ДА при Астрална проекција имаме целосна контрола,и да,можеме да престанеме кога ќе посакаме. За да се разбудиме односно за да свеста од астралното тело ја префрлиме во нашето заспано физичко тело доволно е само да помислиме на нашето физичко тело и веднаш се прекинува Астралната проекција. Мене не ми успеа доволно долго Астралната проекција затоа што незнаев дека ако помислиш на физичкото тело одма се будиш. Али кај и да е осеќам дека ќе направам свесна АП затоа што успешно ја имам усовршено ТРАНС состојбата. Пак ќе повторам на првата страна имам убаво објаснето за АП и моето искуство
Интересно звучи ,ама нешто ако се искомплицира И да, има некоја сличност меѓу клиничката смрт и АП. Јас имав еден комшија стар дедо 70сет години беше така нешто( ова мала кога бев 1-2 одд ,многу бев приврзана со него бидејќи моите дедовци беа починати а тој немаше внуци ...) болен беше нешто човекот и кажаа дека умрел . Одевме на последно видување кога го дочувуваат нели една ден , и собрани сите идат да запалат свеќа и човекот се закашла и се исправи во креветот . Тоа беше мојата траума и оттогаш нема шанси да појдам на погреб воопшто. И викнаа брза помош ,докторите кажаа дека се работело за клиничка смрт . Дедото поживеа уште една недела ама сите кажуваа дека се мрднал зборувал неповрзани и нереални работи за други светови и слично ( не се сеќавам убаво мала бев ) ама знам дека кога се разбуди и рекол нешто на бабата демек -Ти незнаеш дека ми е ладно ако неможам да ти кажам ти сама треба да си знаеш(како тој да неможел да и кажи а зошто? ) ајде да речеме дека тоа е ради клиничката смрт ама за тоа други светови и слично (дедото или доживеал АП или се мрднал ... A јас сето ова требаше да го пишувам утре бидејќи сега ќе неможам да спијам!!!
Може ќе си помислите свашта дека сум нездрава и дека лупам глупости ама ова што го знам јас е многу језиво. Близок пријател ми имаше зборено дека му се случува тоа, но не го кажа како астрална проекција туку незнаеше да го објасни, во текот на 6 месеци му се имаше случено 2-3 пати тоа, чувство како лебди, како е превртена и како е над себе си како го гледа сопственото тело. Потоа почнаа да се појавуваат други симптоми и испадна дека има тумур, за среќа се помина добро. Само знам дека докторот имаше кажано дека тоа што и се случувало како астрална проекција е еден од симптомите дека нешто не е ти е во ред со мозокот. Секако јас не викам дека не постои астрална проекција, незнам дали да верувам во тоа или не, и не велам дека секое такво искуство може да значи дека нешто не ти е во ред во мозокот, само пренесувам искуство што ми го имаат кажано. А мене многу ме интересира овој феномен со астралната проекција, дали е научно докажано?
Да секако дека може да се објасни али сепак најдобро е лично да се почувствува и доживее така најубаво ќе се објасни тоа што подолу ќе го кажам. Јас ја имам усовршено ТРАНС состојбата,само прашање е која ноќ ќе ми се случи АП. Бидејќи за да свесно постигнеш АП треба прво да влезеш во Транс состојба. Ај прво вака да ве запознаам со терминот ТРАНС состојба. Тоа транс е состојба кога целосно го „исклучуваш„ телото едноставно не го чувствуваш. Јас тоа одлично го изведувам. Морам да напоменам дека за да дојдеш до таа тешко остварлива транс состојба потребно е некое време да медитираш.Медитацијата најмногу помага за да се доведеш до транс состојбата. Бидејќи со помош на медитацијата ќе научиш и ќе можеш да ги контролираш мислите и чувствата. Е кога ќе можеш да ги контролираш мислите веќе е полесно. Еве како јас се доведувам во Транс. Бидејќи во последниов период сакам да направам свесна АП ова го практикувам скоро секоја вечер. Едно 30 минути пред легнување медитирам и целосно се опуштам. После тоа си легнувам за спиење на грб и едноставно се исклучувам на ништо не мислам (тоа е контролата на мислите) И така едно 10тина минути се опуштам скрос и почнувам се помалку и помалку да си го чувствувам телото. И кога ќе почувствувам вибрации а неможам да го мрдам телото тоа е состојбата на транс. Потоа кога ќе стигнеш до трансот треба да почнеш да тонеш и во тој момент има најголема можност да направиш свесна АП. Инаку мимс,незнам дали е научно докажано али мислам дека нема ни потреба тоа да се докажува најголем доказ за тоа се милионите луѓе на кои што им се случува свесно или несвесно да постигнат АП а за среќа и јас сум една од тие луѓе.
Еве што најдов јас за ова Како некоја жена преку АП ги имала посетено повеќето галерии низ светот.Таа никогаш не била во Франција,а сепак го опишала влезот и внатрешноста на палатата. А еве од што треба да се внимава 1. Кога висока густина на астралното тело може да биде компатибилно со животот на еден немил настан,тоа би можело да биде судир со објектот,како што е арматурата во ѕидот,кога ќе помине низ тоа,или некој намерно ја нанесува оваа повреда,но таа густина ретко кој може да ја создаде,така што ова е случај за секој случај. 2. Електричната енергија го привлекува астралното тело и да се излезе од таму е тешко,можно е да се умре,исто така и шините се опасни но не толку критични. 3. Треба да се остане на страна од сите турбуленции,високо магнетизирани објекти,исто и од умрените и други суштества. Колку е поголема густината,толку е и поголема веројатноста за повреда. Сепак АП може да биде напорна за физичкото тело
Хмм јас правев муабет со една личност за ова (ептен забегана многу имаше читано за тоа) и ми рече дека еднаш имала многу страшно искуство едвај се вратила нешо у тој стил и ми рече ако не знаеш буквално CE за тоа, не се ни обидувај, ми рече тоа е мн опширна наука и мн треба да се чита за тоа...сеа незз, ме исплаши малце тој муабет, а и јас се плашам од помислата да искусам такво нешто.
Ми се случува периодично, или барем мислам дека станува збор за астрална проекција. Едноставно духот како да ми се одвоил од телото и самата се надбљудувам како спијам и обично бидејќи сум свесна за тоа, се обидувам самата да се пробудам со врескање или со силни потези во кревет. Самата во сонот си давам наредба да се пробудам. Погадно чуство немам доживеано и не знам зошто ми се случува ама сакам да престане. Како во транс да сум и обично потоа ми е дури и страв да заспијам повторно. Обично ова ми се случува кога сум физички или психички неизмерно исцрпена. Не гледам никаква убавина во тоа, напротив, се чуствувам одвратно и преплашено Мимс за тумор на мозок, не мора само ова да е симптом, има ред други симптоми. Барем за ова за жал сум упатена иако би била посреќна да не ги знаев овие работи Зборот ми беше да не ги исплашиме луѓево ако се решени астрално да се проектираат. Јас лично, не благодарам - дури и размислувам како да го сопрам тоа што ми се случува во време на преголем умор и исцрпеност.
Ве молам да ми каже некој дали под астрална проекција спаѓа и кога слушаш некој баш језив звук, кога чувствуваш како ти вибрира цело тело, нешто ко да ти ги притиска градите, свесен си и сакаш да се разбудиш меѓутоа не можеш ниту да мрднеш ниту да пуштиш глас. Мене ова ми се има случено неколку пати и многу е језиво, и од кога ке заспијам пак знае уште неколку пати да ме здрма. Исто ми се случува, верувам ова на повеќемина им се има случено да паѓам ко во бездна, се околу мене е црно и да се разбудам баш во тој момент кога треба да паднам. Мн безврска ми е ова, а немам некој стручен од оваа област со кој ке можам да зборам...
Китти, тоа е парализа во спиењето Еве на Википедија што пишува за тоа http://en.wikipedia.org/wiki/Sleep_paralysis Еве и сликичка Мене ме уби језа и веќе навечер не читам вакви работи. Синоќа кога легнав ми беше страв да не доживеам АП
леле Oфи сликава се наежив Mене никогаш не ми се има случено таа астрална проекција дури се зачудив како може да им случи на некои луге
Јас сакам да ми се случи, ама ми е страв да не не си се вратам во телото Плус треба да си смирен, сталожен и да не се вознемируваш за да ја постигнеш, а јас сум живчено створење. Можеби некогаш кога би ми се средил животов, ќе си ставам за цел да постигнам АП, ама само кога ќе знам дека повеќе ништо не ме вознемирува.
^^Без претерување, минимум е волку језиво и гадно чуството како на сликава од Оффи. Кога бев помала имав чуство како самата себеси да сакам да се угушам. Ама ич, ич не е убаво Спремна сум јас за едно хипнозиче а ла Фројд а? Да си навлезам во потсвеста, којзнае што се се крие.
Е фала ти за сликичката ме дотепа уште толку Инаку баш сега го читав ова на Википедија, може да е и последица на стрес, се надевам дека не доаѓа стварно демон?!? Како и да е фала ти на инфо, барем знам дека не сум одлепила ова стварно е некоја безвезна состојба ...
Језиво е, ми се нема случено одамна да се гушам во сон, ама мислам дека после сликава кога ќе ми се деси ќе си проумрам од стравотии само што ќе си замислам што може да е врз мене Имам читано дека такво гушење може да се случи во скроз темна просторија, затоа практикувам т.е. не практикувам ами обавезно спијам со отворена врата за да ми влегува светлина од другата соба. Кога сум во скроз темна просторија ме фаќа невидена параноја и страв, срцево ќе ми излезе и веднаш помислувам на вакви работи. Тоа е слична речиси иста со фобијата што ја имам од кучиња.
Mожеме да не се вратиме? Kај сум била јас досега? имам слушнато за клиничка смрт,ама недоволно се избунав сега,и се наежив и ми состуде редактирам заборавив да напишам за гушењето,ми се случуваше до 8одд, Спојлер и не само мене,туку и на баба ми која што лекува од несоници,страв и сл.и се секавам на една вечер дека спиев,и некаде среде нок,слушнав дека некој ме викна по име,и се подразбудив малку,и се вртев лево-десно,а во собата спиеа и другите 2 помали сестри,и наеднаш чуствував пот,па после тежина и после гушењето,и не можев да дишам,солзи ми течеа,не можев да викнам,после сила ми дојде и реков свет крсту доагај,ме земаат баба така ми кажа да викам,и наеднаш ме пушти,и јас почнав да вриштам најсилно што можев,и дојдоја моите в соба,и сестрите се исплашија кутрите,и знаете дека се почадува,и мама ме седеше до мене дур не заспав и после тоа не ми се случи,извинете ако ве вознемирив,ама се надоврзав на гушењето
Леле сега и мене ме фати некоја параноја пак да не ми се повтори тоа... Значи ова мозоков е невидена работа, алал да му е како знае да те вади од памет, а всушност се е до него. Инаку сум приметила дека секогаш кога ми се случува тоа спијам свртена со лицето према таванот, односно на грб така да избегавам да спијам во таа положба.. Готово, нема да си ја оптоваруваме психата со такви соништа и ке си сонуваме само убавини, брда и долини хаха