1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрална проекција

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 јануари 2011.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Добро а знае некој од вас инструктор ваков во Македонија, дајте бројче, или име, некако да најдам. Морам да го научам ова, морам.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lokumche

    lokumche Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Сум слушнала дека доколку повеќе од неколку минути не се вратиш во своето тело и ако не можеш да се контролираш, имало така повеќе духови кои шетаат и можат да се пикнат во твоето тело,па да не се вратиш никогас. Не знам колку е точно,ама мислам дека има некаква смисла.
     
  3. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    10.445
    Пол:
    Женски
    Колку што е интересна астралната проекција, толку е и опасна. Тоа е одделување на душата од телото. И има можност душата да не се врати во телото, и да останеш во кома или парализиран. Треба добро да знаеш како да ја изведеш и не се изведува таа туку-така. Еве што најдов:

    (Ова насловов Lucid dreaming не е тоа, погрешно е.)

    [​IMG]

    http://iluzionist.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=58

    http://www.youtube.com/watch?v=BIgtliwpElY

    http://www.youtube.com/watch?v=P3M-LuTRfcI

    http://www.youtube.com/watch?v=7g9ageybaRM

    Пред да одлучите да постигнете астрална проекција, гледајте го филмот Insidious.
     
    На Gordana10 и fiufiu им се допаѓа ова.
  4. fiufiu

    fiufiu Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Јас баш со другарките имам намера да го гледам филмот Insidious. Се надевам дека филмот како филм ќе ни одговори некои прашања, бидејќи сепак некои филмови се тешки хорори кои место да ти разјаснат некои работи повеќе те плашат и сосема ја извртуваат реалноста.
    Инаку за астрална проекција знам дека многу е тешко да се изведе а тука е голема опасноста и душата да не влезе пак во телото. Има последица од кома како што сум слушала...
     
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Значи вака, треба да се разграничи поимот астрална проекција и луцидно сонување. Луцидното сонување е состојба кога физичкото тело спие, а умот ти е буден, односно стануваш свесен дека сонуваш и може а и неможе да се контролира сонот. Тоа се доживува со техники и методи а може и спонтано.Постојат неколку слоја во кои се случува луцидното сонување и тоа - нулти слој во кој кога сонувате , почнувате да сумљате дека сонувате, но никако да се убедите дека тоа е сон - прв слој е кога во сонот станете луциден но веднаш се разбудите - втор слој кога сватите дека сето тоа е сон, но немате никаква контрола над истиот - трет слој кога станете луцидни и почнете да имате некои моки како на пример зборување со некои личности итн, и последниот односно четвртиот слој е кога сте свесни дека сте во сон и можете комплетно да го контролирате сонот .Астралната проекција е всушност одделување на астралното тело од физичкото што може да се случи преку луциден сон или свесно, но сепак за таква работа треба доста припреми(многу добра концентрација со физички и психички). Физичкото тело со астралното тело се поврзани со сребрена врпца, која е скоро невозможно да се скине, и во зависност каде се движите таа се собира и се шири. Секогаш кога сонуваме ни се случува астрална проекција но ние затоа не сме свесни и затоа не се секаваме. Ова видео ги опишува 5те стравови во врска со астралната проекција кои се појавуваат од луѓето. https://www.youtube.com/watch?v=8QYa-Sh4guE

    И на крај топло ви ја препорачувам доколку не сте ја читале книгата Астрален свет од Свами Панчадаси
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Веројатно може да се прекине, ако човек не се врати во своето тело. За соновите, премногу реален сон, ако има човек, дури и ќе се посомнева дали му се десила астралната проекција или не.Дури имав слушнато и таков пример, каде со астралното тело, си шетаат луѓето :^) а некои и лично ми го кажале истото :tmi: Така, во сон, несвесно случена астрална проекција, која делува како сон, откако ќе се разбуди човек.Мене страв ме фаќа од овие работи, кои и те како постојат.
     
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Да. Навистини постојат и некои луѓе дури и свесно го прават тоа. А за стравот дека астралното тело нема повторно да ти се врати во физичкото тело( незнам дали си го видела линкот што го објавив) е скоро невозможно бидејки колку и далеку да отидеш од своето физичко тело, кога и да помислиш на него автоматски се вракаш и се будиш. Доста сум запознаена со овие работи и многу читам на оваа тематика, па ако некој друг има некое искуство нека го сподели
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Diora

    Diora Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    5
    Сакам да знаете неколку податоци кои нема да ви бидат на одмет доколку навистина сте во план да постигнате свесна АП!!!

    Прво добро работете врз отварањето на чакрите па дури потоа обидувајте се да ја доживеете оваа состојба! Ова ви го велам од причина што кога се извршува присилна АП, без континуирани вежби и совладување техники може да дојде до страшни и мошне непријатни доживувања пропратени со турболентни вибрации, добивање премногу гласни и вознемирувачки звуци, кои не само што ќе го вознемират вашето астрално, ами и физичко тело, па потоа никогаш повеќе нема да сакате повторно.
    Има уште една негативна страна..
    А тоа е, не само што може да видите недифинирани сеништа, т.е. ентитети, кои на секој можен начин ќе се обидат да ви ги исцрпат добрите мемории, а може да одат и до тој степен што ќе ви вдахнат негативна енергија. Бидејки тие едвај чекаат неискусни астрални проектори. Тоа за нив буквално е храна!

    Башка уште еден податок плус, и тоа од искусен астрален проектор кој веќе со години го прави ова.
    Тој ми кажа дека сретнување и разговор со тие претходно споменати ентитети од било каков вид не е препорачливо, бидејки тие може да бидат демони/ангели од друга димензија. Уште една негативна карактеристика е тоа што е тешко речиси невозможно да ги препознаете. :|
    Бидејки лошите ентитети понекогаш се претставуваат во погрешно светло. Тие се бели, светли и убави, даваат добри ,,совети'' а во суштина може да ви направат многу повеќе штета од корист.
    Другарот ми кажа дека запознал еден таков, кој се претставувал дека е добар а во суштина сакал да влезе во неговото тело и да ја убие неговата мајка.

    За верување му верувам, бидејки доста долго време се бави со овие работи и тој самиот тврди дека АП не е толку безопасна колку што се тврди во западната литература. И дека не секој треба сам да се впушта во овие води.
    Така да, што друго да ви кажам луѓе освен да внимавате, без разлика дали мислите дека сето ова е научна фантастика, извежбана состојба на умот, халуцинации или др. глупости.. Подобро земете го сето ова во обзир пред да се предадете себе си.

    И за крај, внимавајте на димензијата Acasia..Располага со високо фревкентна вредност, и ако видите пред себе триаголници, кругови, и др. асиметрични тела во боја не влегувајте во нив бидејки исто така може да ве одведат во др. непожелна димензија од која никогаш нема сигурност дека ќе се вратите, бидејки т.н. сребрена врвца е точно дека нема лимит и дека не се кине, но може да дојде до нејзино запнување, заглавување ако отидете предалеку.

    Во кратки црти шетајте само околу сончевиот систем, оти понатаму важат различни закони. :|
     
    На InWonderland и Acka22 им се допаѓа ова.
  9. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    ^Дај кажи некои информации за тој човекот што се занимава со ова,да ме научи.
    Многу сакам. :|
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.519
    Пол:
    Женски
    Се испосмеав... :lol: Ајде да си легнам па да видиме :lol:
    Шала на страна,абе озбилни сте вие ? |(
     
  11. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Неколку пати ми се има случено од порано,се гледав како лежам во креветот и во собата потемно и пострашно од вообичаено,сакав да се разбудам ама неможев и кога конечно ќе се разбудев да го запалам светлото всушност не сум се разбудила и пак се мачев да се разбудам и се така се мачев 5-6 пати и никако вистински да се разбудам,погрозно чувство нема,потоа се будиш целиот испотен и целиот во страв
    Еднаш пак ја заклучив собата и го оставив светлото и легнав да спијам,не сонував ништо ама кога се разбудив светлото беше исклучено,3 вечери ми се повтори истото
     
  12. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Дали по смртта се случува ова ? И има ли некаква врска со религиите ова,дека душата оди во рај , пекол ...? :)
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Она што се случува за време на смртта е одвојување на душата од телото.Што се случува по смртта, не знам, нешто се случува, а за рај и пекол, тоа е метафорички кажано во религијата.Моја претпоставка дека се работи за астрална проекција, ако се земе во предвид дека ако не се изведе астралната проекција правилно, постои можност да не се врати човек во своето тело.Така барем велат, оние кои знаат како да ја изведат астралната проекција.Затоа и се препорачува, човек да не ја изведува астралната проекција сам, доколку прв пат се обврзува на такво нешто, значи да ја направи со помош на некој кој е обучен за тоа, кој знае како да се врати човек во своето тело.Бидејки ако не се врати во своето тело, може да умре.

    Јака им душа, како ја прават некои астралната проекција, што е до мене, не би ја правела воопшто.
     
    На LittleFairy и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе читам за чудово, толку сум посигурна дека не сакам да ми се случи...језиво...
     
    На glosipgirl и Glasna им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Теси не верувам дека секој може,не е така едноставно.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Знам вито, ама зборувам за онаа спонтаната, неиндуцирана што е... ауу не сакам ни да замислам...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ахх а вистина ли е овоа или ? Не дека го одрекувам ама чудно ми е малце.. :)
     
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Синоќе, трет пат пробав астранла проекција. Мислам, ќе успеав, ама бидејќи бев преморена заспав :D Сега планирам пак да пробам! По колку обиди успеавте во ова?
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ве читам и ви се чудам. :D
    После долги и напорни години конечно почнав да доживувам несвесни АП. И сакате да ја знаете вистината?
    Прекрасно е!
    Не постојат никакви опасности, освен оние клети ентитети кои може одвреме навреме да ви се појават, да ви ја исцицаат енергијата и убавите спомени бидејќи се зли. Но, со време ќе научите и на нив да им се смеете и вие да ја црпите нивната енергија. ]:)
    Сето ова се случи откако пред еден месец почнав поактивно да се бавам со медитација и за кратко време почнав да добивам вивидни соништа, а потоа и да летам и несвесно да се проектирам.

    И астралната проекција нема никаква врска со смртта. Вие сте ги побркале поимите, тотално.
    Бидејќи вие поседувате езотерично тело и дух.
    Тогаш кога се проектирате излегува вашето астрално тело надвор и е поврзано со една т.н. сребрена врвца која ќе ве врати назад без оглед на тоа колку далеку ќе отпатувате во универзумот. Налик фотографијава подолу..

    [​IMG]

    Духот - излегува од вас откако ќе настапи смртта и директно ве води во онаа димензија/извор каде што припаѓа вашата душа.

    Астралното проектирање не е безопасно, меѓутоа е многу посигурно отколку да се живее во овој 3D свет, тоа ви го гарантирам.

    Дека треба да ве научи некој како да се проектирате - е мит! Вие самите на себе сте си гуру - учител кој треба да го чуете својот внатрешен глас - потсвеста/инстиктот што ви говори. Единствено некој треба да ве подучи како да ги отворите своите енергетски полиња, меѓу кои и она основното трето око со кое ќе може да видите повеќе од ова што ни се нуди.

    Патем да не се разбереме погрешно! Јас по убедување сум агностик, и не сум сеуште цврсто уверена во тоа дека постои свет надвор од нас.
    Сметам дека АСТРАЛНАТА ПРОЕКЦИЈА е техника која може да се извежба а исходот од проектирањето е под заслуга на нашиот ум кој што поседува безгранични можности.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Поназад прочитав дека со медитација може да се постигне, да не мислиш на ништо.
    Сакам да дознаам како е, ама страв ми е.
    Дали може некој да те слушне ако викнеш? И дали мозокот свесно работи?