Астрална проекција

Discussion in '„Другата“ наука' started by Doberman, Jan 6, 2011.

  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    558
    Likes Received:
    531
    Не знаев за астрална проекција се додека во една тема не го напишав своето доживување за кое до тогаш немав никакво објаснување па една феминка ми го даде токму овој одговор.
    За мене ова беше непријатно доживување, не кажував на никого бидејќи ми беше глупаво, луѓето ќе си помислеа дека измислувам и се глупирам на свои 24 години.
    Тука го напишав тоа доживување очекував исти коментари но на моја среќа добив еден логичен одговор.
    Во кратки црти додека спиев, одеднаш мојот дух се одвои од моето теле. Буквално се гледав себеси како спијам.
    Тоа траеше минута-две барем така ми се чинеше. Бев многу исплашена, мислев дека тука ми е крајот бидејќи незнаев како да се вратам. Среќа се се заврши многу брзо, незнам ни самата како се вратив назад. Се разбудив без воздух, смрзната и исплашена. Не можев да заспијам долго време од страв. Никому не кажав за тоа што ми се случи, се до пред месец дена кога за тоа прв пат пишав тука.
    Можеби сум една од ретките на која и се има случено тоа, но јас највеќе од се посакувам никогаш да не се повтори.
    Застрашувачки е да се гледаш себеси и да си помислиш дека тука ти е крајот. Јас помислив дека сум мртва, само не ми беше јасно зошто мојот дух талка. Морбидно, одвратно чувство. Ме лазат морници од самата помисла. :puke:
     
  2. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Joined:
    Dec 6, 2009
    Messages:
    1,327
    Likes Received:
    4,786
    Пред некој ден ми се деси нешто слично како на bitter-girl.
    Значи од сите овие страници за Астрална проекција дознав некои работи нели..
    Една вечер бев камен пијана и си легнав да спијам.
    Не бев за ништо способна и не мислев на ништо.
    Сонував и знаев дека е сон и ми текна од фемина дека чим знаеш дека е сон треба да си дадеш команда на себе да се видиш.
    Тоа и помислив,да се видам себеси..
    Одеднаш лежев и се оделував хоризонтално како некој да ме влече наназад и лебдев буквално..
    Таа вечер ја носев во репче косата,а никогаш не спијам со стегач али дека пијана бев немав ни сили да го извадам од мене.Се видов себеси легната на стомак,десната рака под перница и со стегачот на глава баш памтам.Се извадив од памет и си реков на себе било каде само да не се гледам иии одеднаш се најдов покрај една куќа,идев покрај неа од страна и на крај бела врата.
    Стоев до вратата,но никој не ми отвараше.Незнам како се вратив,се разбудив и не ми се веруваше што ми се деси..
    Никогаш повеќе несакам да ми случи тоа.
    Морбидно,баш како што кажа bitter-girl ..Морбидно :puke:
     
  3. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2010
    Messages:
    284
    Likes Received:
    110
    Не знаев ништо за ова, а неколку пати ми се има случувано да сонувам и сама да си го контролирам сонот. Како на пример сега ова ќе се случи сега ова, и ако нешто ми се вметне во сонот што не сакам јас, се враќам пред таа сцена и почнувам јас да одредувам што ќе се дешава понатаму, како филм да режирам :) . И сама се чудев на тоа, дека не си фантазирам туку вистински сонувам ама не обратив некое посебно внимание на тоа. Спаѓа ова моево во АП? И да како мала често месечарев може е некако поврзано или не ми е во ред мозокот ? :?:
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2010
    Messages:
    1,833
    Likes Received:
    2,932
    Gender:
    Female
    Астрална проекција е напуштање на телото од духот во состојба на транс. Душата на човекот едноставно е надвор од своето тело и го гледа од страна. И своето тело и луѓето, предметите околу себе. Значи излегуваш од телото и набљудуваш. Потоа душата пак се враќа назад во телото и како да се буди од трансот.
    Имам читано, дека можно е духот да не се врати назад во телото, доколку некој те разбуди и настапува смрт...значи доста опасно е ова, не се игра со вакви работи.
    Цимерката одеше на некакви курсеви за прани енергии, и пошто таму медитираа имале ваква вежба со инстурктор. Си го гледала одозгора телото. И цело време ги слушаш инструкциите и полека ти кажува кога и како да се спушташ надолу во телото.
    Интересна ни е психата, што све можеме со неа. :)
    Едно време бев спремна да почнам намерно да доживеам, али сега не би...
    Интересно ми звучи, али да можеше комотно во секое време да се телепортираш каде сакаш без страв. :lol:
     
  5. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    74
    Likes Received:
    18
    Вчера пак ми се случии :worried: одвај успеав да се разбудам...и за прв пат се видов како лежам сама пред тоа осекав како лебдам само.Прво не ми текна сто се случува сакав да искочам од соба ама неможев да ја достогнам вратата мн тешко се движев како нешто да ме вракаше назад и наеднаш се гледам во кревет а немав ни глас неможев да викам и си помислив да се вратам назад и се се вратив полека..ама цело време како духот да се обедуваше пак да искочи од мене без моја желба...неможев да се разбудам :worried: и на крај конечно успеав... од страв запалив светло да не заспиајм пак :worried:
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    601
    Likes Received:
    519
    Значи неколку пати досега имам кажано и пак ќе повторам, нашата душа не излегува од физичкото тело при астрална проекција туку нашата свест од физичкото тело се пренесува во астралното тело кое што е во друга димензија.
    Затоа кога сме во астралниот свет сме во друга димензија каде што може со нашето астрално тело да се движиме низ ѕидови,да летаме,па дури и да патуваме со помош на мислите,затоа што астралниот свет е друга димензија сосема различна од нашата во физичкиот свет.
    Покрај физичкото имаме уште 3 тела,а едно од нив е Астралното тело и за да го разбудиме треба да ја префрлиме нашата свест од физичкото тело во астралното тело.
     
    Meggy, MarchelineAmaru and mims-89 like this.
  7. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Joined:
    Dec 20, 2009
    Messages:
    1,237
    Likes Received:
    528
    Gender:
    Female
    А како тоа намерно можеш да имаш астална проекција? :?:
    Јас знам дека несвесно, во сон, може да се случи.
    Леле ова многу морничаво ми се виде :worried: Недај боже мене да ми се случи јас сум си голема паничарка.
     
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    601
    Likes Received:
    519
    Како прво за да имаш свесна АП треба тоа навистина да го посакуваш да ти се случи.
    Исто така треба многу ментални вежби (медитација,јога,асана,пранајама,драхана и сл.) овие вежби ќе помогнат за усовршување на техниките со кои ќе можеш полесно свесно да се проектираш.

    Јас имам доживеано спонтана (несвесна) АП а сеуште не сум успеала свесно да направам АП.
    Иако неколку години вежбам медитација и успешно ја имам усовршено техниката за контрола на мислите и дишењето,и иако успевам да влезам во длабока транс фаза за жал сеуште намам успеано свесно да направам АП,веројатно ми треба повеќе вежбање.
     
    TrinityNeo likes this.
  9. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    74
    Likes Received:
    18
    Мене секогаш ми се случува несвесно...И имам негде прочитано дека можно било да се прекине таа сребрена линија или што и да е и да не се вратиш назад...Можно ли е такво нешто да се случи..мн ми е страв :worried: несакам да ми се случуваат вакви работи :(
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    601
    Likes Received:
    519
    Да.
    Доколку не си доволно спремен (психички и физички) за АП може да се случи да се заглавиш во сверите и димензиите што се наоѓаат во Астралниот свет.
    Таа сребрена линија е врската помеѓу двете тела (физичкото и астралното) и ако се прекине врската нема да бидеме во можност да си ја повратиме свеста назад во физичкото тело и ќе ни остане свеста заглавена во Астралното тело.

    Затоа имам повеќе пати кажано дека треба да си доволно истрениран за да самоволно влагаш во АП.
    На пример јас не би можела во никој случај да се заглавам во Астралниот свет бидејќи сум доволно истренирана и можам да си ги контролирам мислите,а додека оние што неможат да ги контролираат мислите голема е веројатноста да се заглават во Астралната проекција и да неможат да се повратат назад.
     
    MarchelineAmaru likes this.
  11. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2011
    Messages:
    64
    Likes Received:
    8

    А што ке се деси со нас и нашето тело??
    Тоа фактички ке му дое како да сме умреле??
     
  12. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    1,570
    Likes Received:
    571
    Gender:
    Female
    читајки вечерва се зачудив од некои работи..такво искуство имам доживеано,само не сум знаела дека се нарекува астрална проекција не сум читала воопшто за таа тема.поодамна ми се има дешавано скорото не.и тоа повекепати.фала богу сега не ми се случува.во сонот сум свесна дека сонувам и дека сум го напустила телото и дека слободно лебдам.наоколу гледам се.и своето тело,собите,и другите како спијат.чуството на слобода и лебдење е убаво.но при тоа мое искуство,сон,проекција како да го наречам,свесна сум дека морам да се вратам во телото пред да ме разбуди некој.(баш како шо пиша лакримоса,се запрепастив кога прочитав)имам некаков страв.и го гледам своето тело и се се вракам кон него.при еден таков сон се секавам гледав низ прозорец и ме примамува да излезам надвор,ама од друга страна се плашам дека нема да можам да се вратам назад. а при друг таков сон бев надвор,ама во некое непознато место а не на место што го знам,во мојот град или сл.имаше уште една личност со мене за мене непозната.и повторно таа свесност дека морам да се вратам назад и полека го здогледувам станот,прозорците потоа креветот моето тело и се будам.можеби на некого ке му звучи неверојатно,ама тие што ме читаат на форумов одамна,пошо сум тука од 2009,знаат дека не сум склона кон измислување приказни за да бидам интересна.едноставно го имам доживеано.соништа ли се проекции несвесни ли се незнам.ама поарно е мие да не ги доживувам тие проекции,мирно да си спијам.
     
  13. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    177
    Likes Received:
    43
    Епа вака, јас имам многу пати пробано така да се "разбудам во сон" само не бидна оти немав доволно концентрација. Неможев да ги прочитам сите постови и затоа незнам дали некој напишал како тоа се изведува, имам јас една книга за тоа како се изведува и сл, и пробав да ги направам упатствата но сепак не биваше :$
    Баш би сакала и мене да ми се случи тоа, мислам дека ќе биде интересно да се доживее.. :)

    п.с. ако некој сака можам да му пишам што како се прави за телото да изврши астрална проекција..
     
  14. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    27
    Likes Received:
    7
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,191
    Likes Received:
    3,858
    Дознав дека некој човек од мојот град додека му правеле операција доживеал АП. Се шеткал по операциона сала и набљудувал што му правеле. Језивооо :worried: :puke:
     
  16. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Joined:
    Apr 15, 2010
    Messages:
    1,018
    Likes Received:
    151
    хитлер доживувал астрални проекции :P
     
  17. Shtanglica

    Shtanglica Истакнат член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    4
    Likes Received:
    0
    Побарајте ја книгата „Паралелен свет“ не ми текнуе како се викаше авторот ама знам дека е од Македонија само живее во Америка мислам. Како и да е многу интересна книга напишана според вистински случки . ;)
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Joined:
    Aug 30, 2010
    Messages:
    1,217
    Likes Received:
    823
    А дали е вистина дека додека духот се наога во некоја друга астрална димензија, телото е слободно, па најчесто е напаѓано од страна на други изгубени души (Духови), кои се трудат да го запоседнат. :tmi: Скоро гледав еден филм за едно детенце кое се изгуби додека спиеше и доживеа астрална проекција, па овие кога му дојдоа.. :tmi: Или сепак овој дел е само измислица на филмската индустрија. :)
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,033
    Колку што знам јас, ако видиш чудовиште или нешто страшно веднаш треба да го контролираш духот да се врати во телото, а ако излезеш несвесно надвор од ѕидовите на својот дом, може повеќе никогаш да не се вратиш во телото (да останеш заглавен меќу астралот и реалноста, што според моја логика би требало да си во кома.). Истотака, додека ти се случува, ако пробува некој да се разбуди, додека духот ти е надвор од телото најверојатно би требало да ги отвориш очите и да останеш парализиран со остатокот од своето тело..инаку не пробувајте да го праите сосила, зошто ако е намерно имам читано дека не можеш да го контролираш духот и ако ви се нема случено случајно не го сскајте, се случува на секој 1 од 5 луѓе мене ми се има неколкупати досега случувано минатиот Велигден беше како ете, посебна случка чудно е да, само не го предизвикувајте тоа сосила, и се случува само ако спиете на грб и ако претходно на некој начин сте медитирале или сте биле во хипноза, така знам јас.
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,033