Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрална проекција

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 јануари 2011.

  1. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    чекајте малце има врска филмов со астрална проекција? зошто тука гледам и некои суштества а доберман кажа дека негативни влијанија се тие некои сенки,сакав да знам дали тука сликовито се опишува астралната проекција или ова е сосема друго филмов,или AWAKE со JESIKA ALBA е слично зошто ако е така сакам да гледам и да сватам преку филм всушност што е астрална проекција зошто вака описно само мислиш што како :?: или ако има некое видео на YOU TUBE ама како филмче да се појасни како е тоа
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FeatherCut

    FeatherCut Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Дали некој би можел целосно да го објасни процесот за постигнување на астрлна проекција или тоа е некаква тајна? :^)
    Знам дека може да се постигне со неколку начини: Медитација, сон и смрт. Но, што треба да сторам додека медитирам? На што да мислам...

    Инаку да се пофалам вчера за малку и да ја доживеев! :!: Значи бев на прагот.
    Медитирав, не мислев на ништо и одеднаш почувствував како рацете ми се парализираат, и воедно почувствував слаба турболенција. Чекав и бев свесна, во надеж дека ќе почнам да гледам со третото око, дека ќе видам дух или дека ќе се случи нешто позначајно некои 2-5 минути, но тоа беше се. Дур не ги отворив очите се случуваше ова. Откако ги отворив и станав се почувствував како да лебдам! :^) Незнам зошто..Но телото си го чувстував многу лесно. Се на се сето ова го изведував за од прилика за некои 20 и нешто минути.
    Се разочарав. Ова е петти пат како се обидувам и сум на работ но никако да постигнам целосно а сакам од многу причини. Една од нив е да прошетам малку по светот и да се забањам во некој океан со ајкули.. :D Шала на страна, ако знае некој ве молам нека ги опише малку подетално чекорите за постигнување на оваа состојба!
     
  4. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Прееска баш го гледав филмов се работи за следново.
    Се работи за дете кое секоја вечер го прави ова,ама појма нема дека е реално мисли само сонува.Една вечер претерува,оди подалеку од што треба и неможе да се врати назад.Во меѓувреме неговото физичко тело е во кома,ама докторите незнаат да им објаснат на неговите родители зошто е тоа така.
    Инаку суштествата што се појавуваат се мртви души и демони кои на некој начин чуствуваат дека постои физичко тело,без душа и сакаат да влезат во него,со цел повоторно да бидат живи.
    Инаку филмов е екстра страшен
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа не е тајна, знам само дека се случува само по себе или по пат на медитација или во сон.Барем од тоа што сум слушнала, оти едни викаат само по себе, други дека можеш свесно да го направиш тоа, а дали само по себе се случува,незнам.Оти знам некои луѓе кои медитираат то го прават свесно, а како појма немам, а мене не ми се случило никогаш, така да незнам.А незнам пак како се случува тоа само по себе :^)
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ко и секад кога медитираш, едноставно не мисли на ништо, опушти си го умот само, контролирај ги мислите да не ти доаѓаат, а со тоа и само по себе ке се опушташ .
    не се откажувај само, видиш на сам праг си ;)
     
  7. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Еднаш сонував како летам, сум поминувала над дрвја брзо сум летала и толку ... ништо посебно не беше ама ме интересира дали било АП? сакам да ми се случи ама како :?:
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас мислам дека ноќеска имав...ауууу хорор искуство,еве срцево сеуше ми чука ко ненормално...2:53-4 го погледнав саатот,пред да ги затворам очите...и незнам некако,следно што се сеќавам е тоа дека се гледав одозгоре,и во моментот додека сонував,значи бев свесна дека сонувам,ми текна дека имам читано за ова и ми текна дека е Астрална проекција,и ми текна дека треба да помислиш на телото за си го вратиш духот...и јас пробав,како што се гледав одозгоре тргнав надоле кон телото,ама не,неможев да се разбудам,и ме фати огромна паника,помислив на дел од телото,на нозете на рацете,ама не,т.е имам чувство во дека се вратив во телото,и во сонот ги отворам очите и пак ги затворам,и пак ја продолжувам астралнава проекција,мислев дека никогаш нема да се разбудам,оти и за тоа имав прочитано,дека можно е да не ти се врати духот во телото...и во сонот,некако пробував да и титнам на сестра ми,да дојде да ме разбуди,ама не,неможев,и пак пробував да помислам на телото,на рацете мислев,и некако,после којзнае колку мачење успеав да се разбудам....и кога се разбудив,се вртам накај лаптопот,го гледам отворен,а да напоменам дека додека ја имав астралната проекција,ми текна кога ќе се разбудам да напишам тука на фемина,и сега кога стварно се разбудив,го гледам лаптопов отворен,а јас бев скоро сигурна дека го затворив пред да легнам,ама изгледа не сум го затворила,понекогаш го заборавам...и се вртам да и титнам на дада,дури не се сеќавам како го направив тоа,и го погледнувам саатот 3:23 !!!
    Не ми се веруваше дека ова се деси само 20 мин откако со легнав,мислам кога би успеав да заспијам....

    Сепак многу страшно беше,вечер со којзнае какви маки ќе заспијам,ќе ми биде страв :sweat:
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Оф леле,се изнасмеав,гледав видеа на јутуб,и уствари можеш да имаш астрален секс,ако се сретнеш со некое друго тело :rofl:
    јас умирам од страв,па уште ќе се сексам ццц :lol:
     
  10. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Многу ме интересура ова астрална проекција.Ми ја имаат доста зборено,имам и доста читано..ама сеуште незнам како да ја постигнам. :|
     
  11. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Јас мислам дека ако малку повеќе се потрудам, ќе можам да ја постигнам оваа астрална проекција.Но што доколку не се вратам во своето тело?
     
  12. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ќе бидеш во кома
     
  13. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    :sweat: :sweat: :sweat: :sweat: :sweat: :sweat:
    многу сакам да пробам, ама ми е страв :( работава е , Што би било, кога би било.. :D
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа треба да се прави со инструктори по јога, бидејки знаат како да излезеш и да се вратиш во своето тело, да ја направиш астралната проекција, никако на своја рака или од читање на нет.
    Се уште размислувам како се случува астралната проекција, но, сама по себе, некако ова веќе секојдневие станува, се поголем е бројот на луѓето на кои им се случува ова, барем од што читам и слушам.Воопшто не би сакала да ми се случи само по себе и не би сакала да го направам тоа, доколку ми кажале како истата се прави свесно.Разбирам дека сме повеќе од физичко тело, како и сите слични нешта поврзани со темава, како и тоа дека за истото секој би сакал да осознае, но сепак мислам дека е подобро да се реализира сопствениот живот, свои желби итн.Убаво е ако сама по себе се случи, тогаш едноставно се има увид за претходното што го кажав, како и разоткривање на тие мистериозни теми за животот или смртта, кои се вплеткуваат во такви дебати.
     
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    лелее,недајбоже да ми се случи,страв ми е :|
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас имам доживеано спонтана Астрална проекција и тоа повеќе од еден пат. Чувството е величенствено, но најчудно беше тоа што знаев дека сонувам и сакав да се разбудам но не можев, додека наеднаш како гром од ведро небо не изрипав од креветот, така беше секогаш. :worried: Но, не знаев дека тоа така се нарекува, а не знаев и дека тоа е толку чудно. Но, сега кога ги прочитав сите овие мислења се претресов. :(
     
  17. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Еден многу продуховен човек, што верува во Господ се подразбира, ми рече никогаш во животот да не го правам ова. И дека сето тоа било Сатанска работа. :o :^) Е, сега не знам што е како е. Ама знам дека ми е страв и дека немам толку храброст да пробам. :sweat: Јас срипувам штом ќе видам сенка, а не пак да пробувам да излезам од телото. :tmi:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    астралната проекција е многу лесна само ако можеш да ја разбериш. Секој има свој начин на правење астрална проекција. Иначе, скоро секоја вечер си правам :D
    Ти се случува само не си свесна. Ако знаеш некое место пред да си го видела, а си сигурна дека не си го сонувала, тогаш тоа ти е астрална проекција. :lol:
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Јас речиси сум подготвена. Единствено ми е страв од тоа што го спомна Gordana, дека може да паднеш во кома бидејки нели практично и концептот на самата медитација е во тоа да престанеш да дишеш после практицирање и извесен временски период, и на тој начин да ја примиш потребната космичка енергија а исто така и во фазата додека доживуваш АП.
    Барем според видеово. :!: [url]http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=xgRPMajdu34#!
    Погледнете го цело, вреди. Има детално објаснение и за Астрална Проекција. Само ве предупредувам, информациите на крајот може да ве заплашат. :)

    Пишува дека луѓето кои во текот на животот не успеале духовно да се издигнат, потоа духот им ствара сопствен пекол во кој самите се гушат и не успеваат да го пронајдадат вистинскиот пат. Ова особено важни за еретиците и атеистите.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да ја доживеам оваа астрална проекција,вакви работи многу ме интересираат.Сигурно е величествено чувството како што спомена Ангелинка.
    .Е сега,инструктори по јога да ми помагаат,тоа ми се чини скоро невозможно.
    Затоа сакам да доживеам спонтана астрална проекција,ама многу ми е страв од можноста да не успееш да се вратиш во своето тело. :(