Ова истово и мене многупати ми се има случено, делот кај што знам дека е сон, 100% сум свесна, се обидувам да се разбудам, да отворам очи, ама телото не ми ги слуша наредбите, и во тие моменти многу мноооогу се измачувам...може ова да се претвори во позитивно искуство?има начин?и дали е на некој начин воопшто ова АП...затоа што сум 100% свесна дека е сон, телото не си го гледам, но си давам наредби, ама не ми мрдаат ни рацете ни нозете, неможам да ги отворам очите, а размислувам нрмално????ме испоплашивте со ова бре еј
Доберман ме интересира колку време се трудиш да го постигнеш ова свесно? Како се враќаш од таа состојба на транс? Дали и пред тоа си работела медитација и колку долго? Јас лично немам некоја желба за АП засега, но ме заинтересира ова. Знам по нешто за медитацијата и тоа само по себе е сериозна работа, АП е далеку посериозно. Не смееш да го тераш умот да постигне работи за кои не си подготвена. Сепак треба подолга подготовка, и најважно е да не очекуваш секоја вечер дека ќе ти се случи нешто посебно. Големото очекување ги намалува шансите за успех.
За да постигнам свесно АП се трудам околу 2 недели. Па според мене полесно е да се вратиш од транс состојбата отколку да ја постигнеш. Се враќам со тоа што додека сум во транс состојба на ништо не мислам,а кога ќе сакам да се вратам ги активирам мислите и ќе си речам „доволно бев во транс состојба сега ќе се разбудам„ и почнувам се повеќе да мислам и така телото почнува полека полека да се буди и за околу 1 минута сум целосно будна. Ааа Медитација имам одамна вежбано и ја имам усовршено до максимум. Веќе 3 години медитирам а тогаш си немав врска од АП и не ни знаев дека такво нешто постои. Многу луѓе кога медитираат многу им е тешко да се смират и на ништо да не мислат,а јас бидејќи имам 3 години искуство тоа „исклучување„ веднаш го постигнувам,само седнувам во положбата која најмногу ми одговара и одма во секунда можам да се „изгасам„ и на ништо да не мислам. Се си е тоа искуство и пракса неможе преку ноќ тоа да се постигне. Баш спротивно големото очекување (ова се однесува за свесна АП) ќе ти помогне побрзо да направиш свесна Астрална Проекција. Инаку без медитација тешко може да се постигне транс состојбата а уште потешко АП.
Енца, јас самата си ја истренирав потсвеста. Прв пат кога се случи ова не знаев што да правам, како повторно да го спојам умот мој со моето тело, ама постепено станав свесна дека единствено чаре се потези кои би можеле да доведат до будење. И со сила викам. Арно ама моето духовно јас му се смешка на моето телесно јас како се мачи и не успева да вика, нели во сон тешко ти е да викнеш, да трчаш итн. Епа јас со сила го правам ова. Среќа што живеам сама, не еднаш сум извадила од памет некој кој бил до мене...наводно сум целата во грчеви и се трудам да викам, а во суштина навистина се дерам. Што знам дали е ова астрална проекција, ама секако е некој вид на језиво одделување на духот од телото кој никако не ми е пријатен. Да, да мозокот е чудо! Што се може да ти направи.
не срцко јас не викам на глас и такви работи, се измачувам се измачувам, си зборувам сама во себе, и после кога ќе успеам да се разбудам, сум страшно уморна, и како што кажа ти страв ми е пак да заспијам...сега фала богу овие појави се се поретки, па почнувам да мислам дека можеби имало и вистина во она дека тоа се случува ради тие подземни води, местото кај ти е креветот, па откако заминав од дома ми се поретки ама сепак знае да се случи, е сега би го замолила доберман да пише дали е ова или не е таа фамозна АП, или само некој елемент на тоа...да знам дали од негативна да ја канализирам во позитивна појава за мене
enca.69, бидејќи ме праша да ти кажам што е тоа што си доживеала (за овој пост мислам се однесуваше прашањето) еве сега ќе ти одговорам. Ова не е целосна Астрална проекција ова што го опиша е Хипногогичен сон,тоа е состојба помеѓу АП и физичкиот свет. Значи еве да појасна на сите што имале искуство како на enca.69 тоа не е АП тоа е фаза пред вистинската АП. А АП е кога физичкото тело ти е буквално исклучено и не го осеќаш потоа стануваш свесен дека повеќе не се наоѓаш во физичкото тело туку си во астралното тело. Кога ќе бидеш свесен дека си во друга димензија (сон) тогаш треба да пробаш да станеш да се исправиш и да се одвоиш целосно од физичкото тело. Е кога ќе успееш да станеш и да гледаш (иако на физичкото тело му се затворени очите) и кога ќе си го видиш твоето физичко тело како лежи и спие на креветот и кога ќе можеш свесно да се движиш низ собата (а со тек на време ќе можеш се повеќе и повеќе да се оддалечуваш) е тоа е веќе АП.
Јас медитирам веќе една година и се раководев спред книгата "Силва метод - техники за подобар живот" и неколку пати ми се случило буквално да не го чувствувам телото, како духот да ми се одвојува, меѓутоа АП никогаш не сум постигнала. Тогаш свеста се губи и на прво место доаѓа потсвеста, али за да се постигне АП и состојба на транс мора да се вежба и постепено да се оди.
Конечно сфатив што е финтата со оваа астрална проекција.... Единствено што ми помогна да сватам е кога ми текна за филмот Awake со Jessica Alba кој го има гледано... Баш тој филм одговара на таа астрална проекција http://www.youtube.com/watch?v=e3eEauXSQIA
Језива работа Би сакала да прашам за искуство едно мое, дали всушност претставува астрална проекција, пред некое време заспав вака приквечер во дневната. Многу често сонувам и доста гадни работи, но овој пат беше доста чудно зашто буквално одеднаш се најдов во собата станата но јас се осеќав изнемоштено, тешко се држев за столиците од трепезаријата ( се во ист ред како и кога заспав ) и несакав да се свртам наназад накај креветот, каде што спиев и продолжив до вратата и фрлив поглед каде и ги погледнав мојте нозе и потоа повторно се завртев и слушав машки глас и се најдов на гробишта со двајца мажи. Не се сеќавам се детално, бидејќи кога го раскажав дома сонот добив одговор од типот, уморна си била . Инаку имав и друго искуство, сега поскоро кога буквално се гледав како спијам на левата страна face to face и после одма отворив очи ама пак заспав.
Doberman сакав да те прашам дали го имаш доживеано делириумот на трансот ? Како изгледа и какво е чувството ?
Да ти кажам искрено првпат слушам од тебе за „делириум на транс„ не сум чула така некој да каже,јас знам тоа се вика транс состојба и веќе кажав во претходните страници како успевам да влезам во транс состојбата.
Јас сум слушнала дека најубавото чувство на трансот се нарекува делириум... Исто како во сексот најубавото чувство се нарекува оргазам ... Ако можеш вака да го сватиш
Доберман јас имам некое си искуство ама некако не ни се совпаѓаат мислењата. Сега ќе ти ги кажам моите искуства на оваа тема. Од секогаш од кога знам за мене, кога сум психички смирена без некои посериозни проблеми, кога ќе легнам да спијам, да сум свесна дека сонувам. Значи на сред сон ми текнува, абе јас спијам ова е сон. Многу често го користам тоа да си правам што сакам во сонот, онака, ај сега ваму ќе одам, овој или оној ќе го видам. Една вечер легнав да спијам, задремав брзо ама онака во полусон не сосема заспана, слушам што се дешава околу мене, цимерката баш беше во собата учеше нешто листаше страници. Ги отварам очите и се видов кај што лежам на стомак на креветот, до мене цимерката учи, а јас лебдев над кревет. Свеста ми зеде, почнав да викам немав глас, и само како наеднаш да паднав долу и буквално скокнав од кревет. Не можев да заспијам цела ноќ од страв. Од тогаш почнав да се распрашувам и да барам што се случи, оти добро знам дека не сонував. Било како да не должам, после оваа случка имаше уште многу други, престанав да се плашам, само кога ќе се случи тоа замижувам и се концентрирам на тоа дека сакам да се вратам, или пак си замислувам како се враќам и успевам. Значи колку помалку се плашев, толку побрзо правев што сакам, т.е во случајот се враќам назад. Значи ова е спротивно на тоа ти што кажа дека самата помисла дека имаш физичко тело те враќа, јас цело време сум свесна дека имам физичко тело, а се враќам со помислата дека се враќам. И јас како тебе почнав да се интересирам, па читав разни статии за астрално тело, шеткарање дрн дрн.. Случајно паднав на муабет со еден човек кој се занимава со биоенергија, чакри, астрални проекции...му раскажав и баш ме праша тоа што на почеток го спомнав дали ми се случило да сум свесна дека сонувам. Ми рече кога ќе се најдам во таква ситуација на сред сон, со помош на мислата т.е да се замислам дека одам дома и одам да се видам кај што спијам. За жал, го послушав и ми успеа. Некако се најдов кај мене в соба и баш се видов кај што спијам и баш онака истото чувство дека не спијам. Ај се видов што се видов, реков ај ќе излезам од соба да се прошетам низ дома и да си продолжам со сонот. Само што ја отворив вратата од собата, видов само страшна темница, длабока темнина, не знам нешто неописливо и почна да ме трга, страшно беше многу. А уште пострашно тоа што не можев да се разбудам, како да не ми даваше да се разбудам, да се вратам. Буквално како да ме пиеше темницата. Почнав да мислам на тоа дека морам да се вратам, се осеќав како да се борам, а всушност не можев да мрднам. Не знам како, се вратив некако одма се разбудив, одма станав од кревет и буквално не знам кога сум се осеќала поуморена. Му кажав на човекот што ми се случи ми се изнасмеја ми рече дека најверојатно било друго астрално тело кое се залепило за мене да собери енергија, дека уствари не било страшно, дека ќе ме пуштело и без да сум правела напори да се разбудам. Јас битно се преплашив. Од тогаш, значи ова беше некаде пред 2 години, искрено неќам да си играм со овие работи. Ми се случува пак од тогаш да се видам кај што спијам, фино лепо како што кажав без паника, смирено, ги затварам очите и замислувам кај што се враќам и редовно ми успева. После тоа или целосно ќе се разбудам па си презаспивам, или продолжувам да спијам. Не ми се игра некако повеќе со тоа, искрено страв ми е. Некогаш можеби пак ќе пробам нешто, но сега за сега сеуште не сум спремна.
Златушко, дали тоа значи дека додека ти астрално `патуваш`, може друго нечие астрално тело да влезе во твоето физичко тело? И што би се случило тогаш?
Офспрингче не знам тоа да ти кажам, од тоа што ми кажуваше човекот значи сфатив дека астралното тело оди во посебен простор наречен астрал. Астралот бил поделен на нивоа, и моментално нашата раса-луѓето сме биле во најниското ниво, поради тоа што не сме доволно свесно изградени како останатите битија во универзумот, сме имале отворени само 3 димензии. Имало правила, дека астрално тело од повисоко ниво не може да нападне астрално тело од пониско ниво, единствено што може е да земи енергија од твоето. Ако нема доволно енергија асталното тело, не може да се врати во своето физичко тело. Но и тоа не било страшно бидејки астралното тело примало енергија од самиот простор, астралот, значи по некое време пак ќе си можел да се вратиш. Долго е ова многу, за многу работи зборуваше, астрал, астрално тело, вонземјани, други светови, што уште не. Не сум компетентна толку да зборувам, јас само кажав што ми се случи, и како што опишав не беше баш толку забавно како што го претстави Доберман. Јас сепак од искуство значи, не би си играла со овие работи. Прво не знам што е точно, а второ од се што ми кажа човекот, во ниеден момент не ми рече дека и тој самиот знае што го очекува во тој таканаречен астрал. Дури самиот призна дека и тој се има неколку пати сериозно исплашено.
Завчера читав во темата за Необјасниви случки и вечерта до никое време ми беше страв да склопам очи да не се проектирам Денес отворив тука и прочитав до втора и пола трета страна и повеќе немам намера да читам . Ме исплашивте Јас да си кажам мои примери а вие кажете ми што се Свесна дека сонувам сум била повеќе пати иако се работело за кошмари сум си мислела ајде разбуди се, ова е само сон ( во сонот ), а кога било за убави нешта сум знаела дека е сон и ми било жал затоа што кога тогаш ќе заврши. Еднаш свесно сонував дека со другарка ми сме биле во една од оние каубојски куќи од минатото и сме се тепале со едни лоши. Сме ѓи убиле и се добро завршило. На крајот и повторував на другарка ми ова е само сон, не е вистина, ќе видиш дека е сон... Ова ти го давам (нешто што знам дека беше со мене кога си легнав), ако го носиш утре в училиште сигурно сме биле овдека, и се полека се губев, а сакав да ја убедам дека е сон.. и се разбудив. Нештото го немав со мене, а другарка ми не го носеше во училиштето. Друго свесно со скрстени нозе како јога изведувачите сонував дека сум била во куќата на другарками, арно ама тие неможат да ме видат, а јас ги гледам. И било ден. Често се обидувам да ги контролирам мислите за да заспијам полесно незнаејки дека може нешто вакво да се случи . Не би сакала да ми се случи ниту да пробам доколку не ги знам сите последици и заштити. Дали може така одненадеж без да сакаш да се проектираш ? И што ако телото не е крај тебе ? И дали тогаш јасно мислиш ?
Можеш Пинкче да се проектираш свесно и спонтано. За свесно треба многу тренинг, ете прочитај ја Доберман има убаво објаснето за свесно проектирање.
Пинк, и мене ми се има случено нешто слично. Ама најчесто кога сонувам нешто многу убаво, т.е нешто што во секојдневниот живот копнеам да се случи или многу сум приврзана кон тоа нешто, ќе го сонувам вечер. Пред некое време сонував како сум се смирила со еден дечко, зашто не зборевме, а многу ми значеше и сонував дека сме биле на плажа и сме се држеле за раце (океј сега да не навлегувам премногу во детали ) и почна наеднаш сета таа слика да ми се 'избледнува' и да си велам во сонот, ова не е вистина, не е, не е, ова е само сон, сега ќе се разбудам и ќе ми биде многу лошо.. И тогаш се разбудив и си реков, ова беше само сон. Исто ми се случило и во некои кошмари, ама поретко. А инаку и јас би сакала да доживеам свесна проекција, ама како што напомна Офи, за тоа треба многу тренинг, така да потешко е да се изведе.
Значи се причитав, име скревате со темиве за астрална проекција и парализа во сонот. И мене ми се случува многу пати да сум свесна дека сонувам, и се чувствам беспомошно и преплашено. Да се собериме сите заедно, и да посетиме некое лично психијатарче, оти јас сум преплашена најиксрено. И редактирам, не сакам да објаснувам што и како ми се случува оти језиво ми е, и се намовнувам цела, ми се лоши од страв. Доберман, ајде да се смениме, ако е моево астрална проекција ти го предавам од се срце зошто толку многу сакаш да го постигнеш