Астрологијата и вашите најдобри пријатели

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од musicgirl55, 22 октомври 2011.

  1. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    Какви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.

    Овен

    Вашиот страстен и енергичен карактер привлекува динамични и интересни пријатели, па во вашето друштво секогаш ќе има некој лав и стрелец. Ќе се чувствувате стабилни и застанати цврсто на земја, ако вклучите бик во вашата екипа, бидејќи тој може да ја урамнотежи вашата импулсивна природа и тенденцијата кон избрзани реакции. Девиците можат да ви помогнат да останете фокусирани и правилно да ја канализирате вашата креативна енергија. Ако во друштво имате јарец, кон него ќе имате најголема почит. Лавот и водолијата одлично ви одговараат за дружба и забава. Најцврста конекција можете да изградите со спротивниот хороскопски знак, милата вага. Ракот и јарецот ја делат со вас иницијативноста и спремноста за акција во секој момент, поради што исто така би можеле да ви бидат добри пријателчиња.
    Бик

    Да се биде бавен и постојан има свои предности, а тоа најдобро ќе го сфатат оние родени во хороскопските знаци девица и јарец, бидејќи ја делат вашата практична природа. Кога ви е потребен некој да ви каже поинакво мислење од вашето, близнаците ќе ви дадат доволно инспирација за да направите еден „брејнсторминг“. Вагата може да ви помогне да си ги потиснете страстите и потребата од задоволства, кога морате да останете фокусирани на некоја работа и напорно да работите кон нејзино комплетирање. Рибите можат да ви бидат екстремно лојални и верни пријатели. За вас, пријателствата не претставуваат однос „на ти го – дај ми го“, туку очекувате во што е можно повеќе ситуации да биде по ваше, поради што треба да имате пријатели кои ќе можат да ја поднесат таа ваша карактеристика. За среќа, скорпијата е доволно паметна и силна за да ја добие вашата почит, а секогаш ќе се чувствувате удобно во друштво на лав и водолија, бидејќи високо ја цените нивната упорност секогаш да ја завршуваат започнатата работа.
    Близнаци

    Ако вашите пријатели не се динамични и активни, вие брзо ќе го изгубите интересот за нив. Со вагата и водолијата секогаш ќе поминувате многу време заедно, бидејќи тие ја споделуваат со вас смислата за забава и интеракција. Друга цврста врска можете да изградите со некој кој е овен во хороскоп. Вие се воодушевувате на неговата храброст и го следите секој негов чекор со радост. Ракот, може да ви даде една стабилност и здраво влијание, кое знаете дека навистина ви е потребно. Според вас, пријателствата треба да бидат флексибилни и отворени, а тоа никој нема да го разбере подобро од стрелец. Исто така, одлично ќе се согласувате и со рибите, кои умеат да бидат исто толку флексибилни и забавни колку вас.
    Рак

    Вам ви се потребни пријатели кои ќе можат да ја сфатат вашата емотивност и длабочината на вашите чувства и ќе можат да излезат на крај со вашите променливи расположенија. Скорпијата и рибите, секогаш ќе бидат сочувствени со вас кога тоа најмногу ќе ви биде потребно. Обратете се кај пријател со хороскопски знак лав, за да ви помогне да научите да се наметнете и докажете себеси, кога е навистина важно тоа да го сторите. Бикот секогаш ќе ви претставува стабилна основа. Ќе уживате да станете дел од неговите омилени активности, бидејќи знаете дека секогаш можете да сметате на добра забава помината со него. Исто така, можете да имате „лесна“ комуникација и добро пријателство со луѓе со хороскопски знаци вага и овен.
    Лав

    Вие сте силни, динамични и снаодливи, но сепак морате да бидете опкружени со луѓе на кои можете да им верувате. Овенот и стрелецот можат да ви бидат одлични пријатели, со кои секогаш одлично ќе се забавувате, а и со близнаците може да ви биде доста забавно. Бидејќи отсекогаш сте се восхитувале на луѓе кои имаат практичен и амбициозен поглед кон животот, ќе сакате некој јарец исто така да биде дел од вашата екипа. Во секој случај, вашите пријатели треба да бидат достојни за да ја заслужат топлината и страста од ваша страна, па можеби ќе се изненадите ако оформите цврсто пријателство со некоја водолија. Нејзината искулирана, речиси неразбирлива карактерна природа, постојано ќе ве интригира и прави љубопитни. Исто така, водолијата ќе знае точно како да ве спречи да избегате од реалноста. Други луѓе кои можат да извршат добро влијание во вашиот живот, се оние со хороскопски знаци скорпија и бик. Овие пријатели ќе можат да си ги остварат нивните ветувања и да останат услужни кон вашите потреби.
    Девица

    Вие сте сигурни и доволно цврсти да се грижите сами за себе, но сепак обожавате кога имате емоционално стабилни пријатели како бикот и јарецот, кои ќе ве поддржат за сè. Сензибилноста на ракот исто така ве привлекува, дури можете да помислите дека тој е знакот на кој можете да се потпрете дека ќе се грижи за вас во оние ретки мигови кога навистина ви е потребен. Водолијата ви помага да ја видите целосната слика, додека близнаците можат да ви помогнат да ги наредите сите коцки во мозаикот, секоја на свое место. Исто така рибите ги сметате за личности кои ги прифаќаат вашите фантастични совети и кои ви ја пробудуваат имагинацијата и романтичната страна. Храбрите стрелци, а зафатените близнаци можат да ви претставуваат добри, забавни пријатели, затоа што ја споделуваат вашата способност да го смените правецот, кога имате потреба од нешто различно во животот.
    Вага

    Вам не ви е тешко да најдете друштво кое ќе ја цени вашата способност да слушате и да бидете отворени, но кога ќе посакате да направите реален и рационален муабет, секогаш ќе појдете кај вашите пријатели родени во знакот на водолија и близнаци. Скорпијата ви нуди уникатна перспектива на животот, додека пак драматичната имагинација на лавот често може да ви ја разбуди уметничката страна. Сепак, за најдобар пријател најсигурен облог ви е овенот. Предизвикот за скротување на овој див ѕвер и доведувањето на неговата навидум неограничена енергија во рамнотежа, ја истакнува вашата забавна страна. Раковите и јарците со својот став дека можат сè да постигнат и направат, ви нудат фини можности за созревање и проширување на хоризонтите.
    Скорпија

    Дали некогаш ќе најдете некој кој ќе ги исполнува вашите стандарди за перфекција? Најверојатно нема, но сепак уживате во друштво исполнето со инвентивни луѓе, како што се ракот и рибите. Со овие емоционално интелигентни влијанија, ја здобивате способноста да се соочите со чувствата и да делувате по нив. Јарецот може да ви помогне да ги искажете тие чувства, додека кај лавот ќе ја почитувате неговата харизма и способноста за лидерство. Кога имате потреба од некој со цврст карактер, кој ќе ве викне да излезете откако ќе заглавите со денови дома, бикот е тука за да настапи. Исто така, ќе забележите дека лавот и водолијата се одлични дипломати во ваша околина, затоа што тие се најкомфорни во обидот да се одржи имиџот на стабилност во друштвото.
    Стрелец

    Вие сте типичен слободен дух и луѓето се воодушевуваат на вашата независност. Ги обожувате луѓето кои ја почитуваат слободата и кои додаваат возбуда во вашиот живот. Такви се лавот и бестрашниот овен. Девицата ви претставува одличен работен партнер, преку кој можете да ја канализирате вашата енергија во нешто продуктивно. Доколку барате некој за придружба или пак некој кој ќе го сметате за најдобар другар, важно ви е тоа да е личност која целосно ќе се посвети на другарството, но која паралелно ќе прави нешто друго во животот подалеку од вас. Близнаците, рибите и девицата се идеалните пријатели за вас.
    Јарец

    За вас неопходно е пријателите да ви се самоуверени, па токму затоа секогаш можете да се потпрете на земјените знаци девица и бик. Вагата исто така е одлична за вас, обезбедувајќи го потребното ниво на влијание на праведност што ви овозможува да го избегнете постанувањето деспот. Некогаш може нема да ви се допадне „мекиот“ пристап, но ќе знаете дека тоа е добро за вас. Кога ќе си дојдете дома и ќе се чувствувате празно, ќе ви биде потребен некој кој ќе ве разгалува безусловно. Воспитувачката енергија на ракот е добра за вас. Вагата и овенот се многу слични на вас, па ќе се пронајдете на истата бранова должина.
    Водолија

    Вистина е, вие сте оригинални и само оние кои ќе го прифатат тоа ќе претставуваат задоволувачка придружба за вас. Знаци со кои најлесно ќе се сложувате се вагата и близнаците, затоа што ја споделувате способноста да ја „спуштите топката“ и да ги решите работите рационално. Сепак, најверојатно скорпијата ќе ја најдете како најзадоволувачки микс на влијанија кои ќе ве научат на лојалност и респект. Раковите ќе бидат од голема помош за прашањата поврзани со вашата кариера и со она што го вели срцето. Бидете сигурни дека во вашето опкружување имате луѓе кои се динамични и бесрамни, кои ве заслужуваат, како што е лавот. Со леснотија ќе се справувате со скорпијата и бикот, поради нивната способност да бидат логични, смирени и конзистентни.
    Риби

    Рибите мораат да бидат внимателни при одбирањето на луѓето во нивното друштво, бидејќи тие ги апсорбираат сите влијанија, и добрите и лошите. Ракот и скорпијата изгледа се најсигурните пријатели, бидејќи ја споделуваат истата емоционална ранливост. Идеалистичкиот стрелец ќе ја разбере вашата потреба да ја користите вашата имагинација и да бидете доволно креативни за да бидете диви. Ќе му се восхитувате на авантуристичкиот јарец. Сепак на крајот на денот, ваши најблиски пријатели ќе бидат оние кои ќе ви помогнат да се справите со илузионистичката реалност, додека сè уште се восхитувате на сопствената способност да избегате од реалноста за момент. Девицата е идеална за оваа работа, но исто така можете да се спогодите и со близнаци и стрелец, кои ја споделуваат вашата способност да пронаоѓате начини за едноставно функционирање.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Шкорпии и бикови-ЛЕСНОТИЈА...Не заебавај, маки сум мачела со шкорпии и бикови. Ваги и близнаци да, тоа е океј. Лавови- НЕ! Ракчиња добри се. :)
     
  3. LadyNN

    LadyNN Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    15
    Скорпија

    Дали некогаш ќе најдете некој кој ќе ги исполнува вашите стандарди за перфекција? Најверојатно нема, но сепак уживате во друштво исполнето со инвентивни луѓе, како што се ракот и рибите. Со овие емоционално интелигентни влијанија, ја здобивате способноста да се соочите со чувствата и да делувате по нив. Јарецот може да ви помогне да ги искажете тие чувства, додека кај лавот ќе ја почитувате неговата харизма и способноста за лидерство. Кога имате потреба од некој со цврст карактер, кој ќе ве викне да излезете откако ќе заглавите со денови дома, бикот е тука за да настапи. Исто така, ќе забележите дека лавот и водолијата се одлични дипломати во ваша околина, затоа што тие се најкомфорни во обидот да се одржи имиџот на стабилност во друштвото.

    Рак, риби, бик, водолија, јарец, лав... Ги набројаа 4-те најблиски другарки, брат ми и љубовта моја :clap:
     
  4. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    јас сум риба и можам да кажам дека е точно најчесто се дружам со скорпии и ракови мојата најдобра другарка е рак :D
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Многу верувам во астрологија кога станува збор за особини, однесување, ама тука не ме погодиле :)
     
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Јас сум лав, а моите најдобри другарки се рак и лав.
    А опкружена сум и со ваги. Скорпија е мајка ми. А пак риби, бик.. немам некој поблизок за да ви кажам. Така да, не се согласувам потполно со напишаното :)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Јас сум скорпија, и најубаво се согласувам во дружбата со бикови, риби и ракчиња.

    Тука ми впишале и јарец и лав - не би рекла, ќе си пречиме меѓусебно со егото до небо! :D
     
    На JuLleE и ludoto19 им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    46.695
    Пол:
    Женски
    So true...
     
  9. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    151
    За рибите се е вистина :)
     
  10. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.596
    Допаѓања:
    10.775
    Пол:
    Женски
    Јарец
    За вас неопходно е пријателите да ви се самоуверени, па токму затоа секогаш можете да се потпрете на земјените знаци девица и бик. Вагата исто така е одлична за вас, обезбедувајќи го потребното ниво на влијание на праведност што ви овозможува да го избегнете постанувањето деспот. Некогаш може нема да ви се допадне „мекиот“ пристап, но ќе знаете дека тоа е добро за вас. Кога ќе си дојдете дома и ќе се чувствувате празно, ќе ви биде потребен некој кој ќе ве разгалува безусловно. Воспитувачката енергија на ракот е добра за вас. Вагата и овенот се многу слични на вас, па ќе се пронајдете на истата бранова должина.

    Кога ќе размислам навистина, најдобрата другарка е рак, а сите други блиски другари и најдобриот другар се девица. Дечко ми е бик. И навистина секогаш можам да сметам на нив.
    А за овен и вага немам коментар,бидејќи не познавам никој со тие знаци.
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.314
    Вага

    Вам не ви е тешко да најдете друштво кое ќе ја цени вашата способност да слушате и да бидете отворени, но кога ќе посакате да направите реален и рационален муабет, секогаш ќе појдете кај вашите пријатели родени во знакот на водолија и близнаци. Скорпијата ви нуди уникатна перспектива на животот, додека пак драматичната имагинација на лавот често може да ви ја разбуди уметничката страна. Сепак, за најдобар пријател најсигурен облог ви е овенот. Предизвикот за скротување на овој див ѕвер и доведувањето на неговата навидум неограничена енергија во рамнотежа, ја истакнува вашата забавна страна. Раковите и јарците со својот став дека можат сè да постигнат и направат, ви нудат фини можности за созревање и проширување на хоризонтите.

    Рационален муабет со Близнак ,без да се изналути?!?Тоа чудо го немам доживеано и гарантирам дека нема!
    Овенот се докажал на дело како најверен и најинтересен пријател ,заедно со Стрелецот.Со овие два знака можам да имам најдобро поминато време за кое со сигурност нема да жалам.И Водолиите се тука некаде ,ме пресмејуваат до солзи.
    Раковите ми се океј ,интересна ми е нивната емотивност ,Биковите баш и не ми одговараат поради целата нивна материјализација на се што постои ,Скорпија сум немала за баш-пријател ,Девиците брзо ми здодеваат,инаку се океј.
    Јарците обично ми одат по нерви со нивната тврдоглавост и лесно знам да се искарам со нив,постојат само двајца Јарци во животов мој со кои ни одело како подмачкано.Не би созреала покрај нив ,напротив ,би ја изнесле од мене сета детска поганштија ,што не е добро по нервите.
    Лавовите ги сакам.Интересни се ,друштвени ,многу знаат да ми удоволуваат и токму поради тоа и ги сакам.Делиме иста страст за луксузирање :D ,дури и тогаш кога не можеме да си го овозможиме.

    Со Вагите можеме да се изназборуваме колку што ни сака душата ,иако многу многу нема потреба од тоа. Ние едноставно си се сфаќаме :D ,такви какви што другите ретко можат да не прочитаат ,заедно со потеклото ,целта и околностите на нашите намери.

    Рибите мои се претежно комедијанти и не ми одговараат за сериозни разговори ,ме вадат од такт со нивната прекумерна употреба на хумор во очајнички лоши ситуации.И ме нервирас што можам да изманипулирам со секоја Риба што ја знам ,ете лесно паѓат под туѓо влијание ,а се лажат дека тоа што го прават го прават од што тие сакаат.
    Инаку се добри и особено интересни со нивните фантазерски погледи на светот.
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.028
    Рак

    Вам ви се потребни пријатели кои ќе можат да ја сфатат вашата емотивност и длабочината на вашите чувства и ќе можат да излезат на крај со вашите променливи расположенија.(има ваков :wasntme: :wasntme: да ме сфати малце )??? Скорпијата и рибите, секогаш ќе бидат сочувствени со вас кога тоа најмногу ќе ви биде потребно. Обратете се кај пријател со хороскопски знак лав, за да ви помогне да научите да се наметнете и докажете себеси, кога е навистина важно тоа да го сторите. Бикот секогаш ќе ви претставува стабилна основа. Ќе уживате да станете дел од неговите омилени активности, бидејќи знаете дека секогаш можете да сметате на добра забава помината со него. Исто така, можете да имате „лесна“ комуникација и добро пријателство со луѓе со хороскопски знаци вага и овен.

    за лав вага и овен не!
    се сложувам со риби и шкорпии највеќе, бикови и девици
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.356
    Знаеме и кога да бидеме сериозни иако хуморот ни е дел од животот :D. Нема шанси да изманипулираш секоја риба, да не биде обратно :D.

    Има, има, ние рипчињата, ние сите ве сфаќаме посебно вас ракчињата, роднини сме :lol:.

    Јас највеќе се сложувам со ракчиња, риби и девици :).
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.071
    Ејееј, Иксмен и јас сум рипче. :lol: Инаку се согласувам со поголем дел од напишаново, ама немам ама баш ниедна другарка шкорпија, дури неможам да ги поднесам, сум имала муватори шкорпии 2ца мислам и сега се чудам како сум можела со нив, многу вадат од такт. :fubar: А да, рак ми е најдобрата другарка ама морам да кажам дека рибите добро се сложуваат и со водолиите, исто имам најдобра другарка водолија и на двете ни текнуваат интересни идеи што да направиме, како забавно да си поминеме и слично. И во љубовта имаме сличен карактер, секој ден некој нов ни се свиѓа. :rofl: Имаме и некои несогласувања, ама ок е. Ама тоа е изгледа зашто јас сум во подзнак водолија. :D А, искрено од моја гледна точка иако другарка ми е рак, за разлика од рибите, они ми се многу полигави и цмиздрат за секоја жива глупост, многу се плашливи и јас ја играм заштитната улога кога сум со другарка ми ама ако, драго ми е затоа. И ептен се емотивни, дури повеќе од рибите.
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.314
    Овие одвешниве Риби што ги познавам јас се такви :D Баш како што ги опишав ,а ги имам неколку во непосреднава ми околина :D
    Ко една мајка да ги раѓала :lol:


    Општо за Рибите ,не овие моиве ,сигурно дека не се сите исти ,зависи од водата во која егзистираат ;)

    Патем ,не мислев на тебе ,Рибо :D
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.356
    Јас сум мутирана баракуда со гени од волк, нормално дека не важи :D.

    Пс. Ама монструозно звучи :lol:.

    Нема поемотивен знак од риба, ние сме лудило и врв :D.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.071
    Ауу не, раковиве се бетер од нас да си знаеш. А ние емотивни, емотивни ама кога некој ќе ни пречекори црвена линија нема веќе трпење, експлодираме тогаш а јас ко што сум избувлива и онака, нека се пазат тие што се околу мене. Колам, бесам абе што не правам во такви моменти. :D
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Точно!
    За скорпијата е исто така точно, бидејки веќе ја имам.
    Останатите пријатели секако дека се потребни, барем за мене. Дел веќе ги имам, дел треба да се најдат. :)
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.356
    Ист сум ко тебе за црвените линии :D , со шкорпии неам никаков контакт а со водојлии и јас се слагам ама комплицирани се :D
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Скорпија

    Дали некогаш ќе најдете некој кој ќе ги исполнува вашите стандарди за перфекција? Најверојатно нема, но сепак уживате во друштво исполнето со инвентивни луѓе, како што се ракот и рибите. Со овие емоционално интелигентни влијанија, ја здобивате способноста да се соочите со чувствата и да делувате по нив. Јарецот може да ви помогне да ги искажете тие чувства, додека кај лавот ќе ја почитувате неговата харизма и способноста за лидерство. Кога имате потреба од некој со цврст карактер, кој ќе ве викне да излезете откако ќе заглавите со денови дома, бикот е тука за да настапи. Исто така, ќе забележите дека лавот и водолијата се одлични дипломати во ваша околина, затоа што тие се најкомфорни во обидот да се одржи имиџот на стабилност во друштвото.

    За ракот и рибите се согласувам 100%, со нив секогаш имам интересна тема на муабет, едноставно знаат што да кажат во вистинскиот момент и да дадат совет ако треба... Секако и јас сум тука за нив.
    За јарците незнам баш, никогаш не сум имала некој поблизок пријател од овој знак... Но мислам дека би се солгасувала и со нив, ми делуваат доста интелигентно и прибрано.
    Со лавовите никогаш не сум се согласувала, незнам дали така се погодило, сите што сум ги запознала биле претерано тврдоглави, сакаат се да биде по нивно а тоа неможам да го поднесам.