е некако целото тело парализирано, ме фати паника
Тоа може да се случи само ако не е добро обучена личноста и направи пропуст. Ако е добро информирана, обучена и поминала многу време во согледување за тоа како би требало да се одвива тоа, нема простор за поголема паника. Сепак се препорачува долгогодишно информирање пред да се почне со било какви експерименти!
Астралната проекција е штетна за организмот.Докторите велат дека оние кои намерно ја прават живеат многу пократко,зашто ги оштетуваат и ги мачат органите
И кога спиеме сме на некој начин во астрална/етерична проекција. Но тоа не значи дека го измачуваме организмот. И ако тоа намерно се прави, оние кои го прават го прават со голема доза претпазливост, а не кога ќе им текне за разонода. И зошто оние кои не ја прават намерно не живеат пократко туку само овие кои го прават намерно? Спојлер многу „прават“ во две реченици И на кој начин ги мачат органите и што ја предизвикува таа штетност за органите. Можеш да дадеш повеќе информации околу тоа сознание?
Мислиш дека и соновите се нешто како несвесна астрална проекција или...? А за ова дека со астралната проекција се измачува организмот прв пат дознавам од тука.Незнам дали е стварно тоа така, но што тогаш ако некој постојано практикува астрална проекција?
Да, токму така. Неретко и соновите се астрална проекција за која не сме свесни но сепак се случува. Убаво си напиша. И дека организмот се исцрпува и се губи енергија е така, особено ако некој навистина не знае што прави и во што се впушта па си „патува“ без авионска карта и без ограничувања Но не знам што е работава со органите и на кој начин се измачуваат? Енергијата и органите не ми оди дека се нешто посебно поврзани
Значит, како што се моиве сонови, те ме брка некој, те сака да ме убие, те патувам, те се расправам со некој, се различно бога ми, ептен невообичаена астрална проекција имам Помислив да не се соновите случајно астрална проекција, разбирам дека нели се она што сонуваме е од она што сме мислеле постојано, ама што со оние сонови, кои немаат врска со психата? Затоа прашав дали се уствари несвесна астрална проекција.Инаку за органите и енергијата, од една страна и може да е така оти сепак за да функционира телото му е потребна енергија, а и тоа дека и човековиот дух е енергија, ништо чудно и да е така, дека може да биде уствари штетна астралната проекција на организмот, но што тогаш со оној на кој му се случува сама по себе астралната проекција? Нели, кој не ја прави намерно.
Ме насмеа со бркањево и соновите Туку мислев на тоа дека сонот е еден вид на проекција само не сме свесни за тоа. И кога сонуваме патуваме на места но не со нашата...(ај да не биде „дух“) материја. Затоа и не би се викало астрална проекција. За делот со енергијата, точно дека на органите им е потребна вид енергија за да функциониаат но исцрпувањето на енергијата од ова не би требало да биде толку екстремно голема (освен ако навистина не се знае што се прави) за да ја оштети функцијата на органите. Ова барем според мене... _____________________________________ Доцна го забележав линкот од anaantonia. Но од линкот не забележав дека мислењето е на доктор туку дека е мислење подеднакво веродостојно како и мислењата на еден форум. Не знам од каде прочита дека е мислење на доктор. Туку настрана тоа, напишаново не е поткрепено од факти туку е дадено само мислење дека „ако се прави така, ќе доведе до тоа“. Како и да е, не дека кога се работи за астралната проекција можеме да дадеме и факти па така и ова веројатно и не е целосно неточно. И овде не пишува за органите туку за општата опасност при астралното проектирање. Сепак, секој кој се впушта во такво нешто би требало однапред да ги знае и да биде свесен за последиците. Затоа и претходно напишав дека пред да се експериментира, мора да се има долгогодишно информирање за да не настане некој несакан ефект за кој самата личност ќе биде одговорна!