Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрална проекција

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 јануари 2011.

  1. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Го прочитав тоа на мотика за астрална проекција т.е. астрално патување. Немам баш време сега да ја прочитам целава тема и сите мислења но дефинитивно многу ме заинтересира ова... Вечер прво што ке направам ова ке го прочитам!
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    бидејќи претходно беше споменато декка имаме едно физичко реално тело и едно астрално тело, сакам да прашам дали астралното тело можи да се користи и после смртта, дали нашата душа ,свест се префрлува во него? дали кога сме во астрална проекција можеме да видеме и духови на наши блиски ??
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не знам, не можам да кажам зошто не сум успеала да ја контролирам свеста при астрална проекција едноставно неколкупати што ми се деси да сонувам работи а во истото време да се случуваат пр. минатиот Велигден моите беа станати нели да ги фарбаат јајцата во 4 сабајле и јас сонував(или барем така мислам) дека сум станала и сум ги видела седат они на маса а во кујната се наредено со табли јајца и прозор отворен и течеше вода со силен притисок, сум се напила вода и пак во кревет, а кога станав, ги прашав дали седеа кај 4 саат таму и дали отидов да пијам вода ми рекоа не си сонувала нешто и кога ја видов кујната беше истата како во сонот не можам да си објаснам а ми рекоа не не ти не стана ние седевме до 6-7сабајле, и отидов се напив вода како во сонот како некоја сила да ме тераше. Необјасниво е, другар пробуваше да го контролира тоа ама не му успева, тоа се тие луцидни сништа.Сакам да кажам духови од блиски да видиш можеш ама нема да знаеш дали е обичен сон или си се проектирала...:/
     
  4. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53


    Ова првото што си го пишала баш истото ми го раскажувала една пријателка.ЈАс мисалм дека тоа е поради некој стрес, или ако ти бил тежок период психички и писхата е толку преотварена па кога свеста ке се ослободи во сонот реагира на таков начин..А за ова со црнилата околу себе и како пагам во бездна и мене ми се случувало да сонувам многу пати, пагам пагам и никако нема крај уффф одратно е чуството кога ке се разбудиш и колку си само срекен што било само сон...
    Прв пат го срекавам терминот астрална проекција, кога го прочитав првиот текст сипомислив дека сум ја доживеала, бидејки ми се случувало на неколку пати на пример од кога ке се рабудам и презаспијам си го прдолжувам сонот што сум го сонувала во наскоа во која сто сакам јас, значи нешто како фантазирање али несвесно спијам ...Сигурно некој од вас имал вакво искуство :wasntme: Али дефинитивно тоа не е астрална прокција..Кога ги читам мисењава искрено страв ме фака некако не би сакала да ја доживеам језиво е.. :?:
     
  5. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53

    Доберман ме заинтересира темава многу, викаш порај физичкото имаме уште 3 тела, едно од нив е Астралното , ме интересира кои се другите 2? И како напредуваш со свесното доживување на Апстралната проекција?
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, вкупно имаме 4 тела, нашето секојдневно што го користиме - Физичко, Астрално, а останатите 2 тела се Ментално и Спиритуално.

    Инаку секоја вечер имам Вивидни соништа.
    Вивидни соништа се сонови кои што се многу јасни и чисти, со јаки и изразени бои, со звуци - скоро исто како да се реални.
    Покрај тоа што секоја вечер имам Вивидни сонови, неколку пати неделно имам и Луцидни сонови.
    Имам отворено тема за Луцидни сонови, еве ја http://forum.femina.mk/drugata-nauka/lucid-dreams-lucidni-sonista-t4751/.
    Луцидните сонови се „отскочна даска„ за да се доживее Астрална проекција.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Doberman еве уште нешто што најдов за Астралната проекција какви предности има кои можат да го промеат жвотот на подобро... :?:

    АСТРАЛНА ПРОЕКЦИЈА

    Вонтелесно искуство е појавата при која една личност се издвојува од своето физичко тело и станува свесна дека тоа се случува во реалниот свет.
    Ваквите искуства во денешно време се почести а тоа им дава можност на експертите да го испитуваат овој феномен и да добијат нови информации.
    Некои велат дека вонтелесното искуство е слично на сонувањето или халуцинирањето. Меѓутоа, оние кои лично го доживеале велат дека е многу пореално од сонот. Всушност, преку вонтелесното искуство, луѓето објективно го гледаат своето тело во реалниот свет. Исто така, тие можат да ги видат и останатите предмети, меѓутоа малку изобличени и матни. Уште еден фактор кој го одделува астралното проектирање од сонот е способноста да се котролира насоката на движење на телото.

    Влијателни фактори

    Астралната проекција може едноставно да се дефинира како одделување на човековата свест од физичкото тело и заземање нова форма со која се откриваат други димензии и сфери. Скептиците сметаат дека тоа е само илузија, но, истражувањата го потврдуваат ставот дека овие искуства можат да се постигнат и при нормално функционирање на мозокот. Тоа едноставно може да се случи кога телото има ослабени сетила, особено за време на одмор или спиење, меѓутоа, во секој случај, свеста функционира.
    Исто така, има големи варијации во степенот на доживување на ова искуство и што се случува додека трае. Во најголем број од случаите, луѓето слушаат чудни звуци или чувствуваат вибрации.
    Анализирајќи ги истражувањата, експертите заклучиле дека вонтелесното искуство се случува кога човекот спие. Што значи, полесно се доживува кога мозокот не е активен, односно додека спиеме или се одмараме. Телото прво мора да се најде во опуштена состојба или еден вид на транс и тоа е клучно за да се доживее ова искуство кога нашата потсвест станува помоќна од свеста.


    Предности на вонтелесното искуство кои можат да ви го променат животот

    За секој поединец, астралната проекција е различно искуство, што значи дека секој човек различно се мотивира во текот на процесот. Меѓутоа, една работа е заедничка за сите – предноста на оние кои го доживеале ова искуство е можноста да ја разоткријат духовната страна на човековата свест.

    1. Будење на духовниот идентитет. Предноста на астралното патување е тоа дека е многу подобро од будењето на сетилата во физичката сфера – ова искуство помага при будењето на духовниот идентитет кај луѓето. Некои луѓе тврдат дека тоа го елиминира стравот од смртта и непознатото.

    2. Зголемено духовно просветлување. Кога ќе поминете низ овој процес, почнувате да се разбирате себеси не само како тело кое постои, туку придавате поголемо значење на вашето постоење. Луѓето стануваат помудри преку длабоко духовно искуство кое се изедначува со вонтелесното искуство.

    3. Задоволување на љубопитноста. Ова може да се гледа како љубопитност и желба да се открие што се крие надвор од физичкиот свет. Најчесто, луѓето кои сакаат да знаат што има надвор од реалниот и физичкиот свет имаат вакви искуства. На крај, можеби ова искуство им помага на луѓето да ја разрешат мистеријата на животот и постоењето.

    Вонтелесните искуства се се почести, а податоците покажуваат дека ова доживување помага при откривање на подлабоката смисла на постоењето надвор од реалниот свет.
     
    На TrinityNeo, Acka22 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    ^ Одличен е текстот, а ако може да ми поставиш линк од каде го прочита ?
     
  9. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Повели :

    http://www.psiha.com/parapsiha/286-astralna-proekcija ;)
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    имам едно прашање, дали може некој буден да забележи дека некому му се случува астралана проекција, односно дека тој лебдее а сепак спие?
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Не.
    Астралната проекција не се приметува во физичкиот свет.
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Еве уште едно искуство на човек кој доживеал Астрална Проекција :

    Оливер Фокс со ноќи се обидувал, да го контролира и продолжи сонот, но кога во тоа успеал, сонот се претворил во будна свест ослободувајќи астрал и Фокс бил способен да продре низ цврстите ѕидови и да ја “моделира материјата по сопствена желба “ !
    Во минатото голем број извонредни поединци, по пат на разни методи и техники успевале да постигнат вонтелесни проекции и сo својот астрал патувале низ простор и време. Во ова поглавије ке согледаме едно од најдобрите искуства на Олвер Фокс. Неговата исповед детално опишана во “Окултна ревија“ од 1920 година, спаѓа во најинтересните од целокупната литература за вонтелесните доживувања. Статии во кои Фокс, детално ги опишал своите астрални проекции - “Боров портал “ и “ Позади боровата врата “ содржат голем број возбудливи поединости

    Инспиративен сон
    На почеток на своето интересно кажување за своите необични искуства, ги дава следните напомени и објаснувања:
    1. биле тоа сонови полни со живот
    2. биле тоа вистински проекции на внатрешното тело !
    За разлика од многу други истражувачи , Оливер Фокс не се обидувал да докаже теорија за постоење на астрално тело. Тој едноставно, само ги изложувал преживеаните искуства, пуштајќи ги читателите сами да истражуваат и пресудуваат. Основна каректеристика на Фоксовите вонтелесни истражувања е дека произлегувале од потполна контрола на сонот. Неговата техника, денес позната во светот, се сведува на посматрање на некои несугласици или анахронизми во сонот. Со други зборови, за оваа техника неопходна е свесност дека се спие и сонува.

    Еве го клучот на Фокс за сон:
    “Во време кога бев студент на техничкиот колеџ, еден необичен сон ме инспирираше да ги започнам своите истражувања. Сонував дека стојам над својот дом. Гледајќи надолу, открив дека поплочениот камен на интересен начин ја променил својата положба-долгата страна сега беше паралелна со работ наместо под прав агол -како што навистина беше! Како тоа се случило, се прашував. Тогаш се сетив- па јас сонувам! Во истиот момент силата на животот што ја доживував никогаш не била поинпресивна. Никогаш морето и небото н е зрачеле со таква убавина, никогаш куќите и улиците не биле поскладни, никогаш полињата не беа така измиени чисти сјајни... Никогаш, не се чувствував така убаво, јасни мисли, чист мозок и боженствено мокен. Чувството не траеше долго, мојата ментална контрола ја изгуби моќта и се соедини со моето уморно тело. Тогаш на ум ми дојде една сјајна идеа-одличив да се обидам да се вратам во својот сон и да го продолжам!...”
    Од таа желба произлегла голема задача. Оливер Фокссо ноки се обидувал да го контролира сонот и барем малку да го продолжи,но кога тоа му тргнало од рака, сонот се преточувал во будна свест ослободувајќи астрално тело Фокс бил способен да продре низ навидум цврсти ѕидови и да “моделира материја по сопствена желба”.

    После долготрајни експерименти дека напорот, да го продолжи сонот предизвикува непријатна болка во предел на епифизната жлезда и тоа му било знак да се врати во физичко тело. Фокс открил, дека во последните секунди на продолжениот и контролиран сон доживува -двострука свесност. Со други зборови, тој во тие необични мигови, можел да се осети себе си, како учествува во својот сон, но истовремено бил свесен дека лежи во својот кревет дури ја гледал и спалната соба! Без сомнение Оливер Фокс, бил вистински истражувач. Болките во епифизниот дел биле знак дека експериментот треба што побргу да се прекине. Фокс се повеќе го мачело прашањето што ќе се случи, ако не ги послуша сигналите на своето тело и продолжи со експериментот?!

    Една ноќ одлучил да оди до крај: после болниот сигнал слушнал “ клик” во пределот на мозокот и наеднаш се осетил “отклучен” и одвоен од своето физичко тело! Губејќи го чувството на двојна свест му се чинело дека запловил во едно ново искуство, нова димензија, во која времето и просторот ништо не претставуваат. Оливер Фокс се нашол во- астрална проекција!
     
  13. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    На мотика прочитав нешто за ова и ептен ме заинтересира.
    Мене лично ми се нема десено ап, но оној делот со свесност во сонот и зуење во ушите го имам почувствувано, дури еднаш и како да почувствував лебдење но веднаш се разбудив.
    Сакав да прашам дали мора да се спие на грб за да се доживее или не ?
     
  14. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Не, за да се доживее АП немора да се спие на грб.
    Јас кога доживеав Астрална Проекција спиев странично.
     
  15. cristaline

    cristaline Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    16

    Може ли некој да ми ги опише симптомите по кои се препознава дека си доживеал ап и какво е чувството?фала :rofl:
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па ако имаш АП самата ќе познаеш, бидејќи се е многу различно од физичкио свет во кои живееме.
    Астралната Проекција и Астралниот свет се многу поразлични од нашиот секојдневен Физички свет.
    А чувството не се опишува, бидејќи не постојат такви зборови со кои би се опишала Астралната Проекција, тоа треба да се доживее ;)
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    мене ми се има мн пати случено да знам дека сонувам ама не можам да се разбудам само си викам ако сонувам нешто страшно ајде ајде кога ќе се разбудам затоа што знам дека е сон ама за астрална проекција мис е нема слуѓчено
     
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Моја братучетка редовно доживува астрална проекција. И тоа свесно. Едноставно девојчево контролира што прави. Потполно е свесно за се, го контролира мозокот и духот наполно. Не знам како е тоа можно но ете... Постојано го прави тоа колку што знам, ама тоа и го уморува духот претпоставувам... А инаку не сака да зборува за тоа, еднаш успат ми спомна како да не е ништо :o
    А ме интересира, како тоа се враќаш во твоето тело? Како ја прекинуваш астралната проекција? :?:
     
  19. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    И јас сум во овој клуб :) но не сакам многу да зборувам за ова. И мене ми се случи спонтано неколку пати ама јас многу мразам. :( Спиев и се разбудувам станувам, излегов низ врата и случајно се завртив и гледам дека телото ми е уште на кревет,... леле смртно се исплашив и веднаш се вратив и си викам морам да се разбудам и тогаш многу тешко ми е будењето. Затоа мразам кога ќе ми се случува. Како и да е јас немам храброст да се прошетам подалеку од мојот стан, страв ми е, што ако не успеам да се вратам.Имам читано за луѓе кои шетаа многу подалеку :worried: Ми се случува кога спијам на грб, на страна, на стомак, секако, положбата не е пресудна. Се прашував што е и што ми се случува, не знаев се додека не пронајдов и други како мене. Знам дека е глупаво ама филмов( подолу) ме исплаши. :worried: Тој што го гледал знае за што зборувам ( @doberman ти го препорачувам :) )
    http://www.youtube.com/watch?v=E1YbOMDI59k
    Враќањето е на ист начин си легнуваш на споственото тело, не знам како да објаснам чудно е...
     
  20. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Јас имам скотофобија (тоа е страв од темница) и многу се плашам... дали со товето астрално тело можеш да си пуштиш струја? :D :D :D :D :D :D хахаххааххахахахха :)
     
    На thatsmysecret му/ѝ се допаѓа ова.