Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрална проекција

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 јануари 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имам уште едно прашање во врска со темава...
    Сум слушала т.е. сум читала дека ако некој се обиде да те разбуди додека си астрално проектиран така да се изразам, тоа може да биде фатално. Има ли вистина во ова? :^)
     
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    НЕ ;)
    Тоа се само измислици од оние кои не се разбираат во оваа област.
    Во случај некој да те разбуди додека си во Астралот, нема да умреш :) туку ќе си се разбудиш нај нормално како од обичен сон кога се будиме.

    И јас сум слушала вакви прикаски на почетокот, и јас верував во тие глупости демек можеме да умреме од АП и сл. али се заангажирав и почнав подетално да истражувам за АП и сватив дека АП е безопасна и нема никакви негативни последици од неа :)
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Симонче, зар ти за астрална се заинтересира, у несвест ќе паднев :lol:.

    Шала на страна, не веруваш затоа што сеуште не си сретнала некој да ти објасни како се прави и пред се зашто се прави :) . Самата астрална сама за себе не е ништо посебно освен едно интересно искуство но во рацете на искусен практичар е моќна техника за некои повисоки цели. Е сеа кои се тие цели излегува надвор од муабетот на оваа тема ;).

    Сеуште не сум ја доживеал но сум бил на праг така да си постои само си бара редовен тренинг (тие пусти обврски) :devil:.

    Пс. Знам дека те нервирам повремено ама за да се смириш :*.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    А да опишеш подетално за астралната проекција...... мене спонтана ми се нема случено, ама се што носи такво пријатно чувство би било супер да се доживее ќе ти пишам ЛП ме интересира нешто :)
     
  5. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Ке ми одговори некој ? :angel: :$ :wasntme:
     
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
  7. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Сакам да прашам додека си во астрална проекција дали може да шеташ по светот? Како на пример да си замислиш ај да речеме ајфелова кула, Бали, Малдиви....и оп таму си :D и секако доколку е можно како може да се вратиш назад? И уште сакам да прашам дали може да видиш мртви луѓе, како на пример сакам да ја видам мајка ми која е почината и доколку е можно на кој начин може да се направи тоа, и на кој начин да се вратиме назад?
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Simona91

    Simona91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Гледам дека во темава се збори за астрална проекција па еве предлог од мене погледнете го филмот "Insidious" нема да зажалите ... се работи за астрална проекција и некои други мистероизни работи :) Поздрав феминки ;)
     
  9. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Од тоа што сум читала, не е возможно а се шеташ по светот. Да беше така сите ќе го прошетавме :) Релативно е тешко да се движиш низ простор, треба многу енергија.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Викаат дека е возможно да шеташ ама не одма туку и за тоа ќе ти треба редовен тренинг а и не верувам дека секој може се да постигне, исто како и во физичкиот свет, не е секој за се талентиран.

    Прво ќе шеткаш во својата соба и не оди многу подалеку додека не ти стане сосема нормално а пред тоа се препорачува собата да ја исчистиш и заштитиш (за секој случај).

    Контакт со починати е можен но дали и колку ќе функционира не знам, тоа кога ќе стигнеш до астрал сама ќе си откриеш.

    Обично тие што се талентирани за езотерија кога тогаш ќе ги завлече нешто таму да чепкаат и вежбаат а сите останати си остануваат само на читкање книги и муабети по тие теми.
     
    На MarchelineAmaru и A-j-a им се допаѓа ова.
  11. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Се прашувам дали се имам проектирано, сега истражувам дали можам да се пректирам на место на кое не сум била?
     
  12. Smile.Girl

    Smile.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    21
    интересно :) аааа мора да спиам на грб за да се проекирам ? :^)
     
  13. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не. :) Можеш да спиеш во која било положба и да се проектираш. Други фактори се важни, за тоа да се случи.
     
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    АСТРАЛНА ПРОЕКЦИЈА

    Вонтелесно искуство е појавата при која една личност се издвојува од своето физичко тело и станува свесна дека тоа се случува во реалниот свет.

    Ваквите искуства во денешно време се почести а тоа им дава можност на експертите да го испитуваат овој феномен и да добијат нови информации.

    [​IMG]

    Некои велат дека вонтелесното искуство е слично на сонувањето или халуцинирањето. Меѓутоа, оние кои лично го доживеале велат дека е многу пореално од сонот. Всушност, преку вонтелесното искуство, луѓето објективно го гледаат своето тело во реалниот свет. Исто така, тие можат да ги видат и останатите предмети, меѓутоа малку изобличени и матни. Уште еден фактор кој го одделува астралното проектирање од сонот е способноста да се котролира насоката на движење на телото.

    Влијателни фактори

    Астралната проекција може едноставно да се дефинира како одделување на човековата свест од физичкото тело и заземање нова форма со која се откриваат други димензии и сфери. Скептиците сметаат дека тоа е само илузија, но, истражувањата го потврдуваат ставот дека овие искуства можат да се постигнат и при нормално функционирање на мозокот. Тоа едноставно може да се случи кога телото има ослабени сетила, особено за време на одмор или спиење, меѓутоа, во секој случај, свеста функционира.

    Исто така, има големи варијации во степенот на доживување на ова искуство и што се случува додека трае. Во најголем број од случаите, луѓето слушаат чудни звуци или чувствуваат вибрации.

    Анализирајќи ги истражувањата, експертите заклучиле дека вонтелесното искуство се случува кога човекот спие. Што значи, полесно се доживува кога мозокот не е активен, односно додека спиеме или се одмараме. Телото прво мора да се најде во опуштена состојба или еден вид на транс и тоа е клучно за да се доживее ова искуство кога нашата потсвест станува помоќна од свеста.

    Предности на вонтелесното искуство кои можат да ви го променат животот

    За секој поединец, астралната проекција е различно искуство, што значи дека секој човек различно се мотивира во текот на процесот. Меѓутоа, една работа е заедничка за сите – предноста на оние кои го доживеале ова искуство е можноста да ја разоткријат духовната страна на човековата свест.

    1. Будење на духовниот идентитет. Предноста на астралното патување е тоа дека е многу подобро од будењето на сетилата во физичката сфера – ова искуство помага при будењето на духовниот идентитет кај луѓето. Некои луѓе тврдат дека тоа го елиминира стравот од смртта и непознатото.

    2. Зголемено духовно просветлување. Кога ќе поминете низ овој процес, почнувате да се разбирате себеси не само како тело кое постои, туку придавате поголемо значење на вашето постоење. Луѓето стануваат помудри преку длабоко духовно искуство кое се изедначува со вонтелесното искуство.

    3. Задоволување на љубопитноста. Ова може да се гледа како љубопитност и желба да се открие што се крие надвор од физичкиот свет. Најчесто, луѓето кои сакаат да знаат што има надвор од реалниот и физичкиот свет имаат вакви искуства. На крај, можеби ова искуство им помага на луѓето да ја разрешат мистеријата на животот и постоењето.

    Вонтелесните искуства се се почести, а податоците покажуваат дека ова доживување помага при откривање на подлабоката смисла на постоењето надвор од реалниот свет.


    http://www.fakulteti.mk/news/11-10-08/astralna_proekcija.aspx
     
  16. Danicleo

    Danicleo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Кај мене е нешто помеѓу АП или парализа во сон...инаку не користам опојни сретства ниту пак алкохол,а ни најмалку не пијам седативи(оти истото го поврзуваат со тоа,а смешно е кога сите ги ставаат во ист кош).
    Зборуваат се и сешто но,такви случувања им се случуваат(и им се случуваат)и кај луѓето кои никогаш во животот не прочитале ниедна книга за АП,на луѓе кои живеат насело и кои воопшто незнаат што е компјутер а камо ли да читаат страници поврзани со АП,тоа значи дек скоро на секој втор човек му се случува астраната проекција и без да знае што е тоа.
    Кај мене оваа појава се случува уште кога бев мала,некаде од својата десетта година.
    Отпрвин слушам звук во главата(нешто слично како од далечина да доаѓа воз,кој тој звук е се по силен и посилен дури и нездржлив)некои тоа го поврзуваат и со кундалини енергијата(змијската енергија)
    Во втората фаза доаѓа отварање на очите но,понекогаш многу тешко ги отварам очите па ми претставува проблем.Свесна за себе,свесна дека се наоѓам во просторијата каде сум заспала,и сосема свесна за себе.
    Некогаш гледам и други ентитети,некогаш луѓе(кои никогаш ги немам видено во својот живот,и иаку мозокот е како матрица кој бележи се и сешто и ги собира во потсвесниот дел на мозокот.Меѓутоа работите кои ги гледам во тој момент не се доволно јасни,како да гледам преку некое стакло,нешто како сон но,сепак не е сон.Работите кои во тој момент ги гледа „сонувачот“не може да ги види второто лице кое се наоѓа во собата,или пак случајно е влезен(кое е во будна состојба)туку само оној кој е во таа фаза,и одтаму тоа не верие за АП или пак за парализа во сон.
    Да скратам оти гледам дека на некои оваа чувство им е итекако познато-страв,несигурност,тешко дишење,чувство дека некој е присатен во просторијата но ,не се гледа туку се чувствува нечио присуство.
    Последното што го доживеав ми е од пред една година(во меѓувреме со кратки доживувања кои се безначајни)и навистина ми остави траги со повод на размислување околу тие доживувања и појави.
    Обично лежам на десната страна(меѓутоа тоа нема врска кога луѓето кажат оти си лежела на грб па затоа ти се случуваат тие кошмари-кошмари го даваат името оне кои немаат врска како да го објаснат тоа,оти јас многу добро разликувам цврст сон(кога човекот цврсто сонува и не е свесен за своето битие) од доживените работи во таа состојба.
    Откако ги отворив очите веднаш си помислив„Што е следното„.Имав претчувство дека во просторијата има и друга енегија(за мене не позната)и не се излажав кога во горниот ќош здогледав како некоја темна сенка(дури беше по црна од самата темнина)во облик на мала топка која демнее..хм,не ме сваќајте сега погрешно,во тој момент почувствував дека таа црна сенка се сокрила од мене за да не ја здогледам,и откако ја здогледав таа иста сенка со голема брзина се пресели на другата страна на собата(во таа состојба целото тело ми е парализирано,неподвижно,и колку и да сакам да се помрднам е безуспешно,тогаш во таа состојба ми функционираат само очите и мозокот кој настојува да најде логичности во дадената ситуација.)Додека се пресели сенката ја видов во друг облик,развлечена по ѕидот.До тогаш и не се плашев но,вистински хорор ми стана кога таа иста енергија се пресели од другата страна на собата.т.е кога ја почувствував веднаш зад себе.Бев немоќна и уплашена.Настојував да се свртам наназад но безуспешно.Најверојатно од таа моја желба да видам што се случува зад мојот грб токму тогаш имам доживеано АП оти како сум успеела да се свртам и да видам што има зад мене?Се доживеев себе си како ослободена од физичкото тело и лесно се свртев наназад(но кога ми помина се јас сум била останата во истата положба како што и легнав така што физичкото тело воопшто не сум го помрднала)Иако свртена наназад сепак не успеав да видам што е но,знаев дека тоа нешто е повисоко од мене во споредба со мене,и нормално е тоа оти сум легната.Во таа темнина добив слика дека има облик нешто слично како човек,барем успеав како низ измаглица да здогледам некои не јасни контури на лице и раце.Е сега,тоа исто суштество стоеше исправено со успружени раце кон моите плешки,во тој ист момент почувствував нешто како изшмукување,како нешто да се изшмукува од мене,како да од мене се извлекуваше мојата енергија,видов еден зрак во обли како,< но со врвот свртен на моите плешки.Нормално во тој момент на страв и несигурност што тоа суштество прави на мене ме фати паника со разноразни мисли„црната сенка ми ја одзема душата,црната сенка сака да ми ја зеде мојата енергија и да ја вшмука во себе„...едно знам дека нон стоп повторував во себе„Јас морам да се разбудам„ „Јас морам оваа да го прекинам“...и успев но,препотена со страв повторно да заспијам...
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Досега ги имав прочитано само минатите 8 страници, и конкретно сакам да прашам како поточно може да се вратиш во минатото, или пак да одиш во иднината со АП?
    Значи само треба да помислам на иднината за директно да се телепортирам во неа?
    Имено, ќе кажам неколку работи кои пред извесно време ми се имаат случено.
    Многу пати сонувам како се фрлам од тераса, онака скокам и забавно ми е...Се качувам по скалите, поворно излегувам од тераса и така повторно и повторно, го правам ова колку сакам.
    А исто така неколку пати ми се има случено додека спијам да сонувам дека лебдам на таванот високо и го гледам лустерот како свети како и целата соба. Сега малку чудно е, но чувството беше прекрасно, а во тој момент светлото не ни беше запалено бидејки беше ноќ, така да мали се шансите да е АП. :^)
    И еднаш сонував како летам над мојата улица, онака си правам кругчиња и моите ме гледаат и ме викаат да се симнам но јас несакав. Упорно летав насекаде. Преминував улици, држави меѓутоа несвесно.
    И еднаш ми се случи да сонувам дека сум на планетата Марс (бидејки беше се прашливо и црвено) и влегувам како во една купола и внатре имаше луѓе кои кога ќе дувнеа испуштаа син прашок со светки и очите им беа сини.
    Не се сеќавам како се вратив...
    А честопати ми се случува да сонувам и сеништа. Еднаш на пример сонував силуета на девојка со коса како најпрвин седи на столечто во мојата соба, и полека ми се доближува и ме напаѓа а јас врескам во сонот и се бранам.
    Потоа сонував некоја фигура од црн дим во форма на ѓавол со рогови како ми се доближува и скока во мене а јас плачам парализирана и се тресам. Значи ова само го сонував, и не се разбудив.
    Инаку многу лесно знам, и тврдам дека може да доживеам астрална проекција, меѓутоа сметам дека сеуште не сум психички подготвена за тоа.

    Е сега малку офф топик..

    И зарем неможе преку АП да се разјаснуваат и многу тешки сторени кривични дела? :o
    Бидејки да може јас би се вратила на денот на убиството кај езерото во Смиљковци... :x
    А имам читано некаде дека доколку ,,тетото око'' го користиш за гледање на работите од материјална природа, на пример за да ги гледаш луѓето што прават или да ги откриваш нивните тајни ќе ти биде одземена ,,моќта'' и нема повеќе никогаш да доживееш ваков вид на искуство.
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не е така просто како ти изгледа :).

    Тоа што лебдиш низ собата одржувај го да можеш да го сонуваш по желба зашто еден ден ќе го користиш истиот сон за лесно да влезеш во АП (ако имаш желба).

    Како точно да одиш во иднина и минато ќе знаеш дури по подолго искуство на АП а не знам дали сите користат иста метода за пат. Сум читал за многу кои можат АП ама само за неколку искуства на пат низ време а и тој пат не е така дефиниран како што сега ја гледаш сегашноста што значи не може секој.

    За сеништата би можела да направиш проста психичка заштита на собата во која спиеш како и околу себе и или ќе намалат или ќе престанеш да ги сонуваш, нормално под претпоставка дека не се само производ на твојата фантазија. Ако се, проста концентрација пред спиење ќе ги тргне исто како и да им се спротиставиш во сон или им кажеш дека не се плашиш.

    За откривање убиства од минато лесно звучи но е во пракса скоро неизводливо а и тие што евентуално можат би се броеле на прсти на целата земја а најверојатно нема ни да сакаат со тоа да се бават.

    Последното мислам дека не мора така да биде, ако никому не штетиш нема да ти биде ништо одземено под услов да не го користиш за сосема бесмислени активности.

    Можно е да се случи губење на одредена способност но треба да има и причина за тоа внатрешна или надворешна :).
     
  19. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Многу филмови гледате ако го може ова некој зошто не го покажува?
     
  20. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    сакам да прашам нешто и мислам дека моето прашање спаѓа во оваа тема :?:
    многу често сонувам кратки сонови,на пр.се околу мене е црно и само неочекувано паѓам како во дупка и го имам она чуство во стомакот како во лифт да се возам и баш кога треба да падна се разбудвам и осеќам дека навистина рипнувам од кревет..не знам дали ке ме ставите и можда некој од вас исто сонувал како мене? и друго:
    некогаш ке сонувам некој сон дека сум на некое непознато местои по некое време како ке се сетам ии си велам во сонот "еј овде бев".а и некогаш кога не сонувам ако одам некаде на некое место за прв пат како да се потсеќам дека сум била :?:
    :D можи нема врска со темава ама ај да си прашам јас :lol:`
    и уште нешто-кога бев мала многу често сонував како небото е како вода и јас како лебдам.
    инаку ние фамилијарно сите зборуваме во сон,месечариме и јас еднаш се разбудив обратно свртена (нозете на перница а главата долу) ама само еднаш тогаш ми се случи :?:
     
    На feminagirl25 му/ѝ се допаѓа ова.