Мене почетната фаза ми се случува секоја вечер, но го контролирам тоа, научив. Морам да признаам не ми е нешто омилено, но премногу сум отворена кон такви работи, па може затоа почнав да ги доживувам. Самоконтролата е се. Немојте да предизвикувате. Кога ќе заспијам, а сеуште свесна прво чувствувам трнење па ко нешто да ме влече како вакум и се осеќам многу лесно, подалеку од тоа не сум отишла, и не би сакала да си играм со такви работи. Не би сакала да ми се случува, непријатно е.
Немам доживеано, ама знам дека откако го изгледав Insidious не можев да спијам цела недела со ред. Се штрекнував на секој звук, секое крцкање, цело време се гледав по ќошовите од страв.
Верувам и ми се случуваа многу одамна кога нивото на свест ми беше повисоко и неосквернавено од многу негативни емоции. Инаку ме воведе лице кое сеуште ги изедува. Нема поубаво мотивирачко средство и ревитализирачко за сиот дух.
секоја астрална проекција е индивидуално доживување и има посебно значење во согласност со тоа што ни се случува во реалноста.
Да тоа е проекција, и е супер, можеш да влезеш во тој вртолог но не би знаела да ти кажам колку далеку може да те однесе, можеш планети и слично да гледаш но да испаничиш за тоа како ќе се вратиш. Убаво е додека влегуваш во таков свет, но има и мрачни страни, не знам што меене толку ме напрега секоја вечер, но како што кажав не предизвикувам.
Јас и другарка ми се обидовме да направиме свесна астрална проекција мене не ми успеа но на другарка ми беше успешно, треба многу концентрација и не треба да има страв за време не процесот не треба воопшто да се мрда бидеќи може да се навлезе во спиечка парализа и преку ова патување другарка ми откри дека дечкото ја изневерува додека тој лажеше дека е дома таа ги насочи мислите кон него и го виде со друго девојче
Јас во овие приказни тешко верувам макар што медитирав некогаш често, еднаш ко да имав некое такво искуство и не го препорачувам посебно ако не сте обучени за "враќање назад".
Луциден сон ти е кога стануваш свесна дека сонуваш и го контролираш сонот а Астрална проекција ти е кога духот ти се одделува од телото...
Сега отκаκо ги пρочитав сите постови (очи ми испаднаа) убаво сфатив што значи и дефинитивно ќе пρобам ама κога ќе усовρшам медитиρање и κога доообρо ќе се инфоρмиρам за ова, па ќе ви пишам исκуство и што сум дознала, сеκаκо аκо ми успее
Јас еднаш сонував како ме брка некое животно и таква уз трчање си мислам абе шо ми е на мене што сум се уплашила кога и онака сонувам.. и цела задишана се разбудив. Не знам ни дали е ап ни дали е лс ни дали ја утнав темава овде ама мн често кога сонувам сум свесна дека сонувам и не можам да правам работи што ни во реалноста немам храброст да ги направам
Абе ова страшно било, ќе си ја испуштев душичкава... Духот ми бегаше а јас со големи напори (умствени) се обидував да го вратам назад. Пробував и да се разбудам... Ех и ова го доживеав.
Девојки еве и од мене едно искуство, бев преморена ама сепак не можев да заспијам одма. Одеднаш слушам звуци и шумови кои беа многу блиску до мене, баш ми беше убаво и се прашував зошто и порано волку јасно не сум ги слушала. Потоа почнав да сонувам и можев да го контолирам сонот, само што видов дека ќе се претвори во кошмар го прекинав. Потоа видов дека ми се случува нешто чудно и реков ај да си легнам. Кога станав одеднаш ми ги снема рацете кои на почеток ми беа светлечки, како да се изгасна струјата и ми ги снема рацете. Изненадена сакајќи да извикнам приметив дека неможам да зборам, се прашував од кога сум онемела али немав логично објаснување, па затоа цврсто убедена во себе дека ќе прозборам тргнав накај брат ми за да му дадам до знаење дека веќе неможам да зборам. Бато,бато, и силно и тивко и шепотев ама никако глас не се слушаше. Брат ми беше на другиот кревет ама сепак како од горе да го гледав. Околу мене како се да беше магливо и нејасно. Одеднаш се разбудив и чувството беше интересно, но воедно и језиво дека сум плашливка по природа. Мислам дека беше астрална ама еве вие одлучете.
Леле ова не ми требаше вечерва но пуста љубопитност. Не ни знаев што е тоа астрална проекција ради тоа и отворив,но ми звучи како премин на другиот свет односно личноста е во транс на граница кога се двоуми каде ќе оди дали ќе се врати назад или ќе замине но дотогаш е како изгубена душа која талка...всушност телото умира а ти си го гледаш својот леш и лебдиш страшноо..Или пак намерно некој кога медитира со цел да му се деси тоа,а што ако неможе да се врати? Отиде..Ова ми е исто како кога излегува човечката душа па ради тоа верувам во такви работи бидејќи после смртта на секој човек исто така му излегува душата и мислам дека ова е истото.Имам слушано случки една од нив како некоја девојка во болница била многу болна и починала(но не била сеуште навлезена во другиот свет) и после се вратила во живот и го опишувала тоа чуство дека се гледала како нејзиниот брат се брзал да стигне да ја види, како тажеле по неа дека починала и се што ке посакала да види само требала да помисли на тоа и се било како да е во тунел сето темница само свети (како некоја ламба)таму кон тоа што сака да го види леле страшно имам страв од вакви раб мн