Ок, сум приметила дека можеби така е колку да се заплаши некој кој прв пат ја прави астралната проекција, што знам, бидејки како што кажав претходно, ако се знае техниката, се прави астралната проекција, нема зошто да не знае да се врати, што значи знае што следува во астралот, поточно за тие замки, како што ги нарече.Исто така, познато ми е дека се појавувале ентитети за време на астралот, мислам имаш спомнато, но мене од порано ми е познато, а видов и ти го спомнуваш истото, чинам спомна некаде за ентитети.Некогаш имам помислено за соновите, дека можеби се астрална проекција, за сонови кои не си ни мислел/а, обично се вели се сонува нешто што си мислел, но има и сонови што немаат врска со потсвеста. Инаку, претпоставував која е причината што би можело да предизвика смрт, а веќе ја кажа како претераната возбуда и др.Имам веќе спомнато, не ми се случила астралната проекција, не ни сакам, баш заради тоа што го рече, веројатно би ме фатило паника.Техниката не ја знам, не ми е кажана.Друго си е веќе спонтана астрална проекција, каде не би имало време баш за паника, оти не е свесен човекот, во тој момент.
^ Последната реченица, болдот, не би рекла дека е баш така околу спонтаната. Од причина што иако не можеш да манипулираш со своето астрално тело, тоа не е случај и со емоциите кои ги чувствуваш во тебе. Читај погоре, во првиот параграф имам образложено зошто е тоа така. Тоа е така уствари, бидејќи врвцата во ниту еден момент не го губи ''контактот'' со самото физичко тело, па отаде чувствата и емоциите се разбрануваат и будат чувство на страв, немоќност дезиорентација...Да не беше таа врска, човекот всушност не би се' ни сеќавал на своето астрално патување. Таа врска служи главно за пренесување на ''вибрациите'' и се останато во периодот што се случува за време на несвесното патување. Постојат и случаеви каде индивидуата и покрај тоа не се сеќава, а тоа е така бидејќи свеста и потсвеста не си ја усогласиле работата, па проекцијата се случува толку спонтано што не останува ништо во меморијата по будењето.
@Gordana10 и @Valerin интересно од една страна зборувате и тврдите за астралната проекција како да знаете за тие работи, од друга страна во друга тема ја негирате реинкарнацијата. Сега би можел Gordana10 да те прашам со истите твои реченици од друга тема, но зборовите „реинкарнација„ да ги замениме со „астрална проекција„: Спојлер Да не ме сфатите погрешно, јас не ве обвинувам, само ви покажувам директен ваш пример за двоен стандард кога се во прашање ваквите езотерични ставови. Инаку јас верувам во можноста за астрална проекција, само што не мислам дека тие треба намерно да се предизвикуваат со ментални техники. Астралните прошетки ни се случуваат природно и секојдневно на сите нам за време на длабокиот сон, кога душата се одвојува привремено од телото, само што не се сеќаваме обично на тие патувања.
@daylight ти кажав и претходно, знаев дека така ќе прашаш, затоа и ти спомнав во другата тема.Која ти е воопшто потребата од истото прашање кое ти го поставуваш, да го пренасочиш кон мене? Зошто? Бараш некаква карактеристика кај мене или...? Значи, се разбравме во другата тема, ти кажав дека истото ќе ме прашаш во другата тема, без разлика дали е Бог или не, не гледам причина на продолжувањето на муабетот.Веруваш во астрална проекција, а ме прашуваш зошто верувам во истата? Не ти е логично прашањето, кое и воопшто не ти е поврзано со темата, но е поврзано со тоа што сум одговорила во другата тема, па како пишувам тука и зошто едното го негирам, а другото го одобрувам.Тебе прашањето не ти е за астралната проекција, туку потенцирањето на тоа што Гордана пишала во другата тема, а што пишала во оваа, на начин земајки го мојот пост, како прашање поставено кон мене.Доколку имаш нешто да ме прашаш, прашај ме во лп, а што нема врска со астралот. Да ти кажам, да не ме разбереш погрешно, само покажувам твој пример, за двојниот стандард, кој го бараш кај другите.Реинкарнација, не е нешто што Библијата, го спомнала.Така да, веруваш во Бог, а веруваш дека има реинкарнација.
Очекував ваква контра реплика од твоја страна, што е знак дека не ми ги читаш постовите до крај. Ако не забележа, јас направив аналогно толкување, гледано од призмата на традиционалниот концепт. Всушност, сешто требаше да направиш е да обрнеш внимание на таа една реченица во мојот пост - првиот параграф, каде го приложив својот личен став, во кој наведов дека постојат разни методи преку кои може да се извежба астралната проекција. Иако, никаде не наведов експлицитно како, сметав дека може да се прочита меѓу редови. Чудно е тоа како секогаш ти измакнуваат најбитните поенти во моите постови, па акцентот го ставаш на она што тебе ти годи, со цел да ги оправдаш сопствените теории.
Таман работа. Си правиме пријателски муабет на форум. Многу е логично и има многу врска со темата. Астрална проекција, живот после смртта и реинкарнација одат заедно. Имено, патувањето во астралот не се случува телесно, така? Во ред тогаш, што се случува со некогашните астрални проектанти-патувачи откако телото ќе умре? Јас не реков дека Библијата спомнала за реинкарнација, а воедно и повеќепати реков дека не верувам во Библијата, туку реков дека Христос денес преку пророчката реч (а не преку Библијата!) ни открива за реинкарнацијата - а тоа се две различни работи. Не гледам во тоа ништо спорно. Па јас не верувам дека реинкарнацијата е бог. Јас верувам во Бог и во процесот на реинкарнацијата. Еве, замисли некој да ти каже: ти Gordana10 веруваш во Бог, а веруваш дека има астрална проекција. Што има спорно во тоа? Така е, те разбирам и не го оспорувам тоа, туку зборот ми беше дека ти на тој начин ја прифаќаш можноста за астрална проекција - душата или астралното тело да се прошета некаде независно од физичкото тело, вон планетава, вон оваа димензија. Од друга страна ја отфрлаш можноста истата таа душа по телесната смрт и/или извесен период по истата, „да се прошета„ до друго тело т.е.е да се реинкарнира. Јас барем така те разбирам...
Епа таа пророчица во која толку веруваш, ги помешала работите.Прво и самиот знаеш дека е спомнато во Библијата, за појавувањето на лажни пророци, мене ми делува, а можеби и имам речено претходно, за таа пророчица многу едноставна ми е ситуацијата.Зошто? Имаше споделено на времето, линкови од една страна, во која има дел од она што таа го зборува, делови од Библијата, каква е таа пророчица каде цитира делови од Библија, па се самопрогласила за пророчица? Мене не ме воодушевија, за да ме натера да помислам дека е стварно пророчица. Ако е така, тогаш секој може да биде пророк.Дали си помислил дека таа пророчица, можеби лаже? Еве и да ми речеш „ ама види она што таа го кажала, се поклопува со она што Исус го кажал“ и само заради тоа веруваш? Што има спорно во тоа? Токму ти ми потенцира за тој двоен стандард.Значи, мене не ми е проблем дали Трпе пишал некаде вака, а на друго место трето, бидејки не сум личност која мери кој, како, што и зошто, кажал, бидејки немам намера, а нит ме интересира туѓиот карактер, кој ти го доведе во прашање мојот карактер, за кој патем никаде не стануваше збор.Доколку не забележа во претходната тема, те прашав зошто си убеден во постоењето на реинкарнација, не те прашав „ ти овде во оваа тема вака одговори, а во другата онака“. Инаку, за астралната проекција и нејзиното постоење, за кое мислиш само верувам а не сум баш сигурна, ќе ти објаснам зошто.Можеби имаш прочитано што спомнав во темата за Господ, односно што ми се случи ноќта кога си легнав да спијам, кога не можев да мрднам со телото, дојдов до степен, да како да ти кажам, да осетам како дел од мене се одвојува, еве буквално, тој дел од мене чуствуваше преголем мир, а со други зборови, можев за влакно да умрам, малку требаше.Ова што ти го кажав пред малку, кога се случува такво нешто, мене ми рекоа се случува брзо, само кај мене обратно беше, побавен процес. Можеби некој ќе ми рече „ ништо не ти било, нема врска, според науката, тоа вака и вака се вика, нормално и на секој човек му се дешава“.Реално зборам, чудно беше тоа што се деси тогаш. Она што сакав да кажам е има нешто, кое мене ми дава сомнеж за постоење на астралот.
Не, погрешно си ме разбрал. Кога реков дека може да се извежба не мислев од духовен аспект, туку како состојби на свеста, во кои човекот може да се доведе доколку се нурне длабоко во својот ум. Батали астрално тело. Тоа се толкувања на кои јас не се потпирам, но за нив пишувам од причина што ја продлабочуваат имагинативната црта, отворајќи ја портата кон идеалот по кој сите копнееме колку год не постоел. Од истата причина те читам и тебе.
Ти благодарам Valerin, вака објаснето многу подобро те разбирам. Според тебе астралната проекција значи се одвива во човековиот ум, како изменета состојба на свеста а не надвор од него. Многу погрешно си ме разбрала, многу ми е жал, не ми беше намерата да коментирам околку твојот карактер, јас лично не те познавам. Коментираме на форумов за различни наши ставови или пак за начинот на кој ги искажуваме. За пророци и пророчици, лажни или вистинити можеме доколку сакаш да збориме во друга тема или во лична порака. Патем еве, од каде да знаеме на пр. дека ти или Трпе (воедно спомна пријатели кои имале астрална проекција) не нè лажете тука на форумов во врска вашите искуства со астрална проекција? Не те напаѓам, не го доведувам во прашање твојот карактер туку преку реторичково прашање ти илустрирам кон што води логиката која ја напиша предмалку во цитираниот текст.
Нареден пат, пишувај свое мислење. Значи си дошол до тоа да се замараш, дали некој лажел на форумот или не.Браво. И ајде, нема што мене да ми илустрираш, добро знам што пишувам, не знам што те трогна мислењето мое за пророчицата.А за логиката, види, секој има свој стил на пишување, стилот на твоето првично прашање, во кое ме спомна мене и Вале, не беше твој.И, прифаќајте и спротиставени мислења, не само се оградувајте со тоа „ погрешно си ме разбрала“.Гледам и Вале убаво ти објасни.
^Само што ти за разлика од Вале не умееш да објасниш убаво туку повторуваш повеќепати едни те исти прашања иако веќе ти обиле одговорени.
О, значи и тоа си проучувал, гледам и со тоа се занимаваш, е ако, ако имаш некаква статисфакција во животот од тоа, ондак проучувај си
Mnogu pati mi se ima sluceno koga sonuvam, da sum svesna deka sonuvam. Znam deka e samo son i mozam da go kontroliram sonot kako sakam.Isto taka koga mi se slucuva ova mozam da se razbudam koga sakam bez da pomislam na fizickoto telo. Samo seuste si go nemam taka videno fizickoto telo, se nemam videno kako spijam. Sega me interesira dali i ova spaga pod AP???
Имам слушнато и дека женски дух може да влезе во машко тело. Замисли си шеташ низ димензии и комуницираш со вонземјани од Алфа Кентаур, се е прекрасно. После тоа се враќаш и дознаваш дека во твоето тело има дух од мало девојче, и си игра со барбики. Какво разочарување. Се дешава, имам видено возрасни мажи што се однесуваат како деца.
Нова сум на форумов, хај женски. Јас изминативе 6 месеци имам доживеано АП неколку пати, чувството е и чудно и убаво, како да кажам?! ххха свесна АП не е лесно да се постигне, вежбам и пробувам но секогаш доживувам несвесна АП. Ке го видев моето тело за малце, но се исплашив и се вратив во физичкото тело.
Леле алал да ви е како не ве фаќа страв кога ќе доживеете такво нешто спонтано, а камоли да се обидувате. Јас при самата помисла мислам дека ќе добијам инфаркт Толку добро да го знаете сопственто тело и ум, ма свака част ја не би пробувала добро ми е вака на земјата и безбедно Туку сакам да прашам нешто, ви се има ли случено да си легнете преморени во многу темно и на сред вечер да се разбудите борејки се за воздух едно минута време? Не сонував ништо таа вечер, луѓе страв ми беше да си легнам пак. Што ли ќе беше ова?!
Уште тоа го немам доживеано на спиење. Не би го пробувала, ако се случи само по себе океј, би било интересно.