Untouchable, при процесот на медитација мозочната активност е највисока. Наспроти него, другите органи како срцето и дотокот на воздухот во белите дробови се намалуваат. Тоа е период кој го одвојуваш за себе, во кој се апстрахираш од оваа сетила реалност, и влегуваш во онаа ,,вистинската''. И тогаш секој шум, ветре, вибрација допира до тебе и ти ја чувствуваш бидејќи преку сетилата се истакнува инстиктот (твојата внатрешност). Но, не е и дека така лесно ќе доживееш проекција и одеднаш духовно ќе се просветлиш. Затоа треба време и време, вежби и сериозна работа. Тоа може да ти се случи и 10 години потоа, дури и 50, во зависност од резултатите кои ќе ги достигнеш и во колкава хармонија ќе ти бидат енергетските полиња (чакрите).
Досега имам три такви искуства. До вчера мислев дека се работи за луциден сон се додека во темата за луцидни сонови не ми кажаа дека се работи за несвесна астрална проекција.Последно ми се случи пред некој ден. Спиев и наеднаш ме разбуди звук на машина која прави малтер (не знам како се викаат таквите машини) и звук на фрлање на малтерот врз ѕид. Најпрво се зачудив бидејќи беше ноќе и ми дојде мисла дека тој звук си го замислувам само во главата бидејќи во претходниот живот сум била градежен работник (мисла која сега ми е тотално без врска). Но звукот беше се погласен и погласен а како се засилуваше така мене телото се повеќе ми вибрираше и наеднаш почнав да лебдам. Чуството беше прекрасно но јас се исплашив бидејќи минатите два траеја многу кратко а овој беше поинаков. Лебдев еден метар над земјата и иако беше преубаво чуството сакав да се рабудам бидејќи мислев дека умирам. Наеднаш под мене видов вител од бои кој ме влечеше надолу. Помислив ако му допуштам ќе ми биде преубаво но тој или ќе ме одведе во некој минат живот или ќе умрам. Тогаш се ислашив уште повеќе и правев надчовечки напори да се разбудам. Успеав да се вратам во своето тело но повторно чуствував дека ми вибрира. Наеднаш вибрацијата се намали а јас баш тогаш се премислив со своите намери и решив да одам каде ќе ме носи вртлогот.Ги затворив очите и се обидов повторно да лебдам но залудно. Ги отворив очите сеуште чуствувајќи благи вибрации (На рацете, градниот кош и стапалата). Бев преплашена. Дали навистина се работи за астрална проекција и дали уште на некој му се случило да гледа вител кој го влече?
Нели ви е страв?! Неме така да ми се случи нема со денови да спијам, ми се случи само еднаш на кратко, си го видов телото, се глеедав самата , мислам дека се исплашив и се разбудив одма
Аааа, значи тоа што се имав запознаено со другарка ми од средно во сонот пред да започне средното училиште било астрална проекција Значи вака започна, во сонот шетав по една куќа и една нива, беше стрмно наоколу знам, таму се запознав со девојче, и она беше залутала во сонот. Тоа се случуваше не еднаш, неколку пати, сакав да разговарам со тоа девојче, да бидам таму, некоја енергија ме влечеше. Плус тоа таму имаше и црква, многу убава и некако ко целата да е во природа, ама тогаш, тоа време, јас ја немав вистински посетено црквата (со телото), туку само астрално. Не можам да го опишам чувството после тоа, баш беше како да сум залутала во сонот, наместо во светот на соништата, јас во реалноста сум се движела. Освен тоа, не можам баш да кажам дека разговарав со девојчето, беше некако како разбирање и комуницирање со размена на нашите биоенергии, како размена на чувства, но не и на раскажување на причинителите. По година дена појдов во средно и девојче со таква бионергија, залутано како јас, ми пријде и ме праша за клас ова она. По две години најдобри другарки случајно прошетавме на тоа место и таа ја спомна нејзината астрална проекција за таа куќа бидејќи и онака ме загледала како сум ја гледала куќата зачудено. Ми спомнала пордаи тоа што си мислела дека сум и прочитала некоја мисла за куќата и затоа така сум ја погледнала куќата (јас имам такви способности, преку емпатија можам да ги прочитам луѓето, сум имала и визии, знам да гледам на кафе, имам измислено начин на гледање на карти кој се покажа како многу подетален и поточен од било кој начин досега). Како и да е, тогаш и кажав и за мојата астрална проекција кај истата куќа, и сфативме од кај сме си биле познати уште од денот кога се запознавме. Инаку, тоа место и не беше баш било какво, во близина на таа куќа беше црквата, а спроти неа живееше тој еден за којшто и двете мислиме дека е нешто најубаво во светот. Прво таа требаше да биде со него, но се заљуби во друг и не беше, а јас имав дечко. Убавецов наш и пред тоа се упикуваше во моето друштво и покажуваше отворени знаци на љубомора кон дечко ми поради мене, па по некое време се фатив со него, никој не сум сакала како него... еве како цела година правиме скар смир... Моментално сме на скар Инаку го запознав и се заљубив пред да ја најдеме со другарка ми онаа куќа кадешто беше нашата астрална проекција. Значи сепак, астралната проекција не е било каде
Астрална проекција, спиритуализам, јога, гледањето се од гаволот. Тие работи ги користат сатанистите. Не вршете гаволски дела оти ке си навлечете проклетство со демонска обседнатост. Спасот, излезот од демонските влијанија и благословот е само во Исус Христос!
А што ако на некој му се случи сама по себе астралната проекција? Значи дека го дружи ѓаволот? Или нешто ново, што не е толку познато денес, иако се сомневам во тоа, со оглед што често се случува кај луѓето, без да сакаат.
Уште да видам и дека фитнесот е сатанска работа, уште тоа фали.Работата е кој, како ја разбрал јогата, како ја применувал, колку ја применува и сл.Знам еден случај за астралната проекција, каде личноста, не ни знаела како да ја примени, а си верува во Бог, ги слави празниците, чинам и пости, па сама по себе и се десила астралната проекција и сега што треба жената да прави? Да помисли дека е опседната од ѓавол? Иако она гледа повеќе од научен аспект, отколку од духовен.Баш ми кажуваше пред може три години.И, ден денес жената си функционира, како и секој нормален човек, само ете и се десило и тоа е тоа.
Многу сакам и јас да ја доживеам ама незнам со каков тип на медитација Инаку тренирам јога зошто многу ме ралаксира , а ем си го зацврстувам телото.
WOW Сега ми се отворија очите, почнав да се дружам со луѓе што одат на јога и нивното влијание се пренесе на мене и станав атеист, а всушност цело време сум бил сатанист. Брзам да се потурам со крстена вода!!!
Пишав погоре но не добив одговор ми се има случено несвесна астрална проекција и додека лебдев во собата под мене се појави вртлог во различни бои ме интересира дали има некој друг слично искуство (јас бев претерано исплашена и се борев со сите сили да не влезам во вртлогот иако ужасно ме привлекуваше ).
Лично не ми се случила астралната проекција, но од пријатели, колку што ми е кажано, за време на астралната проекција не им се појавил вртлог, само излегување од телото, лебдење, па дури некои и прошетки си правеле.Колку што ми е познато и од луѓе кои свесно можат да направат астрална проекција, а бога ми и доста често, значи кои се бават со тоа, никогаш не спомнале вртлози за време на астрална проекција, ниту дека може да се појават.
Внимавај и тоа многу, проекцијата на астрално тело не е воопшто лесно и не-ризично, спонтаните проекции се ок, оти астралното тело е свесно за поминатиот пат, иако твојата свет за тоа не е свесна. Тука станува збор за свесност на две нивоа и се додека не ги урамнотежиш, и не ти бидат на иста бранова должина не пробувај да правиш. Инаку, имам правено астрална проекција и го знам чуството и се што можеш да дознаеш и да видиш а и да почуствуваш. И прво среди си ги inner demons оти можат да ти прават проблеми, извежбај ја коцентрацијата, научи да дишиш правило итн.... Ако ти требаат совети пиши ми у лична порака.
@eagle.eye Астралната проекција не е воопшто опасна. Се прашувам како дојде до тоа сознание? Кое сметам дека е многу погрешно. Значи, астралното тело не може да се стави на исто рамниште како духот од разлог што вршат различна функција. На духот ,,задача'' му е да се издига над телото по настапувањето на смртта, но тоа главно според спиритуалните верувања и концепти, што не е случај со астралното. Иако сепак, надвор од тие рамки, јас лично сметам дека астралната проекција може да се извежба но нема сега тука да се задржувам објаснувајќи. Е сега, без разлика дали проекцијата ќе биде спонтана или плански изведена нема причина за страв, затоа што астралното тело е врзано со silver core за папокот, со таа цел за колку далеку и да се патува по тие астралните системи, да може повторно да се врати назад во физичкото тело, потенцирам и болдирам повторно, за да не настапи смрт. Тоа и е главната ,,улога'' на сребрената врвца, да го враќа телото назад, и тука впрочем е и разликата меѓу духот и астралното тело како што напоменав во првиот параграф. Inner - demons ти се уствари ентитети. Ти само терминот си им го сменил, ама еве јас ќе појаснам, не за тебе, туку за другите. Значи тоа не се никакви демони кои ја инхабитираат и контролираат нашата свест, туку ,,тела'' кои како производ на нашата имагинација заземаат облик и ги пресликуваат нашите стравови. Тие се бестелесни, и лебдат во просторот, а се обидуваат дури и да се нахранат со нашата енергија, иако во главно не можат ништо повеќе од тоа. Сепак, ееднаш кога ќе научи човек да се дистанцира од нив проектирајќи се свесно, автоматски ќе му премине тоа во пракса и ќе може постојано. Балансот на енергетските полиња е исто така мошне битен, но не и примарен. Понекогаш е доволно само третото око да биде активно за да може да се отвори астралниот портал и да се патува низ него. Што се однесува до методот, постојат неколку, но тоа претпоставувам дека веќе го знаеш па нема да ти објаснувам. Она што ми беше главната поента у целиов пост е дека овој свет е многу по опасен за разлика од астралниот. Бидејќи таму свеста ја издигаш за неколку степени по високо, за разлика од овде каде повремено губиш контрола врз животните околности и ситуации. Таму не може ништо да ти измакне од контрола, бидејќи ти си капетанот кој го управува бродот.
Вале, а според некои, пак опасна е астралната проекција, ако оној кој ја прави, доколку не се врати во своето тело, може да умре.Како е дојдено до таа констатација, не знам, мое мислење е ако знае човек да ја направи, знае и како да се врати и не гледам тука нешто опасно.
Горде, не негирам дека постои можност кај поединци исходот да биде кобен. Меѓутоа, тие случаи се толку ретки, што скоро и да не треба да се обрнува внимание на нив. Бидејќи, од сто луѓе кои свесно ќе решат да ја изведат проекцијата, дали за десет од нив истата ќе резултира со смрт. Е сега зошто го велам ова... Го велам, затоа тоа што постои разлика меѓу свесното проектирање кое е волево, за разлика од спонтаното кое е случајно а најчесто и непосакувано. Точно дека ризикот е поголем кај спонтаното, бидејќи индивидуите не можат да воспостават комплетна контрола, и токму затоа имаат тенденција да доживеат физичка смрт. Тоа е така од причина што астралното тело преку ''сребрената врвца'' е споена со телесното. И во случај да дојде до некаква силна интеракција, (како претерана возбуда, напад на паника препратена со страв, или едноставно доколку личноста која несвесно доживеала проекција претходно страдала од кардиоваскуларни проблеми) да почине. Освен тоа, постојат многу случаи каде лекарите имаат констатирано дека инфарктот се случил ненадејно во сон, но не дознале што точно што бил главниот причинител за тоа. Секако дека не тврдам оти секогаш е проекцијата виновникот, но истовремено не ја ни исклучувам можноста кај одредени луѓе да била. Додека кај свесното проектирање исто така постои ризик, но значително е помал бидејќи во ниту еден момент не губиш контрола врз астралот, а тоа е логично бидејќи си свесен за се` што се случува околу тебе. НО, и тоа не треба да се земе здраво за готово. Бидејќи астралниот свет знае некогаш да биде доста подмукол, зол и полн со замки! Едноставно, постојат такви системи, кои буквално располагаат со таков распон што можат да те проголтаат во себе, и затоа треба да се внимава. Добрата страна од ова е тоа што најчесто само искусните астрални проектори може да ги препознаат, и избегнат. Истовремено тие ''замки'' посекако нема да бидат проблем ниту за неискусниот проектор, аматер, кој првенствено нема ни да се осмели да замине толку даелку. Во кратки црти, АП ви е вештина, техника која се усовршува само преку вежбање, и нема тука многу филозофија..