Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрална проекција

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 јануари 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Дали е можно да ти се случи астралана проекција а да не си свесен за тоа, да мислиш дека било само сон.
    Пред неколку години сонував како се наоѓам во една куќа каква што никогаш претходно немав видено, куќата беше многу чудна, дневната беше како подигната на платформа, имаше мирис на јадење, зелен тепих, собата беше темна, имаше фотелја онаа што се лула, а на неа седеше бабичка но не и го видов ликот, само знам дека беше облечена во црни и имаше црна коса. На трепезариската маса имаше букет со суво цвеќе, се сеќавам убаво на секој детал затоа што подоцна ја видов таа соба т.е. бев во неа реално.
    Тоа е куќата на бабата на дечко ми!!!
    Ме однесе кај неа само што се запознавме.
    Јас се запрепастив, останав вака :o дневната беше иста како во мојот сон што го сонував некое време пред воопшто да го запознаам дечко ми. Се беше исто само што таа не седеше на фотелјата, и првпат и го видов ликот, другото беше се исто.
    Сега ме интересира дали можеби ова било некоја си моја астрална проекција, чиста коинциденција во сон или некое дежа ву! :^)
    Читајќи ги вашиве постови ми текна да го спомнам ова...
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    6.502
    И јас сите коментари ги прочитав и богами без разлика на ништо, сакам да ја постигнам оваа состојба, Астрална проекција. Исто ме заинтересира и хипнозата, многу сум читала за тоа, и сум се обидела да си направам само - хипноза, туку да не одам оф топик, ќе пишам во соодветната тема за тоа, а ако нема, ќе отворам. :)
     
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Mимс јас имам слушнато дека додека сме мали т.е. секое бебе до 40ден откако се роди го сонува неговиот живот се што ќе му се случи.. И мене ми се има истото десено како на тебе и не само еднаш туку многу пати... Па јас мислам дека додека сме го сонувале нашиот живот додека сме биле бебиња (ако е воопшто точно тоа) ние се сеќаваме на тие сонови. Односно јас имам впечаток дека сум го сонувала тоа некогаш (сега откако сум порасната) и сега во реалноста се наоѓам таму исто како во сонот што беше..
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    И мене ми се има случено тоа повеќето што сте пишале.
    Едно време многу сонував, ама кошмари. Секогаш кога ќе се разбудев бев исплашена и си велев себе си: Само сон беше, ова морам да го знам дури сонувам!
    И конечно почнав да го правам и тоа. Што и да сонував, лошо или убаво си велев со сонот: Ми е гајле, сон е ова знам дека сонувам. Но, и покрај тоа што знаев, колку и да сакав не можев да се разбудам во тој момент.
    Еве и синоќа ми се случи нешто слично. Сонував нормални сцени, и кога почна да се случува веќе нешто што е невозможно реално да се случи, си реков во сонот: Сон е ова знам, дури и почнав да се мислам, да толкувам што би значел сонот. Дури и си помислив: Ај кога ќе се разбудам баш ќе видам во соновник :lol:
    Потоа следно што помислив беше: Ај да пробам да си го видам моето тело каде што спијам, ама не успеав. (Добро ова последново е дело на психата од многу читање на темава, ама ете ми се случило многу пати да знам дека сонувам и чекам само да се разбудам).
    Вака-така сите ќе се проектираме :D
    Инаку, мислење? Морничаво ми е сето ова, не би сакала навистина да ми се случи такво нешто.
     
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Мимс ме потсети
    Сонував сум била во минатото, ама неможам да се вратам додека времето не помине. Седам јас во куќата на некојси мои пра пра предци и со нив си правам муабет гледајќи на саатот каде постепено минуваат години и нештата околу мене се менуваат кон помодерно. Излегувам од куќата, да ми помине времето, ги гледам градбите. Доаѓа времето кога растеле моите родители. Па кога дојде денешто време си реков их конечно и се разбудив.

    Знаев дека е сон, напорно се обидував да излезам, да се вратам, и сите со кои зборував знаеја дека преку сон сум дошла во минатото, носев со мене и моб. се сликав со една жена која би требало да ми се паѓа пра баба. Не можев да се разбудам, ако не сум дочекала да заврши саатот. Луѓето околу мене растеа, се менуваа, се дешаваа настани, отидов во едно училиште беше ново... Овој сон траеше подолго од другите..
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Леле девојки незнаете што ми се случи кога попладнето одмарав околу 16-17 часот.
    Бев на прагот да доживеам свесна Астрална проекција,односно доживеав али само 2-3 секунди.
    Ќе ви опишам подетално што и како се случи.

    За првпат во мојот живот имав неколку различни еден по друг поврзани Луцидни (свесни) соништа.
    И од Луцидниот сон веднаш се префрлив во Астрална проекција.
    Значи влегов во транс состојбата (во претходните страници опишав како успешно влегувам во транс) и во тој момент апсолутно не го чувствував телото но чувствував големи вибрации и како да ми беше под напон и станав свесна дека сум во друга димензија (Астрална проекција).
    Главата многу ми бучеше како некој со бор-машина да ми дупчи во главата и ушите многу ми зуеа и некако чудно се почувствував како да сум одвоена од физичкото тело и како да се наоѓам во моето Астрално тело,едноставно не се опишува тоа чувство,тоа чувство може само да се доживее,нма зборови со кои би го опишала.
    И во тој момент си ги видов рацете пред мене,тоа беа рацете на мојот Астрал и само што ги видов неколку секунди и се разбудив.
    Откога се разбудив се осеќав невообичаено и среќно затоа што после неколку недели успеав свесно да велзам во Астралниот свет.

    Инаку многу луѓе велат за Астралното тело дека е нивниот дух но не е така тоа е Астрално тело и со него можеш да одиш каде што ќе посакаш немаш никакви ограничувања (ни просторни ни временски) како што е во физичкот свет.
    Астралниот свет е многу поинтересен и поневообичаен од физичкиот и за астралниот свет не важат истите правила како за физичкиот свет.

    Еве една песна од Eric Prydz - Niton што ме потсетува на астралниот свет и на астралното тело.
    Астралниот свет е едносавно свет без граници.
    http://www.youtube.com/watch?v=7sUW2TXfOwg
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Човековото тело е најинтесниот феномен на светот дефинитивно. Можеш буквално на се да го навикнеш. Можеш да го навикнеш на работи кои наиме изгледаат како невозможни - еве да земам попрост пример, да речеме луѓето што јадат шајки, срчи, цапаат на истите, се бодат со мечови, низ нос провираат работи и сл. Кога го навикнуваш физички телото на таквите работи е многу полесно да ги покажеш, затоа што се се работи свесно.

    Психичкото тренирање на телото е многу, многу потешко и што е најлошо од се - нема вистински докази. Како прво многу тешко е да разделиш и разграничиш кога сонуваш, кога свесно сонуваш а кога си астрално проектиран.

    Се е последица на нашата потсвест. Го сонуваме она од кое сме опкружени секојдневно, па така кој може да докаже дека всушност ти кога доживуваш астрална проекција, не сонуваш? А не ретко во соништата се гледаш ти како трето лице како водиш конверзација со некој друг.

    Затоа мислам дека се е до психата и до тоа како го тренираш телото. Ако го тренираш со медитација и слично, можеш да сонуваш дека го гледаш своето тело. Ако си психички измачен нема да сонуваш ништо убаво, ќе имаш кошмари и ќе се гушиш во сонот. Ако си физички исцрпен нема ни да се одмориш, џабе си спиел. Но ако си одморен целосно(а најчесто одморени не сме никогаш) тешко, многу тешко.

    Затоа според мене астралната проекција е сон во кој самиот себеси се гледаш како твоето тело да е трето лице. Сепак не можеме да бидеме сигурни во сето ова, затоа што мозокот е најмалку проучен орган од сите други. Кога ќе се испитаат убаво алфа бета и гама брановите што ги испушта тој при секоја активност, би можело да се донесе некој заклучок, вака е се само на претпоставки и лични доживувања.
     
    На MiiLla и gluvarche им се допаѓа ова.
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Те цитирав најмногу поради тоа што го имам болдирано.
    Велиш кој можел да докаже дека кога доживуваме АП не сонуваш.

    Епа докажано е дека Астралната проекција е сосема поинаков свет,тоа е друга димензија,овој физичкиот свет е 3 димензионален,но астралниот свет е свет со многу димензии (11 мислам се) и затоа во тие димензии можеш да патуваш во времето и не си ограничен ни просторно ни временски.
    А АП е реалност и не е сон...
    Било направено испитување за АП и на тој тест бил повикан некој многу искусен човек кој што свесно можел да влезе во Астрална проекција.
    И научнициве му рекле кога ќе направиш АП влези во таа и таа соба и кажи ни што има во неа (на човекот позната му била собата).
    Тој тест се случувал денски и овој човеков свесно астрално се проектирал и после кога се разбудил им рекол на тие што го тестирале „ПА НИШТО НЕМОЖЕВ ДА ВИДАМ ШТО ИМА ВО СОБАТА БИДЕЈЌИ СТЕ ГИ СПУШТИЛЕ РОЛЕТНИТЕ И БЕШЕ ПОТПОЛНА ТЕМНИЦА„

    И овие што го праеле тестот останале со подотворени усти бидејќи навистина биле спуштени ролетните.
    Баш ако го најдам кај го прочитав ќе го ставам тука.

    Значи АП не е сон туку тоа е кога свеста ти е префрлена од физичкото тело во астралното тело и со астралното тело (астрал) можеш да се движиш во астралниот свет.

    Еве најдов едно интересно сликиче

    [​IMG]
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ајде постирај. Доказ секако дека ќе може да ме разубеди. Но, сепак соновите, астралната проекција и ваквите работи кои не се убаво разјаснети можеш само лично да си ги доживееш и да ги искусиш. Можеби е возможна астралната проекција, не велам не. Само реков дека нема (сеуште) докази за тоа. Јас не ја негирав неа како појава, реков дека телото кое е тренирано за една работа може и тоа како да ја изврши.

    И овдека уште никој нема докажано дека светот има 3 димензии. Тоа уште Ајнштајн го разработил кога рекол дека ако тврдото тело е една димензија, течното друга, а гасовитото трета, тогаш што е плазмата?
     
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    12 димензии се во Астралот. Нашиот физички свет има три. Наводно ние сме биле поразвиена цивилизација со 8 димензии се до потопот на Ное, кој всушност во литературата што ми ја имаат дадено во врска со Астрална проекција не е религиски поврзан туку бил некоја си интергалактичка борба, по која со цел да не се уништи цивилизацијата на Земјата ни се одземени и сме останале само на 3 димензии за да се развие пак живот ( правилото цивилизација од повисоко ниво не смее да напаѓа цивилизација со пониско ниво). Наводно во 2012 не е крај на светот како што кажуваат Маите, туку сме завршувале некој си развоен круг, кој започнал во 1950 и после 2012 постепено ќе започне да ни се отвараа две дополнителни димензии телепатија и телекинеза. Наводно доказ за премин е тоа што од 1950 наваму, значително е напреднат развојот на човештвото во секој поглед, сите медицински, технолошки, научни достигнувања од тогаш натаму се должеле од напреднатото зголемување на свеста на човечката цивилизација.
    Ако забележа на за се пишувам НАВОДНО бидејќи сите овие т.н научни трудови од луѓе кои го проучуваат Астралот, јас сеуште ги класифицирам во Научна фантастика. Иако има смисла во некои работи што се опишани сепак...не ми се баш за верба, многу оптимистички звучат. Но крај краева, подобро плус 2 димензии отколку крај на светот :D
     
    На MarchelineAmaru, MiiLla и gluvarche им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас имам прочитано дека во 2012 година ќе влеземе во четвртата димензија.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Christina000

    Christina000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ne ova ne e astralna proekcija,mislam deka se vika "mor"..Jas nemam licno doziveano,ama imam slusnato deka cuvstvoto e uzasno,slicno kako senista da se spustaat vrz tebe,megutoa celo vreme si svesen,no nemozes nishto da napravish.
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Астрална проекција можеби постои и, ако постои, баш би сакала да ја доживеам. Јас изгледа сум една од ретките што никогаш немала некое интересно искуство во сонот. Можеби само 2-3 пати во сон ми се има случено да сум свесна дека е тоа сон, повеќе од тоа не. А кога си свесен дека сонуваш, тоа не е астрална проекција. А дека постојат други светови, димензии, цивилизации кои паралелно живеат на земјата со нас, но во друга димензија не верувам. Некако ми е премногу неверојатно тоа и ич, ама ич не ми е за верба. Повеќе ми изгледаат како желби на некои “занесени“ научници кои премногу оптимистички гледаат на таквите работи. Патување низ времето? Се додека некој не ме убеди со цврсти докази(што чисто сумљам дека ќе најде) јас не верувам. Телекинеза? Не верувам. Баш би сакала да е вистина и да ја имаме таа способност, ама мене сето ова ми е научна фантастика.

    Само еднаш во сонот ми се случи нешто што не сакам пак да го доживеам. Да напоменам, нема сличности со вашите доживувања кои сте ги опишале овде. Сонот си течеше нормално, значи како најобичен сон, ниту кошмар, ниту убав, туку едно најобично секојдневие. И при крај на сонот, сонувам јас како лежам во мојот кревет, пред заспивање. Одеднаш, се отвора вратата од собата(а креветот е поставен така што јас вратата не ја гледам, туку ми доаѓа над глава) и една рака почнува да ме гали. Си мислам во сонот: “Ова мора да е мама, дошла да ми посака добра ноќ.“ Раката почна да ме гали прво на косата, и полека, нежно се спушташе надолу, по челото, образот и наеднаш ми ја прекри устата. Значи, само ми ја покри, не ме стискаше, туку само онака раката лабаво ми стоеше над устата, а јас снемав воздух. Не можев да дишам. Буквално се мачев да земам воздух, но не успевав. Таква паника ме фати, умрев од страв :( Одеднаш се разбудив и во истиот момент земав длааабок здив, среќна што сеуште дишам, што сеуште сум жива. Не знам дали споменав дека спиев на грб. Откако се надишив воздух и се смирив, се завртив на страна и од страв си ја покрив устата со ќебето. Мислата што тогаш ми дојде на памет беше: “Ете како умирале луѓето во сон“. До ден денес кога ќе се сетам на тоа се ежам, еве и сега дури го пишувам ова целото тело ми е прекриено со морници. Многупати ме измачувало прашањето: “Што ќе беше ако не се разбудев на време?“ или “Што ако пак ми се случи вакво нешто а јас не успеам да се разбудам?“.
    Дали некој може да ми го објасни ова?
     
  14. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    18
    Lele mene mnogu cesto mi se slucuva nesto slicno...Samo koga spijam na grb :worried: Znaci osekam deka duhot mi se odvojuva od teloto pocnuva od nozete i ide nagore postepeno...i me faka strav deka nema da mozam da se vratam vo teloto i se vrakam vo normala..i posle nekolku minuti pak od pocetok i taka nekolku pati so red..Nikogas ne dozvoluvam celosno da se odvojam od strav da ne ostanam taka....Neznaev sto mi se slucuva si mislev deka mozda sonuvam samo...dodeka ne go vidov forumov slucajno...Custvoto e kako da lebdis mn e cudnoo:worried:

    [mod-kirilica:2hi4ajax][/mod-kirilica:2hi4ajax]
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Мајгрл, тоа мислам дека се сенки, т.е. Sleep Paralysis види во темата што ја отворив :) Можеш и на гугл да најдеш слики за тоа. Не дека се вистинити ама интересно е што би било - кога би било ;)
     
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Аууу интересно Астралната проекција па и па ама парализата уфф недај боже да ти се случии :sweat: :worried:
     
  17. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    аиии женски, па темава е "the best of" колку само и да не сакам да читам, се некако клик ми иде на оваа тема, дали зашто ми е нејасна, апстрактна, ме плаши цел тој поинаков свет и не можам да си дадам одговор на милион прашања и се замарам, дури глава почнува да ме боли
    искрено не би сакала вакво нешто да ми се случи, нешто до сега што ми се случило е свесно да сонувам, пр: сонував како пливам во базен и гњурам гњурам а свесна сум дека дишам, и си размислувам е како сега дишам а сум под вода???? ај си викам сонувам :lol: смешно, страшно, необјасниво и ббррррррр не сакам да мислам, а се нешто наваму ме тера....
    или во превод: „ем ти иска, ем ти стиска“

    другарка моја оди на ментална јога, па ќе одам нареден пат и јас, за колку толку некои работи да си дојдат на свое место, и да се преброди стравот од непознатото.....
     
  18. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Баба ми доживеала астрална проекција повеќе пати и два пати намерна..и се чудам на жената :)
     
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    како тоа ? што биднало ?
    те молам кажи поопширно баш ме интересира. :$
     
  20. SashaFierce

    SashaFierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Значи ја читав темава пред неколку недели и многу интересна ми се виде. Е сеа јас не верувам многу многу во вакви надприродни работи, магии и сл. Но, сепак вчера си сонував обичен сон и наеднаш се сонувам како спијам во мојот кревет и почнав да се тресам т.е. нешто како вибрирање.Осетив како рацете ми се креваат и отворив очи во сонот и видов како ми се спуштаат.Пак се завртев да спијам и пак малку ме здрма и толку беше. И продолжив со сонот. Знаев што ми случило, во сонот бев свесна дека сум направила астрална проекција и сум сакала да кажам на некого. Али сеа на јаве мислам дека не е астрална проекција. Али се случи токму како што ви опишав. И би сакала ваше мислење: дали само сум сонувала како последница на тоа што ја читав оваа тема или пак тоа е астрална проекција?