Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрална проекција

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 јануари 2011.

  1. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано филмот и си го поврзав со тоа што мене ми се има случено. Значи спиев, се разбудив и погледнав во мобилниот беше околу 20h. Само што ги затворив очите, незнам како сум заспала за толку кратко време,ги отворам очите и сум во истата позиција како што си бев легната.Станувам и одам низ собата во која спијам,(но не се завртив и не си го видов телото), си ја отворив вратата,си влегов во ходникот и кога ја отворив надворешната врата - црна темница, повторно ги отворив очите и повторно истата позиција, пак сетам низ собата, се исто, ја отворам надворешната врата, темница и повторно- ги отворам очите , значи ова веќе трет пат по ред истото ,но овојпат кога ја отворив едната врата, таа сама се затвори и ми ја потфана и раката, тогаш се рабудив, овојпат вистински и пак бев во истата поза како што си бев легнала. А времето на мобилниот беше речиси исто. После две години пак ми се случи нешто слично, и тоа е се. А откако го изгледав филмов, баш и не посакувам да ми се случи такво нешто повторно, ќе истинам во сон :)
     
  2. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Имам едно прашање мислам дека ова е најдоброто место ако може некој да ми одговори што е кога сонуваш,но си свесен за тоа и се гледаш себеси како трето лице и не можеш да го контролираш тоа што го правиш. Како трето лице се гледаш себеси (твоето тело) како на пример трча и ти не можеш да го контролираш тоа ова е како ти да си надвор од твоето тело и го гледаш,но тоа не спие, не лежи, не мижи тоа врши активности,а ти си неподвижен. Како спротивното од Астралната проекција. Може некој да ми објасни? :| Мислев дека е обичен сон,но еднаш сонував како паѓам во темна дупка и само да паднам во дното се будам и сум исплашена, испотена, задишана...

    Инаку за астрална проекција јас би сакала да се „проектирам“, и ќе пробам,но апсолутно не сега, сега воопшто не се чувствувам спремна ни психички ни физички. Треба да научам да си ги контролирам мислите за да можам да се контролирам и тогаш кога ова ќе ми се случи. Инаку може некој да ми ги каже добрите и лошите страни ан астралната проекција? Има некоја опасност за да не се вратиш во телото?
    И прочитав дека ако видиме во текот на проекцијата некои грди и чудни суштества веднаш да се вратиме во нашето тело,зошто е тоа така?
     
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ги читам мислењата и како што ги читам се повеќе и повеќе ме стиска нешто во градите и неможам да дишам. Тоа е резултат на паника, имам фобии од моќта на психата. Никогаш не би сакала да доживеам ваква АП и дај боже да си спијам како порано без размислување на ваква моќ.
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да ги контролираш мислите можеш да научиш само преку медитација.
    Тоа со сонот што си го гледала твоето тело како трето лице, тоа се вика вивиден сон и вивидните сонови се различни од оние обичните што ги сонуваме.
    Вивидните сонови се многу повпечатливи и оставаат многу поголем впечаток кога ќе се разбудиме.

    Нема опасност од Астрална проекција ;) единствено лошо во АП е што можеш до смрт да се преплашиш од Ентитетите (ентитети се тие суштества/сенки што се појавуваат во Астралната Проекција), инаку нема никакви негативни последици.
    Лоши страни нема АП, освен што можеш да се исплашиш од ентитетите, а други негативности нема.
     
    На MissCupcake му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Баш вчера читав за астралната проекција на Мотика, цитирам:

    "Првиот знак на астралното доживување е силно трпнење по целото тело, потоа чувство како со лебдење да го напуштате телото и се подигате некој половина метар или метар во однос на телото. После тоа ќе доживеете мали проблеми, на почетокот нема да знаете како да се движите ни што да правите, начинот на којшто ќе гледате ќе ве збунува многу бидејќи ќе гледате слика од 360 степени.
    Поради тие наведени проблеми ќе се движите неконтролирано лебдејќи во случајни насоки и со различни брзини, ќе минувате ѕидови, ќе пропадате надолу па одеднаш ќе се кревате нагоре итн. Ќе ви треба некое време да се навикнете на сето тоа. Кога ќе посакате да се вратите во телото треба само да дојдете близу него и автоматски ќе се вратите, при што истото повторно ќе биде проследено со силно трпнење. Потоа ќе продолжите да спиете..."

    Mногу би сакала да доживеам нешто вакво.
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имам едно прашање: Постои ли можност да не се вратиш кога доживуваш астрална проекција? Може ли ова да биде опасно по животот? :?:
    Ве молам некој што се разбира на темава да ми одговори.
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Би требало да ти речам не, нема опасност ама кој може да е 100% сигурен? Сепак ако правилно тренираш опасноста ти е многу мала (зависи и од психата).

    Има едно правило во тие вежби, нема форсирање и подобро да напредуваш побавно но сигурно отколку да забрзаш ама со последици :) .

    Кога не би се вратила во тело би значело смрт така да мораш да се вратиш :).

    Има школи кои препорачуваат астрална под водство на учител баш за да не дојде до несакани последици но ако е некој талентиран и знае добро што прави може и сам да ја научи без последици по здравје.

    Само треба бавно и да се одбере методата која највеќе ти лежи за твојата психа, мислам на методот на тренинг :).

    Наводно има ретки случаи на луѓе кои се изреметиле од погрешно враќање ама не знам колку е вистина.

    Интересно е тоа што го спомна Доберман-ка за ентитетите во астралот, се збори дека некои можат да бидат прилично непријатни така да препорачливо е првите пати да не се излегува од соба :).
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    А што точно се ентитетите?

    Инаку јас имам доживеано астрална проекција неколку пати, незнам дали беше баш тоа, ама се видов додека спиев. Неверојатно чувство беше! Не излегов од мојата соба сепак, и многу брзо се вратив, може затоа што незнам уште да ги контролирам овие работи... :?:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Астрална проекција може да се доживее и со гледање во пламен од свеќа, тачније оган, не само во сон.
     
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ја отворив темава од љубопитство иако имав некои општи познавања за АП... Ќе кажам само дека не сум доживеала нити сакам да доживеам, а ова за мене се само пореметувања и нездрави состојби на човекот кои пред се му се случуваат додека спие од x причини. Единствена таква "чудна" работа која сум ја доживеала е онаа кога сонувам но чуствувам дека сум будна: (Пр. ми се случи пред неколку часа кога сакав само да дремнам, ми се појавуваа слики значи сонував но неколку пати свесно помислував на работи кои се случуваат околу мене или кои се случија пред да си легнам, значи сонував но може да се каже дека повеќе бев будна) Исто така и тука не гледам ништо чудно, и ова според мене се состојби на свеста нешто пред да западнеш во длабок сон, нешто измеѓу па затоа ги чуствуваш двете работи.

    Освен тоа самото предизвикуваење на ваквите работи е абнормално што докажува и фактот на погоре напишаните постови дека ја доживеале и луѓе кои воопшто не "тренирале".
    Медитацијата преку јога и слични вакви техники е измислена пред се за воспоставување внатрешен мир на самите себе, трпеливост, спокој и релаксација од денешниов живот.
    Овие состојби едноставно некому му се случуваат или не.
    Која е целта на ваквото форсирање да се доживее ова...
    Можно ли е ваквото форсирање за губење на реалноста, паѓање во транс и некоја илузија дека сме во друга свест/димензија/свет (како што гледам тука има измислено цела наука: ентитети, нивоа...)може да остави ТРАЈНИ психопатски последици :x
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Значи вака...
    За да се движиме низ Астралот (со нашето Астрално тело) потребна ни е енергија.
    Кога ќе ни снема енергија (или кога сме при крај со енергијата) автоматски самите се враќаме од астралното тело во нашето физичко тело.
    Е сега има една работа...
    Астралот, или Астралниот свет како сакате наречете го, е поделен на свери и нивоа.
    И само доколку отидеме предалеку и немаме доволно енергија да се вратиме назат само тогаш во тој случај можеме да останеме заглавени во Астралот ... НО само искусните луѓе можат да отидат далеку во Астралот а штом си искусен ќе можеш и да осетиш дека си при крај со енергијата и ќе знаеш дека треба да се вратиш назат кај физичкото тело, така да минимални се шансите некој искусен да остане заглавен во сверите на Астралот.

    Значи заклучокот е дека 99.9 % нема никаква опасност од Астрална проекција :)

    А Ентитети ...
    Тоа се суштества/битиа од Астралот и тие Ентитети се појавуваат доколку личноста која што е Астрално проектирана има страв или пак е неискусна во Астралот.
    Ентитетите се еден вид плод на нашите мисли, ако чувствувате страв, оп ете ги и Ентитетите се појавуваат.
    Затоа велам дека пред да почнете да се впуштате во Астрални проекции треба прво да се медитира, и со помош на медитацијата да научите да ги контролирате мислите и чувствата за да си немате после проблеми со Ентитети и такви ствари.

    Инаку Ентитетите неможат да ви наштетат али можат и те како да ве извадат од памет и ептем да се исплашите.
    Ете само Ентитетите би ги спомнала како единствена негативност/маана на Астралната проекција.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па ако личноста е психички лабилна може да има последици, но во сите други случаи Астралната проекција е безопасна ;)
     
  13. Pepa12

    Pepa12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    16
    Јас за ова имам читано некаде и пишуваше дека не треба да се одвоите од своето тело многу далеку (во сонот мислам) :)
     
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Не мислев на психички лабилни личности, туку на оние личности кои со сила сакаат да го доживеат ова.
    Само сакам да кажам да не се оптоваруваат со ова и да се среќни оние кои немаат вакви пореметувања кои се случуваат во сон. Како што пишав погоре ова едноставно некому се случува или не и тоа без никакви "тренирања". Мене ова не ми делува како некое авантуристичко доживување-напротив која е целта да се форсира медитирање за да доживееш АП :^)
    Колку што знам јас ваквите и слични техники како медитација се користат пред се за воспоставување внатрешен мир и контрола на самите себе преку релаксација и опуштање од напнатоста и разни психопатски појави кои се чести во денешно време (Пр.стрес).
    Друга тема се лицата кои ги имаат овие појави и со кои постепено мора да се работи за да се постигне состојба на мирем сон и одмор за разлика од ефектот кој им го предизвикува АП (Посебно кај оние кои не знаат што се случува).
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ме мрзи да листам назад, сакав да ја прашам Доберман дали веќе доживеа свесна астрална проекција? :) и до каде се прошета, што виде и.т.н. :)
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Само еднаш успеав свесно да имам Астрална Проекција, ама многу кусо траеше, околу 15 секунди, но тоа е сосема ОК како за прв пат ...
    Вака се случи,
    Си легнав и си се опуштив максимално и почнав да навлагам во транс состојбата (во претходните страници имам пишано што е тоа транс состојба и како ја постигнувам) и почна цело тело да ми вибрира и трепери и во еден момент јас прогледав (а очите ми беа затворени) и бев свесна и знаев дека конечно успеав свесно да направам Астрална Проекција и боите беа малку матни но сепак со појак интензитет и успеав само малку да се исправам и толку ... веднаш се разбудив, најверојатно се разбудив од среќа што конечно успеав да направам свесна АП и додека бев во АП неможев да се контролирам и затоа се разбудив.

    Инаку забележав разлика, кога имав спонтана АП боите беа некако потмурни и потемни, а кога имав свесна АП боите беа некако посветли и поживи :)
     
    На XMaN и Offspring им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Интересно... А ги гледаше пример предметите во собата какви што се, или некако поинаку? :) многу ме интересира ама страв ми е мене да се обидувам, плус имам одредени стравови во животов :$
     
  18. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да да сите предмети си беа на свое место и изгледаа исто, само што боите беа поизразени.
     
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.497
    Пол:
    Женски
    а зошто јас не верувам во ова? :?:
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Затоа што немаш доживеано ;)
    Искрено и јас немаше многу да верувам во Астралната Проекција дека постои, НО откако доживеав АП се' се смени.